Добив позитивен тесг, еден од вчера друг сабалкево, планирано ни беше. Извадена сум од памет, многу измешани емоции. Утре ќе се јавам да закажам ехо за една недела ама дали има нешто друго што треба да правам периодов? Само сакам да сум сигурна дека се е добро
Јас јадев чиа секој ден по две големи лажици со млеко, помалце овес. Никогаш не ми спомнале нешто. Се што е умерено е ок другарка моја секој ден цела бременост ја јадеше, истера супер бременост ... И за вода баш прашував ми рече тоа си е друго да се хидрираш , нема врска со плодовата организмот како си е така демек а дека ќе пиеш 5 л вода и дека ќе имаш поише плодова не се занесувај така ми рече докторка Почна да ми објаснува каде оди водата што ја пиеме...
Честитки со лесно Ќе одиш на преглед ќе ти каже др сѐ по ред Би требало мет фолна или некои пренатални витамини да пиеш тоа сите секако пијат а друго ќе те следи матичниот гинеколог и ќе ти каже според твојата состојба
Вака мене сите ми велеа ,освен стомак од позади не се познавало дека воопшто сум бремена а напред стомакот демек мал за да бидам толку безразлика кој месец. Ама вагата вели 20 кг + Не се Замарај ако мерките си се ок со неделите се е супер Нормално е да имаш мешани емоции.. Полека ќе си прифатиш ,немој да се плашиш. Моментално опушти се ,немој прерано на ехо. Уживај сеа симптомите покасно доаѓаат... секоја бременост е различна не споредувај ќе си се водиш по себе си
пијам веќе фемибион. Имам проблеми со панични напади, пијам и асентра. Многу ми е страв да не ми се влоши ситуација од промена на хормони или да не наштетам на плод... наместо да се опуштам имам 1000 мисли во глава. Ќе закажам на психијатар за консултација за дозата
Мене баш ми препорача матичната да земам калциум, поради клексаните се намалувал калциумот. За заштита од остеопороза. Јас примам по 250мг, дека и јогурт пијам секој ден многу. Секој различно кажува да не си на чисто.
Консултирај се со психијатар и види во упатството на лекот што пишува ,те разбирам, диши длабоко пробај да се опуштиш ќе биде во ред се
Немам пиено никогаш терапија, меѓутоа можам од лично искуство да ти кажам дека исто останав бремена во многу тежок психички период, неколку месеци после загуба на бебе во поодмината бременост. Во периодот кога дознав дека сум бремена и периодот пред да дознаам имав панични напади на дневно ниво, екстремна анксиозност, физички симптоми кои ми го отежнуваа секојдневието зошто прв пат во живот се соочував со панични напади во тој момент. Исто, првата помисла ми беше дека бебето чувствува, дека сум лоша мајка и дека ќе завршам во лудница заради дополнителни хормони, па еве моментално терам 38ма недела, не дека нема денови кадешто не се чувствувам анксиозно, има, меѓутоа не како што си замислував. Напротив, многу почесто чувствувам една сила и храброст и спремност за најпрекрасната животна улога. Прв триместер е хаос од хормони и дури и да не си од претходно анксиозна, може да се појави анксиозност и ниту една жена на светов цела бременост не е целосно присебна во однос на психичка состојба, затоа и се вика “друго стање”. Редовна посета на стручно лице, разговори со психолог и ќе биде се во ред. Особено кога ќе почнеш да го чувствуваш, ќе ти ја стопли душата.
Да за калциум сите различно И јас прашав да пијам баш од причините за клексаните ама ми кажаа не Можеби дека кај мене има промени во постелката па да не се оптоварува дополнително не знам
Душичка, со лесно мила ќе биде се во ред ,во право си за сето горенаведено во врска со хормони и промени
Мене во Систина ми го препорачаа Osteocare, откако почнав да имам повеќе болки во нозе и карлица, комбинација е на калциум, магнезиум и витамин Д. Само дозата на магнезиум не е нешто голема па дополнително на тоа, и чист магнезиум пијам.
Девојки јас се породив вчера. Дојде на свет моето девојче Може да ме тргнете од темата "термини на породување ".