Јас и мм ништо не сме купиле . Све бабите И тоа во изобилство. Инаку, има убави бодиња во Хм. Попристапни памучни сум слушнала за некоја продавница во Дајмонд мислам турска, дека има убави и памучни бодиња(ако грешам нека ме поправи некој) Имам неколку и од Локо Кроко таму има често промоции , исто така и во Стружанка. Веќе имаме и количка и креветче , уште нешто да докупиме ситници и после се на перење и пеглање здравје . Почни си полека едно по едно
Значи за ова ден денес се смееме со комшиите. На прво клоцање, јас карши комшија седам и муабети тераме. Уште се смееме дека е ,,негова”. Плукната на мм е бре луѓе. Само очи има на мене, зелено плави и се.
И јас ама сега рече за еден месец да одам.... Јас па имав некој стрес не нешто страшно па сега малку ми е шубе .... Се надевам се ќе биде ок
Турската продавница во Дајмонт се вика CIVIL и да убава роба имаат и релативно ефтина. Поквалитетна од синсеј а тука негде со цени се мислам
Јас дека не можев никаде да одам до сега, сега почна да сме поопушта веќе 6та недела сум без крвна слика а 4та без ехо... Ме фаќа уште страв да отидам на ехо по тоа скалите како ќе се искачам (инаку 17та недела сум)
И јад сум 17та недела...работев алишта местев ексик душа излезе сега да одморам после уште едно ура и толку
ти добра си јас до денес ништо не фаќав ни куќа не чистев од што се заморував толку лесно, мислев срце ќе ми искочи од гради
Јас само можам еден мал совет, тритекс ми се покажаа како најлоши, памукот убав ама копчињата им се ужасни, тегнам за да се откопчаат, сафра да те фати. Некст и синсеј ми се погодија, исто и вајкики и хм мене ми советуваа да не купувам 0-1 и 0-3, демек малце се носеле ама еве го еден месец е во нив, дури сега му се смалуваат, а 3-6 се големки па морав да докупувам од малите откако се породив
Изминатиов викенд од Civil baby изнакупив за бебето боденца памучни на на кратки, долги, прерамчиња, бенкички, шпикозни, многу слатки и убав матријал се, а не е воопшто скапо. Претходно имам земено нешто од waikiki, мислам дека е доволно за почеток, па што ќе треба дополнително ќе се докупи. Имам уште еден ипол месец да се среди собата за бебе, немам нарачано ништо, некако се си викам рано е, но времето си се ближи, само да не ме фати некоја паника. Предлог ако имате од каде да се нарача мебел за бебешка соба.
Не се докторите криви, криви се овие што даваат. Така ги научија во државните и ај оди заврши работа обична без поклон во плик. Се додека има овци ќе има и волна
Има ли некој што е земал Клиндамицин заради бактериска вагиноза после серклаџ и дали ви се има комплет излечено без повторно да се појави? Јас имав комплет затварање на грлото на матката и сега на вториот брис имаше бактерии и ќе треба антибиотик да земам.
За тоа се платени и тоа им е работа, нема што да се дава дополнително. Јас и ти ако работиме пример на шалтер и сме љубезни ќе треба пликчиња да ни даваат....чиста глупост
Не мора да значи, има полно примери кај што децата личат, не да личат туку плукнати исти на тетки, вујковци, па и дедовци, ги имам во фамилијата моја овие примери
Јас мојата ја осетив во 1 саат навечер пред спиење , ме мрзеше да трчам пред огледало па мм беше најблиску, тоа е Ќе видиме на кого ќе личи