по правило не треба да наплаќаат, ама повеќето наплаќаат. и мојата ми наплаќа 500 ден. предходната не ми наплаќаше ништо, ама ич не бев задоволна од нејзе, оваа ми наплаќа, ама сум многу задоволна, искрено не ми е проблем
И јас тоа ќе ве прашував кај вас како е, мене ми наплатија 500ден за срцева акција, ни фискална ни ништо...минатата бременост не ми наплаќаше, сеа си измислија 500ден..
Па не знам можеби си од порано таму па затоа те памтат. Ама јас многу се нервирам кога некој не ме памти и морам се од почеток да објаснувам. Може имаат многу пациенти па затоа
Ооо не. Само што се префрлив кај нив, со погодена терапија од Билјана, за еден месец бев бремена веќе.
Како ги рачунате неделите, според бебе или според последен циклус? Минатата, бебето секогаш ми беше недела понапред, ова бебе е недела поназад...се мислам како да закажам за скрининг? Спрема бебе или спрема циклус? Ај хелп
Према циклус. Друго ехо други мерки може да бидат. Малце да мрдне додека мери, помало или поголемо ќе искочи за некој ден или недела. Според циклус закажи си.
И ја мислам според циклус. Бар јас секогаш закажувам според циклус и така си рачунам. Секоја недела бебето се развива па може некоја да биде помало некоја поголемо.
Не знам во која тема да пишам, ај тука нека биде. Мометално сум 33 + 2 дена. Пред 5 дена бев на контрола и по мерење испадна да е 2 недели помало бебето. А пред 1 месец на контролата беше 4 дена помало. Првото го родив 2300 во 39 недела… не знам до што њ проблемот. Димери добри, се е добро.. но бебето не расте. Само слушам и ти си ситна и толку. Некој да ме посоветува што да правам. Матичната ми вели со господ напред и толку.
И кај мене исто беше, а јас и цела бременост клексани примав заради мутации. Се супер и од 34 недела престана да расте, секој 2 ден ме следеа на цтг и протоци ми гледаа, постелка се беше супер. Бебе ми се роди во 38 недела 2200кг. Мене ми рекоа дека од нетретиран висок притисок во бременост кај мајката ама јас немав ни притисок ни отоци ништо.
Тоа е генетика веќе, ако си ти ниска слаба или маж ти, нормално е и бебе да биде толку. Чим веќе си родила едно здраво право, незнам што се секираш. Неможе секое бебе да биде 3 ипол кила. Битно да напредува од недела во недела и да се добри протоците. На мајка ми најдобрата другарка и она и маж и ниски 159 со 170 се двајцата. Мали бебиња имаа, еве и денес се дружам со синот нејзин колку мене е години и висина, никогаш не порасна повеќе од 170.
Мила мислам да не се секираш зошто генетика игра најголема улога. Мене првото ми е родено 38+6 2470 .. таму после 32ра недела почна слабо да качува килажа..постелка беше супер, протоци супер, притисок не сум имала..јадев протеинска исхрана ама џабе. Ситни сме и јас и сопругот и јас сум родена 2700. Сега во 7ми месец бременост со второ сум 50 кг . Ова второво сега за сега добро напредува ама 30та недела сум. Очекувам и ова да се роди мало зошто и јас сум многу мала.. Живи здрави само нека се. Не сме сите луѓе исто. Големи мали, слаби дебели.. па и бебињата така. Важно е да се здрави само
Фала на сите за брзите одговори. Внимавам на исхрана и повеќе протеини, немам некој здравствен проблем. Само имам прашање дали некако се испитуваат протоците, или само на ехо се следат?