Немаше ни 7 саати поминато откако испив последен магнезиум и верууувај контракции осеќаш сакала нејќелс. Освен ако немаш во кичма спинал. Се осеќаат убаво.
Не знам, јас до 5 прсти отвор ништо не осеќав со првото, не знам дали дека се заборавив со магнезиумот или така се погоди. Ваљда зависи кај кого како..
Јас со 4 ри отворена бев во болница. Другарка до 9 не осети, ама кога се контракциите за раѓање, тогаш за машала се сеќаваат хххахха
Јас си се наполнав со нерви денес беспотребно. Имено како што некои знаете мажот ми е веќе некое време одвоен од мене, те Германија, ни излезе работна виза паралелно откако останав бремена па мораше да замини веднаш. Таму е 5 месеци,што значи скоро цела бременост сама си ја поминав, иако не е физички тука ептен голема поддршка ми е цел период, се трудам колку што можам да го вклучам во цел процес. Е сега проблемот е што првично на газдата ( наш човек од тука ) му беше кажано дека терминот е на 4 Август и месец дена ќе е отсутен. Планираме да дојди на 16 јули, е сега проблем било еден месец да е отсутен, три недели да бил, и сега мажот ми се туфка за идење, 16 јули е премногу рано ако останува тука три недели ... А јас со хормоните вријам, ламја сум деновиве, 5 месеци сме скоро одвоени не можам повеќе, психички попуштам. Што мислите вие, кое е најдобро решение, ми се плаши окото да не се породам пред термин и да не е тука. Ми се плачи од мака
Кај си издржа 5 мес ќе издржиш уште една недела Битно да дојде барем две недели пред терминот Не се нервирај тоа е тоа постојат газди што забораваат на она што го кажале за жал Многу е тешко што си сама и сигурно дека е многу стресно Ама и двајцата се борите со ситуација за подобро утре и за бебчето Нека те води мислата зошто го правиш сето ова и сѐ низ што поминуваш Најбитно е да сте живи здрави Ќе се соберите на едно место ќе биде ок Не се нервирај за нешто што не може да се промени, а реално не е страшно по здравјето ваше, дај боже тоа да ви е најголемиот проблем уште една недела разделени Ќе си стигне на терминот бебето ќе си дојде и сопругот Колку и да е тешко пробај да си ги тргнеш мислите некако Подобро да си дојде поблиску до термин и да остане после пораѓај барем една недела Ќе ти треба помош секако повеќе после породувањето
Мамички како сте ми , јас бев на преглед , бебка е супер 32+2 2030 Навечер не спијам , сабајле во 3 саат јас правев колач ете толку ми е пореметен сонот. Туку можно ли е да се разликуваат мерките толку многу , на Гак бутната коска ми ја мереа 48(едвај ја најде бебето не беше добро наместено и беше несигурен дечкото) а денес матичната 63 најнормално за неделава . Инаку пред еден месец матичната ја измери 53 па си викам не може да се намалила бутната ... Ама добро фала богу си ја тргнав грижата , госпоѓата со рачињата на лице не се покажува... Убав ден женски , седете под клима уживајте јас идам да си каснам некое ладно овошје по жешково не се јаде ништо
И јас го слушав истиот курс. Мене ми беше онака, некако скоро се што кажа знаев од на тик-ток. За Јасна дознав касно, веќе влегував во 9ти и баш ми е криво.
Браво, растете и тоа е супер. И јас бев на преглед денес во Чаир и јас имам добри вести, бебуш почнал да напредува со стомачето и моментално сме 2710 грама. Набива килажа фала богу пошто докторот многу се плашеше дека нема да напредне со килажата.