без паникии се ќе биде во ред, туку речи до пред некое време без проблем можев да се лакирам и да си ги средувам ноктите на нозете , сега како ќе ме биде којзнае да не им се појавам на пораѓај во систина со орлови канџи
Исто, нозете отечени, листовите болат, грчеви, тешко се вртам во кревет, склет ме фаќа, жештини, се ме боцка.
Скроз нема потреба од вакви коментари, не мораш да однесеш ни приватно ни државно, 90% и од луѓето што носат на државно носат зошто мислат дека ќе добијат подобар третман, не дека некој им побарал нешто. Тие што си се подмитливи секако си бараат отворено одредена сума, нема да ги залажеш со атлантис и балантајнс. Мене ми е мерак кога некој ќе ми направи убаво да се чувствувам да го почестам нешто. И пријателка да е, ако направи некој гест што ми значи, кога ќе излеземе јас ќе почастам. Исто и со доктори, ако сметам дека некој направил многу повеќе од тоа за што е платен, не гледам ништо лошо да изразам благодарност со некаков вид подарок. Секако не станува збор за поклон од илјадници евра, туку нешто симболично во знак на благодарност. Да не заборавиме дека парите ги плаќаме на болницата, тие се само вработени за плата. Периодов додека одам на цтг и вообичаено попладне, др Котларова секој ден вонредно доаѓа за пораѓај на жени и покрај тоа што е надвор од нејзиното работно време и никој нема да и го надомести тоа време што го одвоила. Исто очекувањата од пациенти дека треба на вибер да им се достапни 24/7. Според мене за тој надчовечки напор што го прават сите во приватниве тие пари што ги плаќаме се и малку, од аспект дека не одат директно до докторите, за жал.
Ќе и го надомести Ремедика како прекувремено. Тоа што докторката е прегрижлива и посветена е плус. Во секој случај, смешрно е да кажеме дека се грижел доктор за нас и ни посветил внимание, кога тоа му е работа. Не знам како поинаку треба да постапи за да го сфатиме тоа нормално. И да така се учат дека треба да ги почастат нешто. Така е дојдено до она дережје “частење”. Зашто кога некој ќе ти продаде патики, те услужи предобро, не го почастиш нешто? Зашто тоа му е работа, да ти продаде. Во секој случај револтирани сме од дежавното здравство и сега кога некој е фин и нормален со нас, мислиме дека којзнае што прави, за жал.
парите за гинеколозите не знам како идат ама за интернисти, ортопед, хирурзи и другите на долен спрат освен платата идат и 30% од секој преглед во платата кај нив. Не зборам за Котларова она е срцка ама дел од други специјалисти таму хорор, се живо и диво сакаат да сецнат, да оперираат, па дури и колеги и измислуваат дијагнози што ги нема за да си земат паричка плус. Been there, done that.
Здраво. Влегувам во 17та недела деновиве. Ми почнаа мачнини и вртоглавици, притисокот ми е 90 со 60 и покрај тоа што пијам Кока кола, вода, кафе. Дали некоја имала ваков проблем и што можам да користам? На сабајле ми е вака а прва смена сум на работа...
Извини што ќе ти реплицирам кај тебе . 18 недела во 3 саат сабајле идам во клиника со огромни болки и скратено грло , ми вика дежурниот не можеше демек да чекаш 8 саат да идеш кај матичната? Молчам . Ме мести за преглед ми вика знаеш сега и да е мртво бебето тоа е не можеме ние ништо да направиме . Какви тешки зборови се тоа за млада жена што прв пат ќе биде мајка. Да не зборам за други трауми што ми направиле во тек на бременоста а и не само за бременоста . Толку сме се исплашиле од некои доктори , еден нормален преглед кога ќе ми направи некој викам wow вака не се однесувал со мене никој одамна. Јес да си ги зимаат парите во секој случај. Јас поради средства секако ќе се пораѓам во државна , ама не ми е срам да кажам дека и за таму ќе си барам врски од пуст страв и трауми од се што ми се случило.
Девојки вие што сеуште не сте го осетиле бебче, кога прв пат ќе го осетите замислете си на кого сакате да ви личи бебе Знам знам дека се бабини деветини и глупости ама да направиме да ни е интересно. Јас сега мислам дека го осетив, уствари не мислам него го осетив како ме шутна лево од страна по папукот онака нежно
Дали има некоја скоро порачувано пелени од ананас ? Има попуст и плус 500 денари код за нарачка на пелени над 2000 денари ама не ми излегува поле за да го внесам кодот
Аха нема грешка Моето уште неродено на татко му е целото, матичниот ми вика ова нема допирна точка со тебе, и кога фати да го опишва како мажот ми да го опиша, башка и долги нозе и нозете како него Ако нека личи на него, личен е пустиот, и мирен нека е како него ама итар на мајка да биди барем
Нека личат на кого сакаат само живи здрави прави да ни се родат и лесно да си поминеме на пораѓај, другото не битно. Јас идам на 4 недели т.е еднаш месечно. Нормално ако има потреба и на пократок период.
Крвна слика секој месец, шеќер и железо ти се најбитни во бременост и треба да се следат. Јас на ехо на две три недели одам, ама јас сум со терапија и наследна тромбофилија па затоа
цветче јас вчера порачував, кодот ќе ти даде да го пишеш тек на последниот чекор кога ќе бираш како сакаш да платиш (картичка, готово при достава, со кредит и сл)
Мамички , кога спремивте торба за породилиште? Исто така кога почнавте да ги перете алиштата на бебето? Мислам дека ми е рано 31 недела ама па како идат неделиве се потешка сум и знам дека ќе ме мрзи покасно..
Леле а јас 27нед. Немам ништо од алишта купено. Од каде купувате со долги ракавчиња? Септември ми е термин