Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Женски
    Таман работа, зошто се извинуваш, нема потреба, мислам форумов - посебно темиве е да си олесниме и да си кажеме она што ни лежи, посебно во овој период. Јас затоа и си пишав без филтер.

    Мене воопшто не ме нервираат такви прашања, океј ми е да прашаат до кај сум, како се осеќам или како оди.
    Ама пример на "Леле, ич не си голема ко за две" ми иде инстантно да вратам со "Извинете што не се здебелив според ваши очекувања".
    Малите инаку супер си напредуваат за сега и здебелена сум, не дека не ама почнав бременост слаба како што сум цел живот па не знам што очекуваат, нема да ме видат дебела секако ако мислеле на тоа, а мене ми е тотално сеедно колку и да качам.
    Друго за кај ќе се пораѓаш си кажувам одма, мислам не е тајна тоа и одма "леле, што не одиш приватно, јас така би одела". Океј, оди кога ќе дојде време, јас за приватните свашта се имам изнаслушано, а и со две да ми ги праќаат пак после на Државно, нека фала, не ми се ризикува.

    Кога ќе кажам дека се две девојчиња на прашање за пол, го имаш најсељачкото ever "леле, маж ти само за улошки ќе работи" (facepalm) што и да кажам воопшто на ова е сувишно, освен да ги отерам кај што не треба, само тоа ми е прифатливо на таков коментар.

    И last but not least, кога ќе дознаат дека се две, значи ова и луѓе што прв/втор пат ме гледаат во живот си даваат за право да прашаат без срам "а инвитро или природно се фатија?" :x
    Природно се, не ми е ни проблем да одговарам ама се ставам на некоја што може чека две добиени со помош на инвитро и не знаеме низ што поминала за да ги добие, затоа и не ми е во ред што прашуваат и се мешаат за вакви работи без трошка осет.
     
    На 5678m, LiquidLuna, Larea и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Леле коментариве...|( се напнав што ги прочитав, па како се радознали луѓево да се чудиш.
    Јас се изнервирав што вчера во лабораторија еден куп пензионери имаше и никој не ме пушти преку ред, толку ми се темнеше што бев гладна ама не сакав да ги молам за да влезам пред нив и така пребледена си чекав...Нема никаква култура.
     
    На Anaroz1, Orhideja ✨️, Eho и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Женски
    Не е тоа молење, а и не е играчка на топлово, кажи си нареден пат ако не можеш да чекаш. Нецели 5минути се во прашање, ништо нема да им биде ако те пуштат пред нив. Ако се осеќаш во ред е друго, никоја не би ни прашала така.

    Инаку јас сум во шок од коментариве.
    Ако издржам до крај на бременост без да треба да лежам некој, орден треба да ми се даде ама сериозно.
     
    На Larea, Orhideja ✨️, fragaria и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    :talk:Прво да ви се заблагодарам другарки на роденденските честитки:inlove:

    Инаку , луѓево многу си даваат за право и тоа е факт . Некогаш си викам ајде нема врска ќе замижиш пред нешто ќе помине ама константни негативни коментари и забивање на носот во туѓ живот страшно ме иритира.
    @Amelia. За муабетов со девојчињата , мене кога ќе ме прашале што носам , ќе кажам женско нели и 90% реакцијата е као Ааа епа добро млада си има време за машко.. ?????? На тоа не знам како да одоворам само се смеам зашто реално не можам да зборувам со некој што и онака има такво мислење.
    И до хормоните е ама и до луѓево, ептен чуден народ сме станале , пробајте да не слушате глупости , зашто осеќам после пораѓај уште повеќе ќе има.
     
    На Didi***, Orhideja ✨️, Ani93 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Женски
    Штом сега е вака, јас психички се спремам за после породување, на наредно ниво ќе преминат со непобарани совети и мешање за сѐ можно. Уште од сега мозок ми чури :@
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Да буквално , уште од сега го слушам она Аааа па ти си гладна душо мама не те нахранила доволно, или па тебе ти се спиее не знаат кога ти е време затоа си плачеш... Коса ми се крева луѓе зашто знам што се ќе следи
     
    На fragaria и Amelia. им се допаѓа ова.
  7. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Женски
    Го поставив ова и во "облека за идни мајки" ама гледам не е толку активна тема, па подобро тука.

    Во врска со градници ме интересира, пред бременост си носев најмало бројче, сега нормално градите ми пораснаа и сите што сум ги имала од претходно ме стегаат. Колку броја поголеми сте купувале?

    На два ума сум дали да земам поголем број од причина што цело лето ќе го поминам трудна и само ме потат, земав од оние како лепенки само за брадавиците апла да не се познаваат и ги носам ама да не ги сплеснува така па да имам проблем, здравје, за доење или само си правам филмови и тоа не игра улога?
     
