Ме праша каде сакам да се пораѓам дали на приватно или државно,му кажав дека одлучив за државно и ми рече треба упат да ти дадеме за да продолжиш понатаму со прегледи,цтг и договор со доктор што ќе те пораѓа ако сакаш пред пораѓај да те води со прегледите.
Поискусни мајки, како се снаоѓате со притисоци од дома од свекрви и остали напор роднини ? Живеам во заедница ама не за долго, мажот ми е Германија, јас после пороѓај заминувам со бебуш кај него, ама дотогаш ќе мора да живеам со неговите. Е сега од сега жената ме напнува од муабети од типот, капче после капење мора оти ќе настини, шпикозни долги ...а бебе Август ќе се роди, мајко света. Сега дури не бев дома фатила од ќерка и ги испрала сите алишта ги испеглала, а до пороѓај уште еден месец минимум,ги испрала со прашаци со омекнувачи со триста хемикалии ниту да ме праша ниту ништо ... Ми дава перниче ми вика ова анатомско за главчето, и викам перниче нема да користам првично, ама анатомско било ќерка и на бебето до 4 месеци и го клавала, а бебето во главата сплескано назад, готова бев да и речам да зато детенцето сплескано оти мн убо перничето. Јас разбирам да ми дај совет ама мое е дали ќе го прифатам и не треб приговори и напнување едно па исто, не зборот треба да е не и готово. Од сега ме фаќа нерва дека ќе ми се плетка и ќе се полнам со нервози, ќе се претерват низ дома ко ќе се роди сто луѓе, истото и на ќерка му и го правеше иако не живееа во иста куќа. Не знам шо да се прај
Taka sto ako ne mozes direktno ti ke kazes na maz ti da i kaze. Se lutele ne se lutele mirot nema cena.
Му кажав, да не ме сфати погрешно да си зборни со неговите дека секој совет е добредојден ама не мора да ме напнува и притисок. Ако не се разбира на цел трошок ќе прежалам и ќе одам под кирија неколку месеци, мирот нема цена баш како шо викаш
Да не ќутиш! Зошто да си се нервираш ти, нека се нервира таа. Во ред е совет, но инсистирање никако. Прво ќе пробаш преку сопругот, ако не сака тој, тогаш ти ќе и речиш и не само неа, на сите.
Девојќи Ај препорачајте од каде сте купиле постелнина за бебешко креветче без огради за машко дете? За девојчиња некако повеќе избор има.... и каде можам да најдам перничка декоратовна во форма на облаче или звездичка , по можност памучни?
јас си порачав да ми сошијат по мерка дезенот ми прати слики и си одбрав, чаршав со ластик , навлака за перница и јорган 1200 ден,а чаршав со ластик и навлака за перниче 560 ден. Жената има преубави материјали и се шие, додека за декоративна перница како што бараш во форма на ѕвезда или облаче гледав кај fancy_babymk на инста. Друго да прашам кога почнавте со перење и на колку степени ? се мислев помеѓу фрош, бекутан и персил и на крај се одлучив за персилот некако најубаво ми мирисаше. друго за флеки кога ќе ми треба што користите за отстранување?
Ништо купи прашок бебешки и земи стави да переш, ако те праша речи и чим не си ме прашала пред да правиш нешто по 3 пати ќе ги правиме работите. Објасни и дека од тие. хемикалии може да се иритира кожата на бебето дури рани да се направат. И да ќе се спасиш кога ќе заминеш. Пробај да издржиш, ќе летне времето. Јас издржив во болница знаеш, само мислев на ова време сега. Ти мисли на тоа време. Најважно е бебето, да поминеш смирено и добро да се олесниш после све ќе средиш. Вчера бев на гости и свекор ми вика, дека бебево мое почна да плаче, свекрвами го рани, тоа засркни се таа го фрла на рамо па пак спушти го.. му дава со цуцлата ова се врти, бега сака да земе ваздух она стиска иде по него со цуцлата и викам малку пауза, мала е се заморува и почна да плаче она и свекорми вика лошо е како мајкаму. И ги гледам... и ништо си продолжив даље. Прост народ немам време и живци во животов више да се оправам. Само му реков на мм после, ќутиш, незнам зошто си зел лоша жена и сега да имаш лоша ќерка. Зошто лоша, затоа што не е по нивно. Уживај во бременоста и на игнор, најмногу боли.
Ме потсети на проблемот што го имав дека нас ништо не ни треба алишта и креветче сме имале од золва ми, нели за да не трошиме пари а золва ми со две машки јас со девојче. На крај кутенката ние си купивме креветче и количка какви што сакав јас како и алишта, а на гости кога бевме кај нив ме седнаа и ме убедуваа што да земам искрено некои од алиштата може некад и да ми се најдат не викам не а додека исто на репертоарот имаше бодиња со флеки, ставено во ќеса со знак прашалник за употреба.Исто и мм работи странство и не се знае кога ќе се врати па ќе мора да ми помага свекрва ми на почетокот да напоменам плус и со големо куче сум. Добив само изјава и тоа од свекор ми како ќе сум издржела 40 дена без да испаѓам надвор, само реков фино лепо блиску до нашата зграда има паркче па на сабајле и поручек како ќе можам ќе бидеме таму и дека не верувам во бабини деветини. Знам дека кога ќе се породам здравје ќе биде орлама дома но верувам дека мм и телефонски ќе може да го среди оти он ќе спука и после мамара се сите комплет оти ќе знаат без да се најават да ми се плеснат со деца болни од доктор, од пазар и сл. Јас мислам дека треба кога нешто не ти одговара да сечеме во корен оти утре со бебе се знае кој ќе биде на прво место, додека се фати ред и слично ќе биде тешко но ќе не биде како сите други.
Ако ме верваш едвај чекам да заминам таму. Знам дека ќе ми биди тешко на почеток, дека ќе ми паѓаат очи за спиење и ќе си карам во себе зошто се одлучив на таков голем чекор ама подобро да се нервирам оти пајнците не ми се миени отколку суфлери секој ден. За спиење дали со помош или не се знае со бебе колку ќе се спие. Само се молам Бога да е се како досега, да се роди прво здрав и прав оти ептен се изнамачив за до тука да стигнам, плус цела бременост сум сама, имам голема поддршка од мажот ми ако е странство, ќе се преброди и ова. На толку мачење некој да ми изиграва да ми кажува како да го гледам нем ада дозволам. Јас си знам низ шо поминав за да ја истерам цела бременост како што треба.
Мене термин ми е крај на ноември и планирам да почнам со перење почеток на октомври. Ја сега користам ариел бејби сензитив па со тој ќе си перам и понатаму, ќе ставам се на 90С, а за флеки ова највише ми се покажа како ефикасно