Честитки Мами, животот розев да ви биде @Трагедијаупмм дојдов да видам до каде си, мислам дека денес ти е денот 17.06
Мајки 16та недела сум и веќе неможам да се боцкам во меше... Каде можам дс продолжам? Или може погоре некаде подолу да не е стриктно два прсти под папок...
Можеш во слабина на страна во таа една линија, види на сликата во упатството, јас до 32 боцкав така. И во рака во висина на бицепсот. Ова ми се насоки од др Јани
Јас добив инструкции за поткожно во рака ама некој друг мора да те боцка сама е потешко со една рака.
Женички како ми се иде на одмор Само си гледам слики од стари одмори и си замислувам море плажаааа коктелчиња уф. Нема шанси сега да идам уште малку 8ми месец ама ме фаќа носталгија ептен . Му викам на мм од сега во декември ќе спиеме посебно јас и ти , да не биде второ августско бебе и пак цело лето трудна
Дали магнезиум може да прави проблем со столица, да тера за почесто по голема и потечно? Го сменив дека ќесичките ми правеа киселини ама ова бетер
Мамааа држи се јако ајде нема каде да оди искача денес итре задутре те мислам и те чекам Честитки Бум
Девојки правев крвна слика и ддимерите се малку покачени (реф. вредмости <0.5 мене ми се <0.83) како и хормон FT4 (тироидна) ми е намален ( реф. вредности 10.29 -21.88 мене ми е 8.47) Некој имала вака, искуство? Неделава сум на конторла ќе видиме што ќе каже чичко доктор. Иначе од утре сум 17та недела
Ддимерите во бременост се качуваат. Сега зависи колку се, секој триместар има свои граници. За тироидна ендокринолог да се консултираш.
Овој на Синерџи, значи по неколку пати ме тера морам да го сменам., пробај го Мене па тој директ не ми правеше дијареа ама па киселини имав..
И мене ми се иде , на сите очигледно. Кој си има нормална бременост може.и да шетне некој ден до грчка, еве кај е 3 саати пат. Сега ептен да не си 9ти месец. Да беше све ок јас би отишла. Ама јас сум на лежење дома Ма да ми лета паметот да влезам здравје боже во 34та недела па да го терам сопругот макар на викенд. Ама он се плаши повише од мене , нема да ми се нафати Малава секој ден ми бара море, жал ми е за детево. Јас само гледам некои купачи, реквизити за на плажа.. плакнам очи Ама ајде тмн бебињата што ќе се родат летово ќе бидат пркнати догодина и тмн ќе се за на одмор, па ќе уживаме сите заедно Од утре сум 29та недела. Следна цел ми е 32ра. Некако осеќам ми се смирија болки се надевам стабилна е ситуацијата, се опуштив малку.. Нека ни е со лесно на сите
Ќе биде се доброСекоја недела е плус. Јас сум 30та недела , на преглед сум дури на 2ри и ако одобри матичната ќе тркнеме на викенд во Грција да си исплакнам очиња и да си испијам нешто ладно на плажа. Иста сум , по цел ден седам и си отварам плажи, купаќи дури почнав да си гледам долен веш и алишта за после пораѓај Ако ти одобри матичната тркни ,таман и ќере ќе се израдува. Јас не знам дали би се бањала, не верувам ама барем да сменам дестинација спална и дневна
Ако немаш некаков проблем, и тоа како би ти годело да се разладиш, да влегуваш во вода, да пливаш (ова со дозвола од доктор нели). Само што се вратив од одмор, 28 недела, секој ден влегував во вода, само последниот ден малку се исфорсирав со пливање па се чуствував доста изморено во нозете и мала тапа болка долу во стомакот, но виновна сум што се немав напиено магнезиум.