Ми дава сликички ама на 2д ме гледа, на сликите ништо не се гледа од бебето, повеќе се слики од доплери и мерки. Матичниот досега ми има направено најубави слики на 4д ама па кај него еднаш убо го фативме, секогаш се крие. Јас прашувам за слика 5д колор шо ја викаат, ептен релаистички се сликите на фб имаа споделено ама мислам дека оган е еден таков преглед
Па веќе скрининг си направиле и милробиолошки. Приска, пренатален по желба, Торч треба да ти даде и во глобала тоа е тоа. Следно од 20-23 втор скрининг, задолжителен и побитен од првиот. Во меѓу време уште еден преглед ако те викне рутински.
Не е задолжително пожелно е. На клиника ако си бремена не се плаќа. На приватно е некаде околу 4000 денари.
Девојки колку време пред термин ви прекинале клексани ? Од почеток до сега примам по два. Ддмери се добри ама ги примам за мутации. Денеска на контрола гинеколог вика да се продолжи со еден. Пробав да објаснам зошто се два ама беше со став ако ддмери се океј да се продолжи со еден. со трансфузиолог не успеав уште да се консултирам.. секако знам дека ке кажат различно не ми е јасно како да постапам.. знам секоја ситуација е различна но вака кога треба да пресече некој..
Мене ми рекоја 24 часа пред пороѓај дс ги прекинам, никако пред тоа. И трансфузиологот и матичниот и докторот кај што ќе се пораѓам Ама како што кажа, секоја трудница е различен случај, тој што ќе те пораѓа ќе ти кажи најубаво а добро е и со трансфузиолог да се консултираш
И мене истото прашање ме мачи Јас примам еден И ако е природен пораѓај како ќе знаеме кога да се прекине? А и царски без разлика Некој велат до 35 Нед некој до сам крај Што е попаметно?
Последно примив сабајлето а вечерта итно ме породија, дека лежев на пин и примав по два. Така да види најдобро со трансфузиолог.
Здраво девојки Кога ги вакцинираа вашите бебиња против туберкулоза? Мене ми закажаа 14 дена по породувањето незнам дали е тоа многу рано за вакцина или не
Бсж кај здрави деца се дава веднаш после пораѓај.... доколку е порано родено, ниска килажа, има инфекција или има примарно крвна плазма итн се одложуваат вакцините.
@Cvetce_ @Ladyme благодарам девојки, @fragaria јас ке пробам да се консултирам со трансфузиолог што е можно побрзо за да знам како да правам само уште да дознаам јани кога е во канцеларија на транфузиологија затоа што во амбуланта е дури на 7ми јули
Искрено јас сум малку исплашена за таа вакцина прво дете ми е и незнам кога обично ги вакцинираат бебињата
Мешковци како сте со спиење? Јас не можам никако, спијам само по 2-3 саати. Се потам многу, не можам убаво да легнам, ме фаќаат тахикардии. Еве го 3 саат, станав, пуштив клима, се напив б6. Успевате да спиете на жештиниве?
Јас ни преку ден (( едвај чекам да се породам, не дека тогаш ќе спиеме хаха, него нема да сум ваква мечка, да не можам да дишам
Истооо, се мачам да заспијам по цели ноќи, се вртам цело време, па и киселини ме фаќаат. Среќа што наутро успевам да поспијам, па надокнадувам некако.
Времево е многу тешко,спарно,нема воздух, неделава ќе биде хорор како што видов на прогноза.во нормална ситуација е неиздржливо а камо ли вака...прееска бев да пешачам ..едвај се вратив веќе се потешко и потешко ми е 37 нед почнав ..и се ми е..со емоцииве хаос..
Исто и кај мене, тешко станува спиењето, се будам во зори па преку ден кога ќе заспијам не можам да се расонам. Бебе мрда и му е тесно па прави чуство на земјотрес Денес 36+1 , одиме на преглед да видиме што ќе каже докторот… Со лесно нека е кај сите најбитно