Честитки мами. А сега баш коментирам со колешка, дека денес на инста само сториња за честитки за бебиња гледам. Кога отварам Фемина и тука сте се испородиле.
Го видов коментарот јас пред да дојдам и сакав да кажам ама пошо решена бев ова идење на никој да не кажувам си покутев. Инаку да го погоди и за тебе е првата мекица хаха Фала ви на сите за честитките ,ви посакувам брзи и лесни пораѓаи како овој. Со епизиотомија сум пак ама дека им беше страв да не пукне старата.. Природни болки ,природен пораѓај. Само дишете полека и не паничете е мојот совет. Подетално во породилни ќе пишам малку да се средам прво. Лошо ми е ставено тоа за инфузии не можам убаво да виткам рака затоа ме нема. Инаку од бокс ве известував
Еве не денес нас супер сме 16та недела Некоја искусна трудница да ми каже оние бодежи или незнам како да ги објаснам дали се за загрижување... Се моли @bokace1 да ни даде инфо како е?
Фала ти на помисла Добра сум, лежам гледам во таван па во телефон Вчера докторката пред да ми измери грло, кажа нормално е да боли се шири матка бебе расте , кожа се тегне . Провери си да не имаш песок во бубрези
Јас денес пак на преглед во Чаир, бебуш напреднал со стомачето, ама пак сме назад три недели. Но, најважно е дека си напредува со тежина. Илиевски ме гледаше па ја викна да ме види и Шпишиќ. Овој пат барем ми објаснија дека се е океј и штом има напредок не е страшно. Конституција е всушност во прашање.... Илиевски ми препиша Клексан 14 дена по еден. Така да се надевам ќе пркне ѕверчево повеќе сега. Душава ми дојде на место после прегледов. Денес и прво ЦТГ, ЦТГ беше мирно и од сега секоја недела на преглед до пораѓај
Немам песок проверено. Не е болка знаете како да ти се тркала нешто низ стомак ама онака само кратко трае еднаш лево еднаш десно.. Во неделата на левата страна некоја вибрација убава имав и сега само таква чекам затоа прашав за ова вака како боцкање како мали бодежи...
Здраво девојки, кога отидовте во болница откако добивте болки јас од сабајле имам болки не беа редовни,но сега од 2 саатот почнаа на секој од 5до 10 минути да имам болки кои траат 40-50 секунди незнам дали да звонам или да почекам уште малце, половината ме ужасно боле и чепот ми испадна