Јас пред првата бременост носев 75B кога останав трудна пораснаа па се префрлив на 80D. Е сеа со вторава пораснаа уште малку ама во обем па си земав 85D. Така да земи си едно бројче поголемо ќе си го носиш и понатака.
леле ги читам коментариве и мислев дека само мене ме иритираат непотребни и глупи коментари од луѓето… значи народов толку станал безобразен немам коментар мене ми се случи така со личност што втор пат ја гледам во живот да ми каже абе ти уште си трудна, а јас крај на седми месец, значи косата во ваздух ми ја крена мислам и кажав само едно иронично да, рано ми е уште, а пази молим те втор пат ја гледам во живот или коментари од некои луѓе ајј бе гајле ти е нема да работиш ќе одмараш, јас си знам само колку се тресам на оваа бременост после тоа лани што ми се случи… ама тоа е….има луѓе секакви
хаххаха мојата свекрва е многу е океј за се ама сега за бременоста си имаше и она испад, доаѓаме од преглед и превозбудена дали ви кажаа пол, викам да да, женско е леле луѓе една фаца кога направи и се гледаше дека не и е по кејф после ми вика сигурна си? јас сонував дека е машко викам па сеа сигурна дали сум, така ни кажаа. и толку. утредента дојде сама ми се извини као дека не и била океј реакцијата и ме мислела дали сум се налутила
Денес ме пуштаат дома. Цервикс 25мм и водењакот малку е во родилен канал. Строго мирување па да издржиме до некоја безбедна недела.
Истото ми се случи и мене вчера, среќа излезе лаборантката па кога ме виде меѓу сите баби и дедовци ми кажа да влезам пред нив. А кога стигнав таму сите глава завртеа како да не постојам На излегување на цел глас им викам: ФАЛА ШТО МЕ ПУШТИВТЕ ПРЕКУ РЕД
Мене градите ми беа лешници пред да забременам, пред некој ден го пробав прслукот што си го купив 4 месец некаде 85 број и ме стегаше. Не ни носам јас прслук, дури беше поладно носев онаков градник со ластик, сега никаков. Околу муабетите за мали мешиња јас тоа како комплимент го прифаќам, кога некој ќе ми рече леле шо убо слаба си, убо ми е, а и доктори викаат се додека е бебе супер подобро слаба, што ќе ти е стомак, после ќе се нервираме како да го вратиме во нормала. Не се замарајте со тоа, се додека е бременоста во ред слаби дебели небитно Инаку конечно железото да го кренам, од 4 стигнав до 18 по само еден месец хематоферол таблети на втор ден и нормално внимавање на исхрана. Претходно што не пробав само надолу одеше. И тоа без витамин ц го конзумирав, само некогаш си цедев лимон пред да го испијам
21+1 сум денес, вчера бев на брзински 'преглед' на конзилијарно и главата на бебето одговараше за 19+5 останатите мерки беа во ред. Инаку, 2 скрининг сеуште не сме направиле закажан ми е за следната недела поради одмори. Дали е загрижувачки тоа што главчето е помало и некако мислам дека многу ми е касно закажан скринингот?
Ил не се грижи , на моето бебче беше една недела помало главчето , после месец дена една недела поголемо и сега кога бев набрзинка го измерија ама рекоа дека е таман за неделата . Баш прашував тука и сите рекоа ништо страшно . Се толерира до 2 недели мислам . Генетика игра улога . Инаку таман си за скрининг
До две недели се толерираат отстапки, ако доплер протоците се во ред без грижи. Моето е тикварче, цело време го мерат неколку дена поголемо во главчето а мешето е една недела назад. Дефинитивно е генетика, а и таман работа сите бебиња исти да се по димензии Мојот е како татко му, сите во фамилијата се глаучи, јас уште пред да забременам си терва од секогаш мајтап дека кога ќе имаме дете цело главче ќе биди Исто така на него има и високи нозе, битно симетрично се развиваат екстремитетите, и рачињата долги му се
Како го издржувате жешково? Склет ме фаќа ептен, нит спијам убаво навечер ни па знам преку ден што да правам со себе.. а и тешко некако ми е, носот ми се затнува, ми тежи стомаков, некој притисок осеќам доле постојано. И на одмор ми се оди. Некако и ми се уверте да не се породам пред време, се на се бог да чува сум. Леле се изжалив за се' во еден пост. Иначе коментари од свекрва и мајка немам, ама затоа од стринки и тетки еден куп, најчесто ко ќе кажеме дека пак е женско сите со муабетот е добро нека е живо и здраво, третото машко ќе е демек разочарани се па и нас треба да не утешат ама не им се замарам многу, одговарам нас и трето ни е во план женско, па се заќутуваат. Што се ' пројдовме и едвај чекам детево в раце живо и здраво да си го земам баш ме заболе што мисли некоја си Стојна небитна. @bokace1 одмарај, позитивна мисла и ќе биде се како што треба
Склет и мене ме фаќа, се потам како некое свинче хаха, навечер и мене сонот ми е пореметен, ама сето тоа е нормално. Како што е нормално и мислите дека порано ќе се породам. Некако откако влегов во вторникот во 36 недела ептен убрзав со припремиве за во случај порано да не дојде.... Иако сега за сега нема индиции за тоа. Вчера бев на ЦТГ мирно е сега за сега.
