Неколку пати имам пишано, потполно те разбирам, и јас го имам тој проблем со вторава бременост. После второто слошување се преплашив и ми беше страв да одам сама, но морав да продолжам. Се уште ми се случува да почуствувам јака слабост која знам дека води до онесвестување, но веќе сум спремна-вода пијам веднаш, каснувам благо и седнувам најблиску што можам се дури не се почуствувам способно.
Ради ова почнав да си носам вода и нешто благо со мене секогаш кога ќе искочам од дома. Во првата бременост бев прво тромесечје точно цело лето ама си седев по дома тек навечер искачав, а сега баш во најжешкото идам по ќере да ја земам од градинка и без вода и чоколатце врата не отварам, без разлика што ми е на 10 мин градинката
Ја почнувам од утре 16та недела, вчера бев малку поактивна и чуствувам притисок доле ниско . Дали е нормално да се чуствува таков притисок , денес а застанам на нозе или малку пешачам чуствувам притисок и болка во половината? Дали и вие чуствувате промени кога влагате во следна недела ?
Јас не осекам притисок ама ме боли доле во пределот кај јајниците,од едната до другата страна и како станувам така ме сече доле. Не знам дали е нормално не сум прашала доктор. Баш неделава сум на контрола ќе прашам
Зборуваш притисок на стомакот доле? Јас од утре 18та, овие неколку дена како шти викаш а застанам на нозе или пешачам повеќе имаме притисок доле на срамната коска ама баш непријатно на контрола сум утре па да видам што вика за тоа, пред 4 недели ми кажа дека ми е ниско ама дека е нормално и ќе се качува, не знам дали е од тоа..
ајде ајде, се ќе биде во ред. и се уарни на нејзе во меше. за породилното знам дека значи секој ден дома плус и ја отворив од ден пораѓај и пак малце ми беше кога требаше на неполни 9 месеци во градинка да ја пуштам, ама еве ја, од оваа гледна точка не се каам воопшто, здравје боже и второто на неполни 9 ќе го пуштам пак, немам баби за чување деца и да ти кажам поубаво ми е. вие ако можете да си се тргнете од таму најубаво, ама ајде тоа во друга тема, чекаме мекици сега @Bum честитки, да е жива и здрава
Верувам дека ви е поубаво ,мене никој не ме разбира... сите ми викаат имаш помош а каква помош... Мекици нема ни денес На ќерка ми цело време и велев на лето ќе се роди бебето и вчера ми вика мама кога ќе биде лето,јас скроз заборавив не ми текна за што прашува. Викам па еве лето е. Па ајде оди роди го бебето што чекаш
Лелее со две раце потпишувам ова, сами сме и полесно и по раат ми е, сега свекрвата влегува во пензија па као демек ќе идела почесто за чување, уживај викам шетај си со пензионерки ние млади сме можеме. Дојде 2 недели ко не можев од кревет да станам, броев денови кога ќе си замине а ја ставам во категорија на разбрана и разумна жена, ама ете си го немав тој комфорт на кој сум си навикната. @Трагедијаупмм и ќерка ми секој ден ме прашува кога ќе одам во болница да го земам бебето, вчера ми вика па уште колку да расте види колкав ти е стомакот ќе ти пукне @Bum честитки мама, да е жива и здрава
Колку ми фали темава. Дојдов само да си пишам, ме фати ептен носталгија после една година. Поздрав идни мајки, уживајте во трудничките денови.