Во претходната бременост од 34та до 36та недела морав строго да мирувам и на преглед бев 36+1 и докторот ми рече сега си влезена во 9ти т.е си во безбедна недела и да се породиш утре задутре таман си е. Е сеа секој доктор може различно да си пресметува, да рачуна
36+ е полна 36та, се одбројува 37та веќе. До 40 полна (односно 40+0) се рачуна 9 месец, после уште 2 недели се толерира надносување до 42 полна.
Iskreno ne mi e jasno jas sum denes 35+5 sto znaci za tri dena ke bidam 36+1 i toa ke znaci deka veke sum vlezena vo 9 ti mesec taka? Po ova taka e Blagodaram mila edvaj cekam da vlezam vo 9 ti od pusti strav cela bremenost i problemi i komplikacii pa si go brojam sekoj den
Па да, од 36 полна по правило се почнува цтг веќе. Готова си, ситно броиш . Башка тоа со месеците народски се користи повеќе, некој месец има 4 некој 5 недели. Мислам дека релевантно е броењето по недели, секоја недела плус е супер ( освен после 40 , тогаш е нервоза веќе)
Среќен роденден, од сега натаму сркој нареден роденден ќе ти биде се посреќен <3 Ми се случувало и мене да згрешам, и тоа кога најмногу сакам да погодам торта. Во врска со хормоните, вчера многу се растажив кога видов слика дека маж ми и син ми јаделе сладолед додека шетале, па и му се налутив на маж ми а малиот сирот ми се извинува, вика мамо не знаев дека ме носи на сладолед, душа мајкина колку ме жали Јас сум си по природа стрвна личност и ако за нешто може да ми е криво, тоа е за јадење, за ништо друго Ми излезе денес слика од пред 6 години кога малиот ми имал еден месец па така си се расплакав, си велам пред очи ми порасна а не забележав кога, како... Така што хормоните си го прават своето, особено ние што сме плачки по природа, сега ни е уште потешко. Инаку, со спиењето веќе ми стана тешко, без клима не се спие, во дневна е, па таман во спална е само разладено, не ми дува директно затоа што тоа страшно ми пречи. Ти посакувам убав и среќен ден
Дали кај некоја од вас исто bHCG била повисока од нормала? Што значи тоа? Другите параметри и од ехо и од приска се ОК со низок ризик? Дали треба да давам значење на тоа што е над нормала? Ве молам за совет. ехо резулатите според др. Ирена на ГАК се ОК
Не се плаши. Висок хцг а низок ппап-а е ризик за даунов. Кај тебе само едното е и пишува низок ризик. Матичната што ти рече. Приската милион извадила од памет, математичка пресметка е само. Ако можеш да си направиш пренатален, да си со мирна глава. Ехото е исто битно, чим мерките се добри, немаш простор за грижа.
Ќе одам пак на ехо кај др. Котларова, но не знам баш за пренатален многу пари се, пошто вака се изгледа ОК, стварно не знам дали вреди да си ја полнам главата до вакви мисли аман
Не знам дали е од хормони или што ми е веќе преку глава од сѐ ама нервите ми се истенчени на максимум. Не дека пред бременост бев нешто кој знае колку смирена ама луѓе, не можам да опишам како во секунда сега можам да избувнам за нешто. Не знам што да направам за да си помогнам и олеснам во врска со ова затоа што ако продолжи вака, децава во Бардовци или евентуално затвор ќе ги родам.
Не си сама, иста сум деновиве. За ситница избувнувам, добар ден да ми речи некој ми смета. Среќа моите ме знаат и не ми фаќаат кусур До хормони е не се грижи, сите сме горе долу исти. Еве ме мене, на моменти ми иди да задавам некој на моменти играм пеам
Хормоните чуда прават се е нормално ама слободно можеш Б6 да си пиеш некоја недела, ќе те смири. И поминувај сама некој саат во денот, одмарај се пушти некој филм, серија било што тебе лично те релаксира, да те наполни со позитива да те опушти.
Ви благодарам за мислењава, ме утешивте. Уште да им стане јасно на сите околу мене и да пазат што зборат/прашуваат. Не знам дали и претходно биле толку иритантни само јас не сум приметувала а сега се ми пречи, буквално се. Лошо е што сеуште работам и тоа на одговорна позиција, а така ми е последниве три години и мислам дека прегоре телово и мозокот на најјако до тој степен што ми се јави аверзија на обврски. И на клиенти во принцип истото треба да им го објаснувам, неколку пати дневно на исти прашања одговарам и ме вади од такт кога знам во која насока ќе се движи разговорот и пробувам одма да им олеснам, а тие пак во круг се вртат со истото да си пукне човек.
Еве и кај мене е исто со нервозата,а за луѓево..немам повеќе ни што да коментирам простотија,некултура,радозналост,се и сешто ...денес нешто нормално да видам искрено би ме изненадило..осетот со реалноста е изгубен начисто(според мене) дали се нема свој живот па се води во тефтер грижа за туѓи животи не знам ..ама не е океј во секој случај..и коа ќе ме прашаат до кај си?уште колку остана?влезе во 9ти ?каде и како ќе се пораѓаш? Косата ми се крева како четка мислам нагоре..(извинете за долгиов пост ми тежеше)
Исто значи Ај што ме иритираат непотребно радознали прашања, повеќе ме иритираат кога не бараш совет и си даваат за право да раскажуваат свои искуства гледишта и ставови и слично И не знаат што ти е состојбата си даваат за право да солат памет што да се пиело колку да пешачиш и слично Као стварно!? Прашај ме прво како ми е и дали ми треба твој совет после зборувај Ама не Таа да си каже одма мислење И така