Првото ми е женско а сеа е машко. И јас така знам дека за женско повеќе се јадело благо а за машко солено
После првиот пораѓај многу се плапам сега со второво.. 20 и нешто саати имав болки не се отварав цело време 4цм и на секоја контракција во вц ме исцеди пролив.. Од тоа многу дехидрирав и после пораѓајот многу ми беше лошо ми дадоа антибиотик и уште толку ме протера пролив. Дехидрирана ги молев за инфузија не ставаа не доаѓаа ни да ме видат после 2 дена не пуштија дома со бебето едвај стигнавме до дома се стискав од петни жили да не се онесвестам да не ме вратат во болница викнавме другарка и дојде да ми става имфузии после 3 дена од примање инфузија тогаш се оправив....
Не мора да значи, јас машко носам, претходно благо нејќев в уста да ставам, сега ми иди една пиксна сладолед да изедам До организмот е, хормони и слични ствари, само да не се претера
Blago, soleno masko ili zensko nema vrska nikakva jas so masko pa osobeno poslednata nedela kutija sladoled maf pravev.
Девојки ај да ве прашам и се случило на некоја да ослабе во трет триместар? Не повраќам, се исто до сега, а се мерам 2 кила сум послаба.
Да да тоа нема врска храната. Останале такви бабини деветини. Ја и онака во слободно време кога не сум трудна повеќе си сакам солено него благо
Мене во првата бременост, исто не повраќав, ама немав нешто апетит. И во оваа на последното мерење кај докторот во размак од еден месец бев ослабната. Ако бебе си расте, немаш простор за грижа.
И јас бев исти пример, до 6ти месец качив 6-7 кг и после стоев … на крај на 8ми исто ослабев кило две. На пороѓај отидов со 73, 2дена откако си дојдов дома од болница се мерев 65кг. Бебето ми се роди со убава родилна тежина 3.500гр Вчера беше една недела откако ја имам ќерка ми на огледало прв пат стигнав да се видам во профил… мешето скоро и да ми е вратено како пред да останам бремена
дали имате/имавте отоци по раце, нозе? јас сум 33 недела некако денес се приметувам на десната рака дланката отечена исто болки и во левата мислам дека ме боли секој зглоб, а за нозете да не зборувам само болки гледам да ги поткревам на високо кога седам, пијам вода, прашав може ладни облози со ациди борици, движам чат пат но ако имате некој друг совет слободно споделете... страв ми е сега на крајот да не отечам како жаба
Да, затоа ме чуди мене. Апетитот не ми е намален. Исто јадам, немам мачнини а сум ослабела. Ми е чудно, ќе прашам и на контрола во понеделник. Бебе последно беше една недела понапред нема проблем. Јас бев слична килажа со првото 71 на пораѓај, со 56 се вратив дома. Ама качував цела бременост, 15 кила качив, немав спуштено ниеднаш. Сега па 5 кила качив само и гледам 2 сум спуштила а 30та недела сум. Се замислив, ама ќе си прашам понеделник да не се мислам. Чим нема кај вас две нешто, ваљда и тоа е океј кај мене Фала ви
јас сум скоро 39та и 3цм ми е грло, ми рече докторот кога ќе фатат вистински контракции може и за еден саат скроз да се скрати, да не се грижам, нема правила
Со претходната бременост така од 33/34та недела отеков ама само во нозе, од колено надоле. Бев како Шрек. Немав глуждови, кога ќе притиснев на ногата на рисот ми остануваше дупка од прстот. Мери притисок, пиј вода колку можеш повеќе и избегнувај солено. Тоа ми беше даден совет од доктор
Леле ова со чваркиве е too real, живеев за чварки еден период општо солено ептен сакав, до последниот месец, последниот месец сакав све машко бебе инаку
Јас имав некаде 19-20 недела, па се повлекоа. Од утре сум 32 недела, како фати топлово стапалата и кај глуждовите многу ми се отечени и болат нозете, листовите. На работа поголемиот дел од времето сум во седечка положба, а неможам да го кревам и тоа си има влијание. Дома кога сум ги кревам, гледам колку можам да одмарам. Внесувај вода, магнезиум, масажа со гел магнезиум и кревај ги на високо.
Може паничам многу и многу внимание посветувам на секој 'чуден' симптом, ама сакам да прашам за искуство. Пред 10тина дена прв пат осетив болка од десна страна ниско во препон, вечерта пред спиење. Следниот ден немав ништо. По 2-3 дена, од левата страна доста поинтензивно и подолго ме држеше, вечерта бев готова да отидам на доктор, ама кога лежев и мирував ми се смируваше и си реков ај да преспијам па ако утре ме боли пак ќе одам. Другиот ден немав ништо. Вчера и денес при движење (одење до маркет, 5-10 минути движење, а сега и движење низ дома) ја осеќам таа иста болка ниско во препон, ко да ме сече нешто. Кога лежам сум океј, само при движење. Нормално е, ви се случило и вам? Може да е од ширење на матката? Или за секој случај да си се пазам и да лежам повеќе деновиве до прегледот... За некој ден сум на преглед и се трудам да не паничам, ама... И да спомнам дека не земам магнезиум, ми нема досега дадено докторов, ќе прашам и тоа на следен преглед.