Точно денот ко требаше да добијам го правев, првично беше бледа, ама после баш се вцрви линијата. Сега е пребледа. А горе има пластика над линиите, и да се излие со смола ко што вели @jagoda777 нема да има ефект. Значи било кој трик во случајов нема да помогне.
Мене еден тест што ми покажа баш позитивен, сега дури и ја нема цртата . Позитивни остануваат тие над 5 недела што се.
Моите 3 од пред 5 години уште стојат линиите, се гледаат убаво не исчезнуваат на втор и трет ден каснење ги правев
И мене исто од пред 5год тестот уште стои онака убава црвена линија, правен на еден ден каснење, а купен 1.50€
Добро дали имате проблем со запек? Значи можам да не отидам по 2-3 дена и тогаш кога идам едвај едвај. Јадам течна храма ама џабе.
А инаку што пиша погоре членката, ме интересира баш ваше мислење и искуства. Зарем и во приватните болници каде што плаќаш две илјади евра за пораѓај и уште илјада за прегледи се учат докторите на поклони?? Ние ја разгледуваме како опција здравје Боже ремедика ама не ми текнало нешто такво….благо нешто да однесеш ајде де
имаше баш на страната на Ремедика пост за тврда столица. Читни го ако има нешто плус што не знаеш може ќе ти помогне
Девојки 32 недела сум, почна да ме боли половината, едвај се движам, едвај станувам, мешето расте, имам покачено на килажа, само во меше растам. Само да си се пожалам .
Верувам дека тоа е само добра воља на родителите. Секој си има свој начин да покаже благодарност и не е обрска туку едноставно желба. Иако не планирам да се пораѓам во приватна , не го гледам тоа како учење на докторите како поклони, туку како искрена благодарност за некој кој се грижел за мене. Посебно доколку е тоа некој што покажал особена грижа и внимание за мене и мојата ситуација, бидејќи сум одела и кај доктори расплакана и мува не ги полазило. Убаво е да се знае дека уште има човечни доктори.
Исто ми е на мене , тука некаде сме една недела понапред си. Како трупче сум , додека станам ехее. Понекогаш имам тапи болки во половината и мешко од еднаш порасна, а да не зборам за тоа колку брзо се изморувам
исто се бркаме за некоја недела, болки во секое можно ковче еве ме со облоги ациди борици на нозете. Движење имам како пингвин ама најтешко е вртењето лево десно во кревет и таман ќе си најдеш позиција за спиење ти се моча и така едно 3-4 пати во текот на ноќта додека сите спијат
Се движам бавно како мравка. Мината недела сеуште можев да се наведнувам, оваа недела и тоа не можам, едвај низ дома можам нешто да сработам, а 9ти месец кај е , паника ме фаќа.