Е баш така , скроз си во право . Кога одев на работа имаше уште една трудницс со мене она си седеше на каса ништо не чепкаше , јас тек на почеток на бременост се утепав по скали трчање и кревање.. Е после видов колку е саат и полека почнав и јас да се чувам , зашто да не. И дома се чувам , посебно кога бев на строг бед рест ама ништо ништо не чепкав и не ми е гајле , имаше муабети ама фала богу побитно ми беше детево да го задржам у стомак што подолго. На крај на денот , факт е дека никој нема да ти каже фала. Ни маж , ни свекрва , ни газда . Затоа без преоптеретување и без она "јас можам се". Секако дека можеш ама малце олабави, бременоста не е толку лесна.
Женчиња ја дојдов да се си се пожалам.Веќе 37 недела и неможам ни да седам ни да стојам ни да лежам никако не ми одговара. Плус жешково ми е ужас се препотувам неможам да дишам. Надвор не ни излегувам воопшто само внатре под клима туширање и разладување со сладолед ладна вода и овошје. Ама многу ми е тешко.Вие како се држите околу овие работи? Незнам како ќе се тера уште некоја недела
Како до нормален пулс во трет триместар? Брзо се изморувам , садови да измијам пулсот 110. Читав дека е можно и поради ниското железо
Можно е да е до железото, кафе ако пиеш тргни го скро, земи си без кофеин, пиј повеќе вода и мирувај.
пеперутче зимај Б6 ако гледаш дека нема подобрување кај матичен и нз мислам верапамил беше дозволен во бременост ќе ти препише што треба, исто сум и јас еден круг во двор правам душа немам скали качување исто и сега последно после јадење
Дали ддимерите биле на некој околу 4 ијади во 37 недела.Примам клексанини пак си идат по малку нагоре?
Мене 11000 на пин кога бев, после пред пораѓај дојдоа 3900, само да си покриена со терапија и не се секирај. Колку примаш?
Консултирај се со Јани, може ќе треба плус. Зошто ако се добри времињата, ддмерите и да се високи не е страшно и не дава плус. Ми рече Јани и килажата многу значела.
Еве јас сум 5 месец мене ми е прва бременост. За среќа не повраќав ама на пример уште ме мачат миризби се знам жени што до крај и повраќале и им било лошо секоја бременост е различна. Исто многу често имам тахикартии ама тоа е седнувам дишам и пијам б6. Навечер не спијам ме болат колковите станувам насабајле укочена ама па тоа е. Сите родиле секоја жена се мачела повеќе или помалку реално време лета. Јас повеќе се секирам бебето да ми е добро јас здравје ќе издржам. До пола сме ајде уште малку и се ќе биде подобро
Ептен те поддржувам. За првото ин витро будала не сакав никој да ми помага можам јас не ми треба никој и не бидна ништо за второво реков сите да доаѓаат да ми прават јадење да ми чистат да ми купуваат јас треба да лежам. Среќа фала му Бога еве бремена сум 5 месец. Решив да се вратам на работа и таму не сум будала веќе. Се не можам, порано си одам жешко е па има мерки. Малку драма сите трчаат. Факт е дека ако сам не се чуваш другите па ич. Уживајте овие 9 месеци после тоа секако се ќе е на наша грб.
@Ladyme еве ги и времињата ми рекоа ок се,продолжувам со по еден клексан од 0.4 до 38 недела па незнам што ќе ми кажат понатаму. Згрешивме што еден месец ми ги прекинаа скроз и ми се качија а ми беа 1200 во 7 ми месец Инаку пред две недели во 35 недела ми беа 3500 и со по еден клексан сега ми се 3600 идат пак нагоре но по малку ама не се намалуваат,сега сум 37
Епа се зголемува бременоста, Јани вика тоа е теомбогена состојба страно тело, и нормално без мутации им се зголемуваат а нас повеќе. Не се плаши добри се, слични времиња имав јас цела бременост.
Розевата. Килажата исто качува на доза клексан. Не само колкави се. Јас после бременост 0.6 примав, одвај ги симнав…
Јас до 6ти и почетокот на 7ми месец работев се, буквално како да не сум бремена, никогаш не се пожалив за нешто и покрај сите нелагодности што ги носи бременоста, умор, брзо се заморував, забрзан пулс, гадење, повремено болки во половина. Крајот на 7ми и 8ми веќе како расте мешето не можам да се наведнувам, одам бавно како мравка, едвај, плус и болкиве што ме фатија во половина и колкот ептен ми го отежнаа движњето, низ дома фаќам само тоа што морам и кога можам, иако не ми е сеедно да гледам низ дома да ми е растурено, одма депресија ме мава. Не сум побарала помош од никого за ништо, се снаоѓам сама, чистењето го препуштам на сопругот, не чисти како јас, ама не се бунам .
Чувајте си се жени, куќата ќе се суреди здравјето не се враќа. Знам дека на тие жени со мало детенце им е најтешко ама барајте помош ако има од кого да барате. Јас имам една другарка со три деца и на работа оди и се е на неа оставено, ама самата таа така си се постави, од тие муабети можам јас се сама и секогаш ги куди тие кои добиваат помош, као разгалени демек, и на крајот од денот секогаш се жали на мажот и како се е на неа оставено, епа извини ама сега џабе кукање кога самата така си прави Мене мажот ми и свекрва ми не ме оставаат од игла потешко да кренам, способна сум за се, имам прелесна бременост и се препираме кој да заврши некојс обврска ама ете не ме оставаат, табиет
И мене ме болеше некое време баш на истото место, многу ми помогна седење на перниче или на трудничката перница како гнездо ја праев и во нејзе седев. После некое време ми помина болката
И мојот цервикс во 37ма недела беше 45мм, за во 38ма да е скратен и 1цм отворена. А за мерките, пред да се качам на бокс 3300гр го мереа а се роди 2900гр. Беше кај др Владко? Малце ми е глупо, само те цитирам
Јас само малку да се пожалам. Некако ме фаќа некоја анкс, нерасположение. А се е добро и со мене и семејно, околина. Имам многу слободно време и сум сама по цели денови. Не идам на работа, па може имам малце време за оувертинкинг. Вака ми е денес ама се надевам нема да продолжи