јас имав таква болка во 8ми, 9ти месец со првото неколку денови ќе ја нема после пак ќе се појави буквално ко своја ногата не ја осеќав болка јака не можеш да ја движиш.. Ме советуваа магнезиум да пијам 2 пати на ден, јас си земав и крема магнезиум и кога ме масираше маж ми тогап ме попушташе малку...
За болки и стегање, во Чаир или Гак оди. Матичната може судар направила накај работа, па телефонски нема да ја добиеш. Или одиш директ во ординација, јас така направив или на Гак/Чаир. И тоа Билјана ми е матична, јас кај Марија отидов и без проблем ме прегледа убаво, ме смири пред се. А за плаќањето, фино пријавуваш и не плаќаш после тоа.
нормално е појава на ишијалгија во бременост мене па вчера десна нога па мавав на десен бандаж денеска сум подобра, мислам дека треба повеќе движење ама кај да се шета по жешково не се диши ни па се мрда... пиј си магнезиум , парацетамол ако имаш многу болки ќе помине кога ќе се породиме јас па болки во половина и плус колена и доле на стапалата дали оти тежина плус дали и што имам рамни стапала од нешто е .
Ви благодарам девојки, се надевам ќе помине, врзана сум за кревет, не можам да се движам низ дома, а не па нешто да сработам и тоа многу ме нервира.
И да даде инфо @bokace1 како е... Јас сум 17+недела сега... Патем @bokace1 беше ли на контрола. Научи ли што е... Јас ќе.имам женска со долги нозе како татко е..
и јас сум 32+ исто со болка во левиот колк и кичмата, некој нерв е, пијам магнезиум јас, си самопрепишав пошо и минатата бременост имав исти вакви болки на крај
Да колку што сум запамтила Ехо 500, скрининг околу 1500, за брисеви во Генеа ги носат не се плаќа за трудници и Нифти таму правев на рати си плаќав.
Каде се паркирате кога одите во ординација Ложанковски? Среќа што педијатарот др. Драгана отвори ординација на друга локација, инаку ќе банкротирав од плаќање паркинг таму (извинете, малку надвор од темата). Инаку, постојат гинеколози кои не наплаќаат прегледи. Пр. Др. Рина во поликлиника Чаир (прекрасна докторка), др. Ѓулхана во АЕ Медика, Топанско Поле (пре, прекрасна докторка). Најтопла препорака и за двете.
Зошто лежиш има ли проблем.. Не реков маратон да трчаш или тегови да креваш скраја било гали меше и одмарај.. Јас па никако да седнам... Ретко цел ден да лежам...
Кај Соборен храм кога одам само таму со кола не се задржувам многу си одам и во црква,а тука блиску и работам во Центар на 5мин пешки
Кога сме кај кај муабетов , јад мислев сите матични наплаќаат ехо преглед. Законски е забрането или? Има некој поупатен?
Да не сум прочитала погоре ... Мирувај сега одмарај посекако е жешко надвор не чини дома седи некој филм погледај ..
Сите наплаќаат а не смеат се е бесплатно за трудници. Мене зависи некој пат 600 некој пат 500 ми зимаат за ехо 5 мин што ме гледа.... Сакам да ја сменам ама не знам кај да одам веќе