Сабајле ќе видам кој доктор ќе биде на визита и ќе го прашам што како. Ова на влошка се прска или директ на раната?
Мене ми напомена доктор дека не треба калциум суплемент во бременост оти правел калцификати на постелката Освен ако навистина имаш потреба
Се миев ,тапкав да биде скроз суво и не ми текнува на која оддалеченост требаше да е прскав директно. Буквално после 2 ро прскање седнав.
директно се прска, само од подалеку пошо пече и да биде чисто нормално. и мене од две прскања ми беше многу подобро
И chia да не се јаде ..јас не знаев ..имав доста вода а внимавав со се што јадам ..на крај си се стабилизираше се само по себе ..
На рана директно, 5 дена максимум по три пати на ден можеш, 20 цм одалеченост. Не боли само лади јас ставав на раната тоа и оксикорт 3 дена за да затвори. Оксикорт не се препорачува ако се дои дека е тетрациклин ептен ако има потреба. Пробај со Виоплекс ќе ти помогне. Само менувај редовно улошки и ако можеш кога ќе прснеш поседи да се исуши не ставај одма улошка..
Мир се нема, како си ги смирвате бебушките во меше ? Органите ми ги преврти овие два дена, кога ќе удри мислам матката дека ми ја превртва, ептен е активно навечер овие два дена, како да не му се седи поќе внатре На стомак се гледа акробации кај шо прај, цел стомак ми го врти, ми е шубе дури
И мене ми е така..растат нормално е,ноќна птица ќе ти биде бејби можеби..јас се прашувам тоа..ако се буди вака и моево ќе биде ..
Аиии стварно? Јас па мислев е баш добро чиа и гледам на неколку дена да јадам за појадок па уште се карам себеси оти почесто не си правам, баш вчера си купив конечно млеко од бадеми и си реков ајде деновиве секој ден ќе си правам Треба да се избегне целосно или?
мене ми е убаво кога мрда, пораат сум. првата ќерка не беше волку активно бебе во меше, тогаш седев под стрес, сега со ова бебе сум полабава, ама е многу поактивна
Кај мене девојкава е многу нежна . Постојано си е активна, мрда, клоца, но ударите не се многу силни или не ги чувствувам толку бидејки постелката е на преден ѕид. Навечер никаде ја нема, или можеби во спиењето не чувствувам, штом станам од спиење, галам меше и почнувам да и зборувам , за некоја минута одма се активира и почнува да клоца нежно. Потоа во текот на денот како се движам и таа постојано си мрда, само кога ќе легнам, дури и да преспијам и она се смирува .
Пренаталните витамини редовно ќе ги земаш и плус барем мала доза на д витамин и магнезиум суплементи Калциум имаш во зелка ако можеш да јадеш скоро секој ден убаво е А млечни производи умерено и никако во исто време со суплементи Суплементи за калциум после пораѓај здравје
Девојки кој и да ме види вика нема шанси да си 7ми ич не ти се познава ... Сега се гледам и онака не ми е голем стомакот ама не ми е ни мал. Почнувам да се грижам некако иако бебе е со мерки океј ама ете ми ставија во глава. Кога ќе ми кажат така се смеам викам ај па добро е тоа ама длабоко во себе се нервирам и секирам. Некоја со слично искуство? Помало мешенце?
Ако немаш проблем никаков јади си,јас имам цела бременост киселини и не можам да јадам пецива и такви работи..јадев чија или корнфлекс за појадок на работа, а имав многу плодова вода контролиран гестац дијабет се беше океј и внимавав со храна..на последнава контрола прашав гинеколог ми кажа да не јадам..јас јадев секој 2ден доста често
Извини , а зашто не чиа? Јас си ја заредив секој втор ден со овошје ама не ми текнало да видам дали смее или не
Стварала калцификати во постелката,имав многу вода јас ..не значи дека не смеат сите ако е се во ред..јас за себе кажувам и моево искуство.Не се грижи јади си слободно.
Уф овој коментар го добивам цела бременост и искрено во себе многу се нервирав, ме ставаа во мисли а нив им викав фала на комплиментот. Многу да ти е гајле битно е беба да напредува, па и подобро да имаме помали мешиња
И јас сум со гестациски, мерам шеќер после секое јадење и никад не ми кренала шеќер ама ете за водата што викаш . Глупо прашање сега , пиеш доста вода? Јас сум цело време со шишето во рака и после тоа во вц. Вода имаше таман претходниот пат а шеќерот го контролирам со исхрана
Пијам да,а сакам и кока колче..ама избегавав заради водата газирано,сега пијам дека се стабилизира,со киселини имам мака се имам пробано само сода ме смирува ..купив без алуминиум таква пијам..значи буквално имам од секаква храна..од кафе исто,ми се јаде лебче веќе 35та ќе ситнам ми расте бебево и ми се лоши кога сум гладна.