не е задолжително, затоа што ниту јас каде што одам ноту другарка не ни го дале матичните. Јас сум 12та и уште ми нема спомнато. Ама не ни правам веќе
Само што го завршив јунскиот курс кај Јасна, презадоволна сум, предавањата воопшто не се досадни, Јасна објаснува темелно, сигурна во себе, ги одговара сите прашања и ослободува од стравот и неизвесноста што ќе биде како ќе биде. Ветер во грб ми даде да се осеќам сигурна во себе, да не се плашам и паничам. Топло ви ја препорачувам ако осетите дека имате потреба од искрен разговор и совет.
Мене железото ми падна нагло, го одржував на почеток 10-ка со флорадикс ама кога влегов 7 месец ми падна на 4 и покрај пиење суплементи. Пробав и со глобифер не одеше. На крај ми препиша докторот Хематоферол и ги земав на втор ден. Пред таблета скоро секогаш пиев еден цеден лимон и избегнував млечни производи тие саати. Железото од 4-ка прв пат 18 по само еден месец. Да напоменам дека имав добар хемоглобин.
А да ве прашам, тие курсеви онлајн вредат да се платат ? Не можи бесплатно негде да се најдат низ нетов, мене доста корисни видеа ми излегуваат на инстаграм од педијатри кои ќе ги применам кога ќе се роди бебко. Јас се двоумам да одам со физичко присуство на еден курс во Битола, labebemojsvet се вика школата. Си велам не е касно, 35 недела сум Или да си барам на нет вежби за дишење и практики, што ќе ме советувате
Добар ден девојки Има ли некоја што е 38ма 39та недела, да ми каже дали и колку често ги имате Брикстон Хикс контракциите? Денес ми беа доста чести и интензивни, можеби на секои 10 минути, во рок од час и половина, после топол туш се смири се. А имав и некоја болка доле, како да ме сечеше нешто. Сега се е мирно Незнам што да очекувам, какви се вистинските контракции...
Да, бебелогија е на инста. Објаснува и техники на дишење. 6 часа се вкупно, има теми и за породување, дишење, за припрема на новороденче, доење...Плус простор за поставување било какви прашања и нејаснотии.
Da bebelogija e Да бебелогија е на инста, подготовка за раѓање, како да препознаеш што ти се случува, техники на дишење, во родилиште како ќе биде, целиот процес на раѓање, анестезии, се по ред објаснува. Тоа се првите часови, после тоа има што се ни е потребно објаснето едно по едно за секој производ, како да доиме, чување на бебето, најчесто со што можеме да се соочиме првите месеци и како да постапиме. Многу добри предавања. Јас лично добив информации за кои искрено лутав по интернетов, особено ако почнеме по Инстаграм и тик ток да бараме се изгубив со советите. Достапна е Јасна на секој од нас, објаснува и најбанални прашања и повторува најбитни моменти баш онака да ти влезат во глава да ги запамтиш.
Јас ја испофалив Јасна со бебелогија, уживав на часовите, правец ми дадоа што и како да правам. Има многу информации online ама не е се валидно дури и комплицирано е. Одбрав да верувам на ваков курс зашто Јасна е сертифициран едукатор со многу искуство, така да не може да погреши или во грешен правец да не однесе. Техниките за дишење што ги објасна еве веќе почнав да ги применувам кога ќе ми се стврдне стомакот и многу ми помагаат.
Да не знај некој колку чини една слика од ехо 5д во Плодност, ептен банално ми е прашањево да го прашам докторот да не се брукам Само една слика имам од бебе, тато не ни е тука па да му пратиме да си го види синко цел како него бил така вели матичниот
После секој преглед во Плодност ти даваат еден куп слики Не ти наплаќаат посебно за сликите Само прегледот си го плаќаш 2500ден
Добра цена држат се уште. Во Систина се изнадававме пари за прегледи, ского дупло од оваа во Плодност. Знаеш колку е породувањето?
Не само што е задолжително туку и е пожелно да се направи. Околу 12-13 недела те праќаат. Сега ќе ти даде упат да направиш. Пожелно е да направиш, зашто има испитувања кои се битни за бебето.
јас бев во 10та земав упат за микробиолошките брисеви и крвна слика. После и кажав дека скрининг и приска ќе правам на приватно. И се немаме чуено од тогаш. Планирам следна недела да идам тогаш ќе бидам 13/14недела. Што е следно што се прави во овој период може да ми кажеш?