  8. Tulip023

    Tulip023 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Јас исто пред бременост носев најмало бројче. На почетокот на бременоста нагло ми се зголемија и веќе во 13-14та недела купив едно бројче поголеми. После стагнираа и точни ми беа подолго време. Сега 30та сум и мислам дека веќе е време за уште еден број+. Јас гледам да купувам обични памучни без корпи и жици за да не ме стегаат никаде и да се пријатни за носење.

    Едит: Минатата недела во аутлетот на екстрим интимо имаше голем избор со многу намалени цени, не знам дали уште трае попустот.
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Мене свекрва кога реков женско е ме праша што мислел син и за тоа. Јбг, може да мисли што сака, негово е, не го донесов в куфер јас. Ко може ако ми речеа машко нешто ќе ми сменеше или јас по желба ќе менував.
    Ова за пред 3 години скоро.
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Женски
    Па син и го направил такво. Од нив зависи полот на детето, што би можел да мисли инаку?

    Леле, не ми се верува колку глуп народ живее под ова поднебје. 21ви век, уште не знаат најопшти работи (facepalm)
     
    На Anaroz1 и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Прво што ми падна на памет беше да речам - пресреќен е оти не мора куќа да прави. |(
    Нели на машко се давало куќа по старовремски мислења. Женските заминуваат скоро па без ништо од дома.

    Нема врска со реалната ситуација машко/женско. Плус и хормони повеќе во тој период, плус и секакви мислења и побарани и непобарани совети има.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Soncogledka

    Soncogledka Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2024
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Каде се наоѓа аутлетот?
     
  13. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Јас нема шанса да носам прслук сега, ај што ми се пораснати ама и од жешково и стомакот и се, купувам најобични памучни без жици тенки како за доење што се.Ги има секаде, најчесто во некои маалски продавнички ги купувам и се околу 200-300ден.
    @Tulip023 и јас ќе прашам каде е тој аутлет?
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    978
    јас не носам дома :D а кога треба да испаѓам тогаш на прслукот ставам како додаток еден кај што се закопчува и се диши и трпи некако, се препотувам некако од него плус и од жешково и одвај чекам кога ќе си дојдам да го метнам и да сум на слобода.
     
    На fragaria, Orhideja ✨️ и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  15. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.379
    Пол:
    Женски
    Дома прслук не носам ни јас, а кога одам некаде ставам продолжеток кај што се закопчува и ок се... ама коа ќе симнам прслук ми иде у кофа со лед да ги брцнам, мислам 100 степени имаат :rofl:

    Имам и од џамбо и од алиекспрес онакви меки без жици на дебели прерамки, преудобни се ама не се памук. Ама па ни прслуците не се сите ...ретко.
    Во Сара фешн има прслуци за доење, често имаат и попусти и не се мн скапи...
     
    Последна измена: 26 јуни 2025
    На fragaria и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  16. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Девојки еве втора ноќ се будам со кругчиња на маичките.. Еднаш го видов свежо кога беше и беше слаткасто и лепливо. Млеко е ? Колострум или како се вика? И нормално ли е уште од сега да почне да тече... Ќе се консултирам со матичната но дали некоја од вас имала вакво искуство
     
    На fragaria, Simon4e0507, LanaDelR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    682
    Пол:
    Женски
    Нормално е , претходната бременост почна да ми тече од 7ми месец по малку.. Се породив царски одма ми надојде млеко и бебе цицаше од прв ден , имав млеко за извоз, ја доев 2 години :D
    Сега не го чачкај не стимулирај да искача, сум читала дека може да предизвика контракции.. Како и да е супер, нормално е све не се грижи :)
     
    На fragaria, Peperutce6, jagoda777 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден со задоцнување. За топло да не разговараме изгорев. Климата во дневна од кога е 25+ е на 22степени и не е изгасена сите врати отворени и некако се спие. По потреба и во спална се уклучува, ама мм не сака оти се здрвувал па јас си плачам дека ми е жешко и дека не можам да дишам и дека посакувам еден ден да е труден со стомак до забите и да види како е. Труднички маки (не) убави.
     
    На Simon4e0507 и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  19. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Не чепкам ништо ако лежам на една страна ваљда ја притискам и затоа тече .. Денес сум на ехо за гради секако. Кај и да идам само се гледам у маичката срам ми е да не истече ненадајно хаха. Ќе си земам туферчиња или слично за да ставам за секој случај... 8ми месец... Ко што викаат This is getting real and Im not ready
     
    На fragaria, ginger, Simon4e0507 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    682
    Пол:
    Женски
    Хаха да скрос.. земи си туфери и терај..
    Баш те читав сега дека роденден ти било.. нека ти е среќен и да не куттулиш од убавини :l:
     
    На Peperutce6 и Simon4e0507 им се допаѓа ова.