Може да личи на тетка, вујко и на некој од фамилијата(генетика), ама сигурно нема да личи на некоја рандум особа што ќе ја погледнеш случајно во разминување, бус, продавница .
Да ве прашам како се снаоѓате на жешково вие што сте во поодмината бременост ? Во смисла дали е океј да се оди на плажа овој период, сакам до Охрид да одам утре да шетнам ама ми е шубе од топлово оти деновиве ќе бидат екстремно високи температурите а ми смета општо топлото и кога не сум бремена. Плус нема да можам да се капам, под сенка не знам колку ќе издржам Да си седам дома најарно
Што и да е од срце, мислам ќе и се допадне. Јас купив злато, за златен човек како неа. Јас не се ни породив таму, ама ова злато дома од старт е нејзин успех, од фоликула до крај.
Јас мислам да си седиш, деновиве е ептен топло во Охрид. Само ке се измачиш за ништо. После 19:00ч е веќе таман за шетање, ако не ти е касно за враќање после.
Ена пред се е човек, после све друго. Знаеш многу е важно некој да ти даде добар совет, доверба, сигурност. Со неа забременив и цела бременост ја истерав, исто за сестрами толку беше тежок случај на клиника ќе ја породеа во 30та може 3-4 ја гледаа дека нон стоп продолжуваше патолошка никој верба да издржи , и викаа плодот мал, нема да издржи дај да те породиме. Изгура до 37ма и ја породи. Ете ја внуками од бебе назад 2 ипол недели беше, на 5 почна да лази, на 7 почна да се исправа и на 11ипол прооде. Сега е џамбаз. И мене ме изгура до 32ра и да имам бебче до мене. Ниедни пари не се повредни. Поклонот е мал знак на љубов. На никој друг не би дала поклон освен на неа.
Штом ти се оди, да одиш. Во Охрид е издржливо. Можеш на некоја "урбана плажа", каде што ќе си седиш на креветче, под сенка, на платформа над езеро...пр. Куба либре....милина. Не е баш најарно дома.
искрено веќе никако не се справувам, нишо не ми е згодно, неам енергија за ништо, имам заборавено колку се тешки последниве недели, плус на топлово е некс левел, првото ми е во декември луѓе убавини било тоа, ова е агонија. јас би седела дома само под клима да можам
Платени се и на државно, плаќаме здраство цел живот, и нема грижа и подетален преглед без пријател. Жално така. А знак на благодарност има сегде (типс за добра услуга, во случајов и цвеќе да е секој колку сака и може) . И треба да се даде ако сакаш на тие што заслужуваат не ради реда. Таа што ме породи не доби ништо не заслужи ни здраво по скали да ја сретнеш. Една Албанка Докторка, ја знам на изглед незнам име, да ми е здрава и жива дојде вика ова црг не е добро... еее вика цел и е такво, не треба да е такво вика ај уште еднаш. Детево до реанимација дошло, оваа ќе чекаше сабајле началникот да дојде. И детето во кофа да ми го извадат.
Скоро сум 32 недела е сега кога легнам навечер а и понекогаш преку денот имам жештина во гради и грло дури ми е неподнослива како внатрешна температура. Од што е тоа и како да се надмине
Девојки да ве прашам дали во тие количките 3 во 1 транспортерот може да се користи како седиште во кола и до која возраст или треба посебно да се купи, знам дека в продавница ќе ни објаснат се ама засега ги гледам онлајн и не ми се јасни тие делови
Јас искрено не би одела, тешко се справувам со моменталните температури и не би можела да издржам да седам на плажа дури и под сенка. Ако евентуално се решиш да одиш од сабајле до кај 10, 11 максимум или попладне од 18 до кај 20 часот. Ти најдобро си знаеш како се чувствуваш и дали ќе можеш некој и во 9ти месец тераат одмор, јас се чудам како, 8ми сум и едвај веќе функционирам.
Јас лично издржувам топло време Сум одела пешки и во најжешките денови и по плажи и по планини и по Скопје Ама вака во бременост не би ризикувала да одам на одмор Плус во езерото не може да се капиш да е море некако ќе влезеш Не знам секоја си знае за себе Ја не би
Лагадин и Метропол има дебели сенки, ако ти се оди, ама до крај 11 се седи, натака не. После за враќање дома во кола со клима, или ако се сместиш негде веќе во затворено да си, па после 7-8 да си шетнеш пак.
И јас не би... Мажот ми вели во базен имам и дома минатата година двапати три се искапив ама тоа не е тоа посебно сега бремена и не сакам да одиме никаде каде што има вода оти неможам да се капам а сакам вода☺... И ако појди некаде без мене ќе му се налутам за везден и ќе се отепам од плачење... Е така па сега нека мисли.. Вгодина Амин Господе на море ако се можи ако не тука.. До вгодина СУС
Заби сте поправале ли со анестезија во 7ми месец? Само што влегов 27 недела ама многу имам страв од правење заби а почна да ме боли
Јас во 8ми бев демек да поправам и прашав што ако многу ме боли и треба анастезија, ми рекоа не може анастезија. И го оставив за понатака ама не ме болеше мене. Не знам за 7ми дали може, секско јави се прашај. Ако ништо друго може можат некој лек да стават.