Очигледно чека сите да се родат она последна или не знам. Знам дека како поминува времето се понервозна сум. Вчера пак лажни и таман мислев тоа е тоа се истуширав поминаа... Сеа чекам 41 ва недела. Од гз ми иде да си каснам што отворив породилно ама јбг тоа е... Сериозно си мислам шо ми требаше второ дете... Не сум за пишување ќе ги депримирам другиве трудници затоа си ќутам
Ќе излезе и ќе незнаеш главата кај ти е , хаха се зезам ајде диши длабоко јас мислам неделава мора да излезе изгледа и се заарни кај мајка ќе ти биде маза ова дете. И кога ќе дојде на све ќе заборавиш исклучи нервози.
Тоа дека нема да знам главата кај ми е си стои Имам тодлер ,свекрва со реален психички проблем што одбива помош и ќе биде новороденче Проблемот е шо на 8 м ќе треба да се вратам на работа... сите рачунаат имам баба а бабата еее со веројатно деменција според симптомиве И така затоа ми се нервозите. А ме читавте се плашев од предвремено (траумите тоа праат). И отворив породилно...
Ќе отвориш после боледување па одмор нешто и нема да се вратиш на 8м. Ју вил би фајн Сигурна си е кај мама во мешето па искористува прилика до крај, ама кај и да е ќе не частиш мекици
@Трагедијаупмм Ајде женче, издржи уште малкуцка. Јас праев мекици сабајле, ќе стигне мирисот до џенцката и ќе си дојде И дај не мисли за 8 месеци унапред д фак ти е.
@Трагедијаупмм женче не мисли на тие работи сега,кај и да е ептен ситно се брои неможе да седи таму ќе искача Толку си издржала ете сега некој ден остана,за отпосле ќе смислите нешто со сопругот за се има чаре. А навистина е така,сите се плашиме од превремено,се нервираме да издржиме повеќе па на крајот молиме за побрзо
Те разбирам не ми е дома па ми ствара нервози незнам како да ти кажам по телефон се прават нервози. Ама твоето е потешко во секој случај ако ти е дома и стварно е болна. Само ете вчера со една пријателка што исто живее со свекрвата, Ми вика олабави мозок и не се нервирај за да си зачуваш здравје. Ако го изгубиш секој си тера своето и ќе не надживеат. Сега пробај малку барем додека е бебе во стомак да не се нервираш, да помине лесно пораѓајот.
Девојки мои , сабајле станав со испукан стомак30та недела без ни една стрија . Сабајле на неколку места. Искрено малце тешко ми падна ова. Не сум лигава не сакам така да помислите ама доста голема промена на телово ќе ми биде и знам дека ќе остане . Знам дека растам нов живот и многу сум среќна поради тоа ама некако и промена ми е , верувам дека уште повеќе ќе има и ќе се рашират.. Здравје, битно бебка нека расте јас ќе се навикнам
@Трагедијаупмм издржи уште малку срце, кај и да е треба да излезе, не може вечно да е во стомак. И се уарни кај мама дефинитивно Иначе за свекрвата скроз те разбирам и мојата е со деменција и не би се ослонила на неа во никој случај....И јас сум во иста ситуација, ќе нема кој да ми го чува, мајка ми уште оди на работа, уште 5 години има до пензија, свекрва ми деменциозна, а татко ми и свекор ми не верувам дека ќе може соодветно да се грижат за него, без разлика колку да ми викаат уживај ние можеме....Затоа гледам да издржам до крај на работа....Ајде, со лесно и чекаме мекици
Пеперутче јас се породив па од после на градите што да ти кажам од пимпата, сонцето од вергина на сите страни длабоки. Еве сега ставам сона крема, секако не дојам. Да може да се регенрираат малку. Тоа е тешко е да се прифати сеа па после бременост потешко ама сме донеле душа на свет.
