Јас сум за царски а Владко досега ме спрема за природен пороѓај, не сака да слушни за царски. Комшивката ја чекаше го надноси една недела бебето и прво му понуди провокација за природно, нејќеше, ја чекаа до крај, и пукна водењак ја породи природно. Инаку за царски Сотир го фалат како најдобар.
Хаха ме изнасмеа, сега баш на мажот ми му викам, да се породам и ќе ви кажам на сите, црна листа имам Деновиве многу избувлува сум, мн нервозна и гласна, многу ми е криво, од после имам грижа на совест за бебе ама тоа е хормоните ме потиснаа изг а и тоа што сум сама а мажот далеку ми е додатен стрес. Ајде уште малце и
Мајки, тие што сте на хормонска поддршка пролутекс/циклогест/утрогестан.. до која недела ги примате ? И тие што пиете Ферона , до која недела? Мене пролутексот ми рекоа до 32ра ама заборавив да прашам за другите,зошто пијам и утрогестан и Ферона за скратено грло..
Утрогестанот ми рекоа да го ставам до 35недела . Инаку од 29та веќе ставам само по едно навечер. Јас пијам и токо релакс и ферона кои исто така ќе ги прекинам накај 35та недела.
Од 16 недела ми е 3.2-3.5. Тогаш и ми кажаа да пијам . Сега сум 32+4 и уште е толку фала богу . Мислам дека не штетат да се пијат секако.
Еве ќе се придружам и ја. Многу ми недостига квалитетно време со маж ми. Навечер легнувам со нејзе во спална во 9-9ипол, преку ден сум сама со неа до 4 отприлика… попладне маж ми секако ја зима да се изгушкаат и ептен е посветен да здивнам малце и ја. Бебка 3 недели… некои денови знае да врзе и по 3саати спиење некои денови спие како зајче по 15мин. Најголем предизвик ми е успивањето во креветче само преку ден ако е ептееен успана и влезена во длабок сон на мене па да ја префрлам. Навечер на спална или на гарнитура во дневна до мене или до мм. Така си мислев последните 2месеци од бременоста ми беа тешки од киселини и меше ама сега е озбилно тешко кога плаче и не знаеш зошто еве ја моментално додека куцам овде ми спие на рака, претходно се нишкавме пола саат со вриштење ама на крајот - моја си е .. ќе си ја нишкам и ќе си ја држам до кога треба … не е лесно ама ваква љубов не сум осетила друга
Девојки , дали имате искуство со хематом во 30+5г.н? До сега никој не го видел (или сега настанал) , денес докторката на ГАК го виде 2.1х3.8 мм, јас немам никакво крварење ни сега ни претходно. Дали е опасно ? На интернет се изначитав разни работи и многу ми е страв
Да ве прашам, во план сум деновиве да купам пелени. После некое двоумење се одлучив за кан бебе и памперс премиум за почеток. Денски ќе му ставам кан бебе, навечер премиум, таа варијанта ми изгледа најисплатлива и најдобра. Е сега во зегин има некој попуст на кан бебе, колку пелени би ми требале на почеток. Две три пакувања од по 50 пелени доста се за почеток ? Не сакам да се трупам со залихи затоа што не знам дали ќе му одговараат на бебе. 2 -ка кан бебе сакам да земам оти ве читав тука дека мали им се бројчината во споредба со другите пелени па затоа на 2-ка директно.
Јас за почеток земав Памперс на акција од Ананас две паковања од по 50 пелени величина 1, да видам како ќе му одговараат. Понатака искрено размислувам за некоја поефтина варијанта како BabyLove од ДМ. За во болница му земав BabyLove мало паковање па ќе видиме таман дали ќе му одговараат.
и јас земав уште минатата недела пелени памперс 1 од ананас со шише и цуцли од авент па после здравје. Од babylove од кои производи сте задоволни имам ваучер па да си го искористам треба до крај на месец?
Еве јас да ви дадам фидбек, 3 недели сме, памперс премиум користам, досега ниеднаш немаат пропуштено, газе и дунде чисти и без никакво црвенило.
И јас тој пакет го земав со цуцлите и шишето. Сакав тој со влажните марамици ама се имаше потрошено. Немам пробано производи од Baby Love други, нека кажат искусниве мамички хахаха. Јас пеленки за во болница му земав BabyLove и чешлиња земав од таа колекција за главчето.
И ја ги користев памперс премиум со ќере планирам и сега со ова бебе да ги користам. Кај нас чим пропуштеше пелена значи време е за поголемо бројче, така се водев
Како јас да сум го пишувала ова и кога ќе ми речат спушти го во креветче не го навикнувај на рака, луѓе во раце поише мене ми прија отколку на него, да можам ќе го захевтам за мене од што го сакам
Бебе е 6 недели, користевме памперс премиум 1 првите 4 недели, ако не се лажам 4 пакувања од 50 искористив со тоа што бебе дојде дома после 9 дена од раѓање. После тоа сменив на памперс актив бејби дека потенки за жешково време и еве денес прв пат му пропушти, мислам дека е време да сменам на број 2.
јас имам прашање до сите што сте при крај или веќе имате летно бебе... во планирате да ги вадите од болница на пеколов ? дали е океј ромперче на кратки и тетра? првото бебе ми е декемвриско, малце сум во збунка, а време ми е да се спремам