Cestitki do site ...da se zivi I zdravi bebinjata I blagosloveni....se rikluciv same da cestitam do site majki herojki...jas kako taze gledam da pofatam red....nemozam ni do telef da fatam......uabva vecer devojki so lesno na ostanatite....I se citame vo dr grupi
Хеј девојки, онака рандом прашање, што најмногу ви бара телото во бременоста? Некој craving посебен? Мене првата бременост портокал, смрзнати кисели вишни, многу кисели работи, макарони со сирење, домат леб и сирњње и бисквити со млеко. Сега краставица со сол или зелка многу често и кајсии периодов. Пица исто јадам почесто од порано така одеднаш ќе ме мавне.
Мене периодично ме фаќаше форес за одредени работи, на почеток домати, па јагоди, па едно време хот дог од глава не можев да го извадам, и на крај за СЕ Надвор од контрола сум со јадењето ама во глобала здрава храна повеќе конзумирам, ама мешам солено, благо, кисело ...
Како мене да ме опиша (освен макароните и бисквитите) Дури беше поладно цело време сакав портокал и банана од овошје А за салата кисели краставички и цвекло во тегла Сега цело време мислам на праски и кајсии особено кајсии А сега секој ден јадам краставица ама буквално секој ден И досега не јадев млечни производи Сега со краставица козјо кисело млеко и козјо сирење со домати последниве денови, мислам дека само тоа ми се јаде зелка краставица и домат И исто на два три пати ме фати желба за пица ама морав да јадам дента, сега овај месец не ми се случи пак тоа
Сладоледддд. Уште да не беше гестацискиов Инаку сега моментално диња. Секој ден по 150 денари јахаха како зависник сум
Мене оваа бременост, па и претходната додуша, ништо не ми се става во уста, ама во оваа е екстремно. Тоа е чудо и почнува да ме полудува, едвај чекам да се породам и да си изедам нешто со сласт. Ни благо, ни солено, ни овошје, ни зеленчук, ништо, ништо не ми се става во уста. Јадам затоа што морам, по 10 пати размислувам пред да јадам дали баш тоа да го јадам. Можам комотно со еден оброк, а мислам и без оброк да го изгурам денот. Има ли некоја друга како мене вака?
Леле да сладолед... Ама дека не смеам, со гес дијабет, ништо сум го потиснала од мислите А диња мислев дека е премногу блага и исто не смеам Ама штом смее ќе земам некој ден
Па не знам дали смее блага е ама што да правам не можам од све да се откажам И сладолед од ванила си каснувам понекогаш, се умерено. Си бара душичкава , ја и ти исти маки имаме
Па може по малку и после тоа пешки еден круг околу згради Имам пробано со пешачење 10мин шеќерот 5.7-6.5 без пешачење истото го јадев 7.5
Да многу значи малце ако се раздвижиш. Туку , мене ми се врати утринското повраќање исто ко да сум 3 месец повторно. Си доручкувам нормално , ниту ми пречи мирисот ниту ништо , и од еднаш од тој еден залак лом и морам да повратам.. Зошто е ова не знам ама ме нервира страв ми е да доручкувам јадам на два пати
Јас како утега за сладолед си ставам замрзнато овошје малина боровница ги гмечам и ставам грчки јогурт грекос...не е исто ама ајде со шеќерот сум и јас морам да пазам Кога не ме мрзи знам и сладолед да си направам од дозволени состојки во силиконски калапи
Мама имаш на кри кри сладолед со 0% шеќер Јас во првата бременост бев на граница за гест.диј и си јадев од тој сладолед
И јас тоа го правам ама не погодува така ко сладоледот хахах. Не е лошо ама ете. И јас сакав да нарачам од тему силиконски калап ама додека стигне и се предомислив , каде има по Скопјево , во Цамбо?
Тој е со аспартам ...нема шеќер ама ова бетер... со стевиа е подобро или еритритол ама таков не знам дали има кај нас...
Околу сладоледите со 0% шекер, читајте декларација да не имаат Аспартан . Штетен е и не се препорачува во бременост.
Девојки Два дена не сум како треба и се препишувам на времето. И сега мерам температура 37,5. Се напив парацетамол. И чаеви пијам, се плашам да не е корона.... Ако не ми се стабилизира темп утре ке се јавам на матичниот за совет. Иначе 32 недела сум и прегеска си бев на преглед во Ремедика. Ми кажа дека е се ок... т.е дека плодот е за 35 недела и дека тоа било ок. Има некоја да има фатено корона во бременост? Може не е корона ама дека се ме боли на тоа ми личи што немора да значи ...
Во претходната бременост секој ден по една тегла маслинки на подравка без семка, чипс, гумени бонбони харибо оние како јаготки и пршут јадев ко луда. Затоа завршив со висок притисок Оваа сега настрвена сум на зелени пиперки и сирење и марула салата. Секој ден еден оброк (или доручек или вечера) ми се пиперкиве а марулава или за со ручек или меѓу оброк. Повеќе сум за солено ама морам да избегнувам колку можам
Машки се? Викаат со машки повеќе солено со женски повеќе благо се јаде или нема врска? На почеток чварки мн сакав само тоа ми се јадеше