И јас сум вака и паника ме фаќа..катастрофа.Ми се врти во главата се зашеметувам.Не ми беше вака може од топлово е и многу поемотивна сум ми се плаче како депре да ме мава.
Топлово само ја влошува работата но сигурна сум дека не е само до тоа. Не паничи, најди кај да седнеш одма. Без благо и вода не оди никаде. А за лошо расположение ехеее, подобро уста да не отворам, тука не сум се жалела. Но, и јас сум во паники и стравови цело време конкретно за една блиска личност и не се издржува...само го молам Бог грижите да ми се неоправдани. Психологот ми вели дека за жал во бременост анксиозноста е нормално да се засили поради хормоните.
Притисок како во вагиналниот отвор или матката , не знам ни точно каде да ја лоцирам. Некако како притисокот доле го осекам. Валда е нормално На 18ти сум на контрола едвај чекам
И мене ми беше скроз исто вака во 16та недела и пишав на матичната ме викна ме прегледа и ми зема брисеви за секој случај, се беше чисто и нормално, за болките ми даде ферона да пијам и ми се смирија.
Читам назад сте збореле за калциум. И сега ми текна претходната бременост во трето тромесечие примав некои таблети се џвакање со калциум. Дека сум со клексани 9 месеци тоа дополнително допринесувало да треба да се внесува калциум. Овој пат никој доктор не ми препорачал а ме гледале над 10 доктори сигурно зошто сум ризична На целата мака и сите тие терапии , витамини, хормони и антибиотици на ова скрос изумив. Дали некоја знае кои беа тие апчиња ако не да си земам на своја рака? зошто пред 2,3 недели ми се скрши заб 5ка здрав беше
Магнезиум појачај. Јас сум пиела по 2 магнезиум директ на ден кога сум имала болки и обично е секогаш полесно
Девојки, дали е нормално да сум толку гладна цело време. Значи буквално ако продолжам вака ќе се направам мече, јас, што пред бременост не јадев подоцна од 18часот, јас што пред бременост бев 49кг, сега во 10та недела сум веќе 53 што да правам хеееллпп