Со лесно мајка ќе помине јас би одела во болница нечекај... Ајде па да пишиш дека бебе стигна во прегратки
На 7 минути ми беа болките кога тргнав, по пат се намали интервалот на 6. По 1 час стигнав во болница, 6 прсти отворена. Јас би тргнала на твое место, слушни се со докторот што ќе те пораѓа ако имаш договорено.
Дали денеска сте како замавани од време т.е невремево. Некако мн грдо се чувствувам дури како вознемирено, мала главоболка, притисок ми е таман но пулсов некако како зголемен. Се напив б6 и после парацетамол еден ако не ми помине главоболката викам ова или од времето или денес првпат пиев нес кафе после 8 месеци
Мене ми е ужас секој ден кога е вака топло. Како зашаметена сум Надвор не излегувам додека не дојде 7 саат не можам . Од кафето не знам дали може да е , ама времето е дефинитивно зезнато, па уште кога почна да истура, циркузи
Женски приметив омегата од премама дуо ми потемнеа капсулите, дали од топлово...да ги фрлам или кај сите е така?
Бокаче а кога те прочитав дека прашуваш за притисокот, сакав да ти пишам, несакав да ти правам стресови... така некако почна и кај мене чудно со некоја струја па притисок па го снема и почна да се крати грлото од 16та натака. Мирувај и ќе биде добро, важно го виде на време и ќе делуваш
Фала ти, некако чуден беше и тој притисок и таа болка , чекаме уште резултати од брисеви и уринокултура тука па празник некој Вторник или Среда ќе ми прават серклаж . Лежам станувам до вц само и за јадење, креветот е малку кренат за да немало притисок .
@bokace1 биди добра, штом си хоспитализирана ќе те средат. И супер што си отишла на време. Како што се сеќавам сум те читала не си во мк и тоа е супер. Мене овде со 1.цм грло одвај ме примија на ГАК со 2.8 не ми ни кажаа дека е толку ризично, демек под 2.5 било по ризик и никој не се нафаќа за серклаж. А кога се доскрати скрос више беше касно. Инаку одмарај лежи си, сигурно ти ставаа магнезиум инфузии. Мене само од тие ми се покачи грлото.. Ќе биде се во ред.. Мене од 21 ми се скрати,во 24та бев хоспитализирана 5 дена .. еве ме терам 29та недела..
Поискусни мамички едно прашање за вас. Која е разликата измеѓу лажни и вистински контракции? Претпоставувам вистинските се јаки болки и на интервали. Кога читам искуства викаат ќе знаете кога се вистинските , ама ние што си имаме болки редовно како ќе знаеме
Истото прашање ме мачеше кога бев бремена и нормално е кај секоја трудница тоа. Мила, не знам како да ти објаснам, ама верувај ќе знаеш кога ќе се контракции. Лажните и вистинските немаат допирна точка. Вистинските се на интервали, боли, па пушта. После неколку минути пак. Сѐ така додека не се породиш.
Имав лажни од кај 17 18 недела па еве ќе ти кажам искуство...стомакот се здрвува неколку секунди на една страна и се опушта, а за вистинските нема шанси да ги утнеш, си болат бајаги. Ја сама се отворив од 2 прста до 7 прста, без провокации, контракциите се пречести и има разлика од лажни и вистински. Ќе ги познаеш верувај.
Да во Хрватска сум, и преблагодарна сум на целиот медицински тим што одма и тие реагираат. Примив спазмекс и како што кажа сестрата некој лекич плус . Тука многу пазат на трудниците, јас кога дојдов и нагласив на докторката имам едно изгубено од незнаење и болка и сега на секоја болка одма доаѓам тука. Докторката првично кажа не е до тој степен страшно но одма ќе ти направам прием затоа што си преплашена. Дојдов како сезонски работник тука и морав да направам санитарна книшка, а тогаш имав само позитивен тест и мораше да правиме Ренген на бели дробови, и кажав на докторката дека имам позитивен тест и не дозволи да ме снимаат и исто она нагласи ние тука ги штитиме трудниците и да не се секираш за ништо отвори боледување не смеат да те избркаат. За грлото уште двајца доктори ме гледаа од како сум примена, мажот кажа не е страшно ,а жената кажа 4та бременост и е , и мораме бебево да го спасиме и ќе ставиме шаф . Преблагодарна сум и до небо