Јас вака кога одам не ме боли, доста сум активна, пешачам и вежбам јога секој ден, не е до нераздвижување. Ама ме боли неиздржливо многу кога седам на потврдо столче, пример во воз ми се случи пред некоја недела или денес со син ми на лекар, морав да седам саат време на потврдо столче. И не можам да станам од болка, едвај станувам од столчето, после тоа сум ок. И твојата болка е таква?
Pa posle podolgo sedenje me zaboluva, ama ke stanam ke se razmrdam I pominuva. Bolkata ne e golema nervozna e
Мене таа болка магично ми исчезна преку нок. Мислам дека ме имавте читано тука колку се жалев од ишијасот. Изгледа притискаше бебе на некој нерв
Ама не е ишијас моето, ишијасот е некаде кај кичма и се префрлува низ цела нога. Него си го имам цел живот, затоа и јога практикувам, бидејќи ми ги олеснува болките. Кај мене е баш болка во задникот, значи седалниот дел, горе кај што се спојува задникот, не знам како да објаснам. Опашката, што би рекле старите. Немам хемороиди, немам проблем со одење во тоалет, па да мислам дека е нешто од тоа. Единствено што ми текнува е да е нешто од првиот пораѓај, дали што бев шиена или нешто така, па сега да е поосетливо, поради тежината на бебето.
Па тоа е, ишијас, шета болката. Мене таму ме болеше па ми префрли надолу. И јас истото му го викав на докторите не е ишијас тие ми велеа ишијас е
Ишијас е, прашував и јас за истото. Баш подоле ме боли, ама и десниот колк, едвај одам, не знам како ќе се издржи, а нема абер да помине.
Верапамил 40мг по потреба не е цело време, само кога си вознемирена ако оди мн пусот нагоре и б6 витамин. Пиј мн течности и кафенце јас по две пиев. Друго, смени мајнсет, ќе бидеш мајка на уште едно чудо, ќе и дадеш другарче, поддршка за цел живот, никогаш нема да е сама и вие кога нема да сте на светов. Така да ништо не и одземаш, само и даваш, никогаш нема да и е досадно и да и бараш друштво. Биди среќна мајка ова дете во тебе осеќа, и е вознемирено како ти. Све е време на навика. Ете тоа можам да кажам.
@Guns N` Roses @Cvetce_ Мене ме боли точно само коската каде што се спојува задникот, не знам како да објаснам. 1цм место е, коската ме боли и исклучиво ако седам на тврдо столче. Не нерв, не шета болката. Наредна недела сум на лекар, ќе прашам. Фала
Незнам која недела си. Може си пишала , али слабо памтење. И мене ме болеше така, дури едвај одев, од болката. Ми рекоа, бебе лежи на некој нерв или од самото ширење на карлица/матка, па дава болка и таму. Поминува.
јас сум иста ко тебе веќе четири месеци ми е така, а седам на стол подолго време почнува кичмата да ме боли до тој степен да станувам од стол ко стара баба, а после од тоа ме боли и цел грб нагоре и јас се исплашив на почеток многу, ама после се навикнав да ти кажам
Не е баш до него, има некои 2м сигурно оддалеченост, ама и така пак е топло… инаку најмногу што ми смета е што брчат мотори по цела ноќ, блиску сме до булевар и тоа е најлошо
Баш кажи што ќе ти кажат?Јас некао не дадов акцент на тоа... некако си поврзав дека е нормално... Мене баш опашката ме боли и тоа тапо и нервозно.
Исто ме болеше, на вц шоља едвај седнував, и тешко станував хаха ау ме потсети.. мислам од што се шири карлицата, јас и мн лежев со грлото, па и искривување имам... на све давав заслуга. Период беше.
Јас земав на старо филипс од членка на форумов. Види во темата за пумпи под бебе мислам уште една членка продаваше. Јас сум мн задоволна, претходно имав чико рачна.
Ве читам сите па еве ме да пријавам до кај сум. 15+6, стрептокока вагинално, низок притисок, одам на работа цели смени (минатата недела и 11ч истерав смена), имам болки периодов во стомак и знае некој нерв десно да ме фати особено кога ќе се исфорсирам. Синко е голем, го кревам чат пат (читај дете 17кг) Мислам дека луѓево не ме доживуваат ко трудница ама некад ств ме фаќа невротична или изморена фаза и не знам како да покажам дека не сум истата јас што функционира 100 на саат. Друго да не заборавам и со првото и со ова потта ми мириса повеќе и не се трпам!
Истово! Како да заборавиле дека сум трудна и сите очекуваат се да можам и да не се изморам. Првото ми е уште малечко и му треба многу внимание, а маж ми се понаша ко јас се да можам и требам, и дете, и работа, и ручек и чист стан.. и после ќе ми се слоши и муабетот епа што не одмараш Ишијасот од почеток до сега ме умре, со кочење нога со се.. со првото тек 7ми месец ме фати сега од 7ма недела ..
За да те доживуваат како трудница треба и да се понашаш така. Не да викате јас можам ок е. Почни да офкаш, да видиш како ќе се однесуваат. Ако сама не се пазиш на другите баш им е гајле. Тие тоа чекаат. Безразлика трудна или не, јас тоа сеа го сфатив. Цел живот ЈАС, ЕВЕ ЈАС МОЖАМ... Е кога останав трудна и кога смеев до вц само работите се сменија. И видов колку будала сум била И да можете, малце глума не е на одмет, чувајте се пак ќе кажам на никој ама баш на никој не му е гајле за вас ни на маж ни на блиски за жал такво време дојде... Другаркиве трудни, аа дај подај ми аа дај облечи ми ,дај стани дај срце си...јас ова никогаш, научена се сама да правам да не зависам од никој и маж и жена дома. Е сега ако на некој нешто му смета знам да го средам брзопотезно, дојдоа и моите 5 мин