Јас пак си викам да влезам 36та и ќе се опуштам нема да имам негативни мисли, демек во сигурна зона сум ама гарант тогаш пораѓајот ќе го мислам и така до крај ништо не сум почнала да спремам, ни да перам за 10 дена сум на прво цтг па после тоа ќе се разработам ахаха
Многу тешко поготово денес мислам срцево ќе ми излезе што излегов два пати до надвор. Ми е тешко на цело тело како да ме прегазил воз
значи сите сме исти и јас осеќам некој притисок доле цело време се филмам да не се породам пред време, а бебе е доле со глава наместено и големи се веќе и притискаат, ја осеќам кога ика како во мочниот меур да ми мава, навечер по сто пати станувам да мочам па не можам да презаспијам, па таман сум заспала станала ќерка ми, ќе ме разбуди па цел ден не можам да се трпам од жешково.... ужас. ќе издржиме уште малце. да не биде дека само ти се жалиш иначе мене и рандом луѓе по улица ме прашуваат дали ќе одиме на трето машко
Како издржувам , не издржувам хаха . По цел ден се нервирам зашто ми е топло , не можам никако да се наместам да ми одговара . Ладна вода пијам , седам под клима . Си нарачав и за во спална зашто не можам веќе , почна мм да ме нервира зашто мирно спие хаха . Му викам тебе ако ти е топло мене ми е сто пати повеќе и навистина во живот волку не сум се потела страшно е. И ми се иде на одмор ми се плаче , ама кога бев на дежурен пред некој ден ми вика подобро немој да се бањаш никаде сега пред крај да не фатиш некоја инфекција и ќе го послушам. Навечер станувам во веце по 100 пати, таман сум легнала пак имам потреба и така по неколку капки цело време . Бев околу 17h за ехо на гради , поради топче под пазувите што уште стои и ми вика докторкава леле колку си паничар и во најтоплото би дошла и така е ... Само знам дека од сега јас и мм во декември ќе спиеме одвоено!!! Не сакам пак да сум трудна во најтоплото Убава вечер девојки, одмарајте , хидрирајте се и галете мешко(моето не го галам веќе пред спиење зашто штом го пипнам почнува женската да мава во ребра и нема шанси да заспијам)
Хаха ние одвоени спиеме од ко почна принцес на спална со мене да спие, ама пак си се најде начин во декември да се замеси пита А за одењето во веце, мислам дека повеќе ми се исплати да си дремнувам на шоља него на секое стани легни ќе издржиме секако уште некое време, ама полесно е вака ко ќе си се пожали човек па да знаеме дека не сме сами во "тегобиве". @Anaroz1 не знам за вас, ама ние до 6то дете сме во план да идеме за машко да биде, е сеа ако и 6тото е девојче тука застануваме не ми се верува дека во 2025год сеуште се има преференци за пол, боже петраа! И што викаш рандом луѓе се дразнуваат да си кажат мислење, порано се нервирав сеа ич не ми чуе. Ко ќе ми текне со првата ќерка колку се си ставав на срце, дури една познаничка коа дојде на повојница ми вика лелее иста е како свекрва ти, а она никад не ја видела свекрва ми шта речи..
Кажи и трето женско сакаме, чарлевите ангели ги правиме Anarozеs angels И мене ме нервира тоа преферирање на пол. Ќерка ми беше 2 месеци и ја гледаат пријатели на свекор и свекрва и одма, голема да растеш и парите во раче пробуваат да и ги бутнат и коментар ова братче да си купиш. Јас викам играчка ќе си купи, деца не купуваме ние .