На градите ќе ти поминат, нема ни да се познаваат ќе видиш. И јас бев ко сонце што викаш ама после доење што се вика не се ни забележуваа
И мене ептен на крајот на бременоста ми испаднаа стрии. Мислам нервен слом добив кога се видов во огледало. Денот ми се расипа и рикав како дете. Нормално дека ќе ти падне тешко, телото во бременоста ни се менува секој ден. Ама со тек на време ќе се навикнеш на новата ти како личност/мајка на едно мало човече кое ти растело во меше, па нема веќе така со тешко срце да ги гледаш тие линии.
@LiquidLuna overthinker шо да се прај + јас си знам како поминав со првото. @LanaDelR абе првото ми е 37 ма родено и Чаир да се извадат го пишаа предвремено и негде 7 ми месец имав некои болки од тогаш се исплашив и залегнав може и тоа е... споив боледувања одмори се и сеа ми е криво...пошо повеќе ми значи да сум дома со него отколку сега. @Ladyme верувам дека се способни и по телефон да те исклучат... Проблем е што не прифаќа ,не сака на лекар да има терапија мислам друго ќе е. Инаку халуцинира по цели ноќи едно исто :ќерка ми плаче ,ние се караме. И второто е дека комшиите и пуштале музика во 7 сабајле... И ,,губи " работи па кога ќе ги најде ние сме ги скриле. Колку да не сакаш те нервира ,највеќе што и на малава и збори. Ноќеска мајка ти и татко ти кога се караат ти не плачи дојди кај мене Па ќерка ми ја убедува дека не плаче Па збори на золва ми дека јас ја учам да лаже дека не плаче Е сеа моментално е само ова ама кај нив ако стварно е деменција (јас на тоа се сомневам) преку ноќ може да се влоши до степен да не може да стане или да се изгуби да не знае каде е и со кого. А вака однадвор кој ја гледа не верува дека и се случува нешто. @Peperutce6 се мачкаше ли нешто ? @nate_93 со првото така бев до 36 та работев па земав одмор имаше и некој неработен не се сеќавам баш и 37 ма се породив испадна на ден на пораѓај да отворам + од одморот имав уште бидејќи јас го планирав до 40 та одморот да ме покрива. И испадна на 10.5 месеци да се вратам ,друго беше. А и свекрвата немаше вакви епизоди. А мајка ми живее далеку и со првото дојде кога имаше речиси 4 м прв пат да ја види... сеа рачунај.
Душичка,жена може да издржи се ќе видиш Господ на секого му дава предизвици какви што може да издржи..сеа хормони проблеми се измешано и нормално е да си така..само лош период е ..ќе биде добро ништо не е вечно,ќе помине мила супорт од мене
Истото ми се случи во првата бременост, не знам со што не се мачкав и околу 32 недела почна многу да ме чеша стомакот и едно утро што да видам. Скроз те разбирам и знам дека е многу тешко да се прифати. Во денови кога сум ептен депре за стомакот си викам па мајка сум побогу, тоа е најмал проблем и сум бескрајно благодарна што и два пати успеав да истерам здрава бременост и да родам живи и здрави деца. Јас сум и со папочна кила и дијастаз од 4 прсти на ништо не личам во стомакот. Ко квазимодо сум. Ама можам да ти кажам дека избелуваат стриите со сигурност. Сега после вторава бременост пак ми остана многу стомак. Малку нови стрии ама старите си стојат. Имам гледано дека суво четкање помага и серум со хијалурон. Планирам да пробам после 40 дена.
Женче не се нервирај сега пред крај, кога ќе биде тогаш, знам како е со човек со деменција, дедо ми имаше и тоа доста нагло се појавија симптоми и брзо се разви. А бабата на маж ми до нас живее е со алцхајмер. Ептен е тешко со такви дијагнози, кога не се свесни што прават и зборат, ама нема да смениш ништо. Сама знаеш стресот и нервозите колку негативно влијаат. Исклучи се околу тебе. Фокусирај се на пораѓањето што е пред тебе и на детето. Тоа ти е најбитно. Не зборам на памет и јас слично живеам. Ќе биде се. Те чекаме за мекици
Bajbi..cestitki...za kerka. Ziva I zdrava......se porodiv I jas.....se naviknuvame so moeto devojce...pocnuvame so nivi slatki.maki....so lesno na site