Абе какви матични, матичните само за упат ги користам, ако имам болки секогаш на државна си одам, си има дежурен доктор во секое време, плус бесплатно е за трудници. Не знам шо се замарате со матичните, ќе чекам матична да ми крени ако имам мака, патот под нозе и на болница.
Не се на одмор, јас денес баш бев, Марија беше прва смена. Инаку и мене не ми враќа баш ни на вибер, ни телефонски, затоа почнав да ја користам само за упати, боледувања и сл.
Префрли се кај Билјана,многу е океј јас одам кај неа и сум презадоволна.Достапна во секое време ..само што има гужва и на закажано некогаш се чека.Друго е океј сега за сега немам никаква замерка.
Не идете кај ниедна. Ни те памтат која си, сестрата греши упати.. човек сам да си бара се и не се достапни на телефон а во бременост ти треба некој да ти крене на телефон не е тоа заебанција
Кој се има скоро породено во Чаир да ми каже што ми треба за мене и за бебушко за таму да имам спакувано?
Се прави со навршена 10 та недела со цел да има фетална фракција - најдоцна до 22-24 недела. Идеално е да се направи до 12-13 недела со цел абортусот да е завршен во органогенезата ако се увидат ризик фактори за бебе кое нема да е здраво.
јас правев ехо скрининг и приска се излезе одлично. Докторката вика нема потреба според резултатите ама ќе си размислам уште недела две . Сега сум 12+1
И јас така велев ама решив да направам да бидам мирна... Нема пак смиреност ама барем олеснување некое ќе добиеш... Јас денес пукнав со хемороидите и верувајте секакви мисли ми поминаа низ глава..
Девојки до 32 недела имав прилично лесна бременост, при крајот на 31 недела, а продолжи и во 32 недела болка во крсната коска и колкот, неможам буквално да стапнам на левата нога, болката на моменти е понамалена, но како одминува денот е поинтензивна не можам да се движам, едвај одам. Парацетамолот многу малку ми ја ублажува болката. Дали некоја била во слична ситуација, има ли надеж да помине или до крајот на бременоста останува болкава, претавувам дека е притиснат некој нерв како се шири матката и како расте бебето, се плашам да ми стане полошо да не можам воопшто да движам.
Јас имав таква болка во седми месец, кривев цел месец, бебе на некој нерв ми притискаше, освен б комплекс и магнезиум ништо не пиев, за еден месец болката сама од себе помина како ништо да не е. Непријатно чувство, како газиш светкавци ми проагаа низ очи ама поминува.
Во иста ситуација бев и јас во 29та недела. Нешто помалку од две недели траеше. Наеднаш прекина болката, сама од себе. Претпоставувам и јас дека на некој нерв притискаше бебе.
И јас имам болка ама во десен колк и во кичмата долу и опавчето Ама имам стара повреда и си го поврзувам со тоа И внимателно мрдам настрана или надолу оти ако е отсечно движење ме пресекува болка буквално Пијам магнезиум и пак на моменти си боли а сум 30 Нед се надевам дека нема да е полошо од сега натаму Тежината си го прави своето
За кај Билјана, баш и не е вака како што викаш. Ден денес и после 9 месеци , точно ме памти. Точно знае од прв преглед за мене се во детали. Ивана што беше сестрата додека бев бремена исто. Е оваа новата два пати ја видов само. Достапна на вибер ми била за се. Дури и во Америка кога беше, ми враќаше. И Емина од кај Марија што е, одлична комуникција сме имале. И покрај тоа што не сум пациент на Марија, еднаш бев со болки кај неа, телефонски знаеше која сум. А ниту една од нив нити ги знам приватно, нити слично.