Вчера бев на преглед 29 полна сум од денес. Ми рече уште наредниот пат во 32ра дека ќе мериме па ако е во ред потоа немало потреба.
Баш на крај јас мислам мерат, тогаш е битно да гледаат дали се крати. Мене ми мереа некни, 35 недела. Инаку денес бев на рутински преглед кај матичниот, тој вика бебе напредува многу брзо, дека моментално е 2850 гр и ако сум со царски ( така стои со таа мисла веќе некое време, затоа што јас сум со мала карлица а бебе е со поголемко главче и машала според мерки поголемко ) дека на од 20 јули па натака ќе можиме да го извадиме. Тогаш ќе сум 38 недела, вика дека според него 3400 можи да е дотогаш Сега сум на следна контрола за една недела да види до тогаш што ќе се смени. За природно абер нема, цервикс 45 мм, никакви знаци за пораѓај досега. Ми вика цела бебе си, нема ништо на тебе, ни стомак, ни салце абе ништо А бумбарот расти ли расти машала
Јас отварам прозор целосно. Едвај до 26 се спушта темп во соба со отворен прозор, а климата ми е централна и тешко се регулира плус би дувала дирекно во него па ми е шубе. Спие само со боди по кратки и не сме имале проблем, 40 дена е бебе, од почеток вака спие, само првите денови повеќе го облакав ама и повеќе плачеше од жешкото. Консултирано и одобрено од педијатар така да спие
Јас само навлаката ја исправ, ама некако не ми е практична перницава, може не знам добро да се наместам со неа
Јас не ја користрв за доење пошто не ја доев, на адаптирано бевме. Ама топ ми се погоди после некој си два месеци ја потпирав на неа да пие млеко. А ми се погоди и кога ја ставав на стомак и ја ставав по рачињата т.е под мишки и така да поседи малку. Претпоставувам и сега за истото ќе ја користам
За цервиксот може да се скрати за 2 саати. Нека расте, па на кој начин ќр искочи не е битно. Само живи здрави, сите беблаци да се.
Цветче ако ти е за утеха теши се со мене мојов не се знае ни дали ќе стаса ни пред ни после породување работи во странство минатиот пат си дојде по 6 месеца сега ќе видиме кога го зафркавам му викам ти ќе дојдеш бебла таман кога ќе се очовечи
мене матичната ниеднаш до сега ми нема измерено кога и да ја прашав ми викаше во ред е , додека во систина на прегледите ми мереа ќе видиме и таму утре што ќе кажат
Како се ближи термин ме фаќа трема , возбуда, среќа , страв . Безброј емоции.. Дали ќе се снајдеме во оваа улога , дали ќе бидам добра мајка , дали ќе имам да дојам , што ќе мислат другите за мене ... Едвај чекам да се роди ама исто толку имам и страв за се што ме чека...
Се е тоа нормално. Не можеш да не се снајдеш. Самото чувство ќе ти кажува што како и кога треба. Се со време ќе си дојде на место. Само едно ќе ти кажам ова "што ќе мислат другите за мене" ... ич да не ти чуе што ќе мислат. Тие ќе мислат и ќе зборат што ќе стигнат и да си најдобра и да си најлоша. Битно во вашиот дом да има слога, среќа и разбирање, за другите од едно влегло од други излегло, уште подобро ако воопшто не влезе. Нит ти плаќаат сметки нит ти полнат фрижидер да имаат право на глас. Така да мама уживај си и гали меше
Јас не знам више кај да се жалам едвај од ден за ден поминувам барем да слушнам дека има некој ко мене па да си се утешам.. Вчера се утепав плачејќи да не го остаам првото дете без мајка.. Првата бременкпт воопшто не ми беше вака ништо не ми беше, ова секој ден ми е лошо ми се стресува снага ми се стемнува пред очи срцето заморено немам енергија ич. Јас не знам што да правам више пред 5 недели бев кај Димчев коа му се пожалив за пулсот и притисокот ништо не ти е ќе ти помине еве више второ тримесечие влегов мене не ми поминува. Насабалје некогаш имам мачнини и повраќам. Не знам веќе кој пат да го фатам цело време се осеќам ко болна ни да лежам ни да стојам ни да седам се ми е тешко а 5ти месец сум. Страв ми е више од се.....
Има ли некоја како мене болки во горниот дел на задникот, опашката што би се рекло? Посебно ако седам подолго на потврдо столче, после тоа не можам да станам. Од што може да ме боли баш таму? 31ва недела сум за некој ден.