Какооо сте женски? Мене од синоќа ми тргна турбулентно. Сакав да си направам колач за роденден, прво не знаев дека немам јајца , па прашок за пециво , на крај кората испадна ужасно како гума . И така си седнав и почнав да плачам како мало дете А зоштоо не знам една кора да направам , зошто не ме бива....... Мм ја сфати работата хаха и дојде ме теши . На крај во 11 вечерта баравме ролат или торта за мене . Така не сум се исплакала одамна , хормониве си го прават своето изгледа. Како се справувате вие во бременост? Дали сте емотивни повеќе од претходно? Исто така , како спиете луѓе навечер. Јас изгледа ќе мора да набавам клима во соба зашто ова не се трпи. Претопло е , а ако спијам директно цела затната се будам. Нервози ме фаќаат кога не можам да заспијам. И така , нека ми е среќен роденденот , оваа година мислам дека најсреќна ќе биде како прв пат мамичка
Среќен роденден да си жива и здрава мене ми доаѓа да плачам кога се пресоблакам хахаха луда раб не знам зошто. Плачам на клипови без врска и плачам кога ќе се вратам дома, не сакам да се селам...ма на се плачам За тортичето, следна има најубава да ја направиш со најубава помош од мали рачиња
Среќен роденден, да си здрава и жива И јас сум поемотивна и поосетлива и попребирлива и еден тон по... ама па трудни сме како поинаку .. За спиењево ако станам да мочам после многу тешко заспивам, само се вртам а некогаш знам и да си јадам у ниедно време . Денеска ептен топло ќе биде, да ставам ручек со време зошто после уште релна ми треба ..Имајте убав ден мешиња и пишувајте почесто вака за секојдневни активности, малку да се дружиме.
Каде сте испитувале Инсулин во Скопје? Државна и Чаир нема реагенси веќе три месеци…[/QUOTE] @ORNEL На клиничка биохемија испитував инсулин пред 10 дена.
Среќен роденден Да ти се множат убави години Мислам дека сите трудници сме хиперсензитивни нема бегање од тоа Мене генерално никогаш не ме фаќале паники претходно и разни стравови ниту сум плачела на романтични филмови или нешто такво сега филм ќе пуштам да се релаксирам и ќе ме погоди некоја сцена и одма ми течат солзи, аман си велам сама на себе што ти е луда работа за глупости се растревожуваш ама тоа е нема спас од наплив на измешани емоции И најмногу ми смета тоа што ми текнува нешто за бременоста и почнува некоја паника од нигде никаде Ама ќе помине сигурно Здравје само
Среќен роденден и секое добро Јас и онака сум емотивна ама во бременоста ептен, за спиење спијам засега освен што станувам за до WC. Ние ја пуштаме климата пред спиење убаво да олади и така спијам. Со лесно на сите ајде уште малце остана
Среќен роденден пеперутче И јас сум со клима не се дише иначе, и многу голема плачка сум. Плачам на видео, плачам ако нешто се напнав, плачам ако друг плаче Хормони
Srekjen rodenden! Najubaviot poklon poleka no sigurno doaga a narednata godina I najubavata torta ke ja napravis.
Среќеен родендеен Да ти кажам најсмешно ми е сега кога ќе ми текне, пред месец и нешто печев лепчиња во рерна со зачини и дека нов шпорет, немав уште осет со него, ако сум ги правела за 6 7 мин сега им требаше 3 4 мин да се готови. Ги извадив за 7 мин и беа цели поцрнети . Како мало детенце почнав да плачам, а маж ми ме теши не се толку не се секирај ќе јадеме. Пустиот насила јадеше само да не плачам . Затоа сега ме зафркава . Мислам не постои трудна жена што не плаче за нешто.
Како се смета со неделите не ми е јасно,кога влегуваме во 9 месец? Со 36+1 или со полна 36+6 кога ќе почнеме 37+0
Среќен роденден пеперутче да си здрава и жива Мене ме немаат така мавнато хормоните да плачам ама нешто кога ќе ми текне чат пат може по некоја солза иначе плачка сум по природа