И јас правев крвна слика Мене железото ми е супер прв пат го гледам вака последните три години, плус во бременост сега Пијам суплементи пренаталните и плус од solgar gentle iron На почетокот од бременоста ги пиев тие грчките и тие ми го качија ама како ги прекинав почна да паѓа па ги земав овие Сега е добро машала да не се урочам хахаха да тераме вака Оти лани ми беше 2-4 премногу ниско Сега е 20
Девојки овде сте поактивни па да ве прашам дали има некоја нарачано гнездо и/или оградица од babybi? Ептен ми се свиѓаат на изглед ама не знам што ќе стигне и какви се со квалитет. На тема спиење истата сум, повеќе не спијам него ли што спијам, за среќа отоци сеуште немам ама жешко тешко за функционирање од ден за ден се потешко Мислењево скроз во друга тема сум го пишала а не приметив трудничкиов мозок ме зафркава на најјако
Дечки дали и вас ве болат нозе ама доле табаните? Во глобала по дома сум повеќе во седечка положба него на нога. Не приметувам да ми се отечени од горе ама кога газам како да сум пешачела цел ден на нога да сум била. Скоро цела недела како ме болат
Катастрофа не знам више шо да праам од досада не излагам нигде само ноќе до двор, не можам да спијам од жешко се будам рано со гушење. Не идам на лекар од 3ти јуни последен пат ноќна мора ми се скалите да не ми се слоши пак, крвна слика уште една недела пред тоа. Ми е тешко сеуште со мачнини и не можам насабалје да останам гладна.... Не знам како ќе го поминам ова веќе психички сум катастрофа веќе
Како да изладам соба кај што ќе спие бебе, 26 степени кажува термометарот, многу е. Клима не е во опција во моментов, вентилатор можеби или тие мини разладувачите со вода што се полнат, на тему ги има за добра цена и добри рецензии читам. Собата е 15 квадрати, и многу лоша позиција има така што и да отворам прозор нема многу провев, хелп
Ме болат и мене, баш само доле. Вака немам ни отоци ни ништо друго. Јас мачкам магнезиум гел и колку толку се потсмирува болката.
И мене ова ме интересира, многу е топла собата кај што ќе спие, прозор нели не смее до него отворен, незнам како ќе го пребродиме август. Дајте ни совети тие што сте периодов веќе со бебенца.
Систина таму скрининзи правев ќе видиме што ќе каже др цело стапало ме боли како маратони да сум трчала а претежно лежам или седам , нозете кренати
Мојата е родена во јануари ама летото јули август немавме клима ставено во соба па ставив вентилаторче помало на плакарот и дуваше во ѕид. Вентилаторот на еден крај бебе на друг крај. Кога ставив клима во дневна ја оставав навечер на помала температура на пр. на 18 или 19 па ја оставав вратат од спална отворена да доага ладно колку толку да кружи воздух да не се угушиме во топло
Болат и тоа како, само од тежината е тоа… Мојот 35ти број нога не е за моменталната килажа направен Бидна прегледот, бебето со главата нагоре напикано во желудник, следен преглед за 2 недели , ни останува да одмараме и да правиме некои вежби и да чекаме да се заврти
Хаха исто сум и јас 35бр. Ама изгледа ќе купувам 2 броја поголеми да влезе нога Ајде ајде ти си при крај ќе издржиш уште малку. Ја сум скоро па на пола, утре 19та недела. Среќа имам качено само 1.5кг ама се издржува некако
Хаха уживај цветче во топлово те чека зима во Германија, еве кај мене на 28 се навикна ќерка, толку оладува клима дува цел ден. Ќе се прилагоди летно дете
Јас во ходник оставав клима уклучена и се ладеше и во спална со отворена врата спиевме. Ако немаш клима со вентилатор а има едни се продаваат статични со вода што се полнат ладна можеш и такво да си земеш
Девојки 33+3 недела сум. Деновиве бебето во текот на денот многу често се случува да ика, денеска од сабајле 3 пати сигурно. Дали е нормално?? Веќе е поголема и постојано ги чуствувам движењата, како се тегне и клоца, за разлика од претходно.
Нормално. Дури и повеќе икаше мојата. За тегнење, не се сеќавам стомакот да ми имаше правилна форма од што само се тегнеше и како топки на сите страни бев.
и моето ика во последно време често, е сега има некои денови често мрда некои денови скоро оа ич дури и ме плаши така кога ја нема никаде цел ден, знам дека викаат дека просторот се намалува ама па да не мрда ич по цел ден незнам само паника ми прави
Девојки здраво Во 26та недела сум и цела бременост имам уреоплазма бактерија, прв пат ми се појави во бременост и ја имам постојано никако да се исчисти пиев и антибиотик и вагиналети, сакам да прашам дали некоја од Вас се породила природно и да ја имала бактеријата, ме интересира дали е пречка за природно раѓање и дали прави некаков проблем.