За излегување не знам, ние излеговме на 31 мај и беше во onesie по долги со боди на прерамки одоздоле и капче и чорапчиња а реално беше топло ама бев преплашена. Првите два три дена дома во onesie по долги и бебе нервозно не спие. Го расоблеков во боди по кратки и продиша, и од тогаш му немам облечено друго. Дење, ноќе, внатре, надвор, секаде е само по боди по кратки или ромперче по кратки. Кога го однесовме на контрола неколку дена после испис докторката ни рече фала богу едно бебе соодветно облечено за температуриве, а сега е и потопло од тогаш
и јас така планирав, најде бело ромперче? се превртев, освен ова во некст мало бројче никаде не наоѓам....
што е слатко, јас да на тему колку да стасаме дома после тоа друго ќе и облечам, уште колку имаш ти до крај?
Да се замешам во муабетот, зашто за новороденче многу тешко се наоѓаат алишта на кратки, стварно не ми е јасно. Посебно за машки. Ќерка ми родена во декември плус женско избор колку сакаш, ама се роди 2500 па и во 50ки пливаше. Сега чекам машко, треба да се роди во август.. Каде можам да најдам нешто убаво за вадење од болница, ете ромперче пример ама да е 50 цм. За по дома ќе си седи по боди...
Синсеј немаше ко што гледав онлајн, и праќав луѓе зошто на лежење сум Уште недела две па ќе се пуштам до некој мол да испазарам нешто. Ама ете да прашам за да не лутам. Ми рекоа вајкики и синсеј нема ништо на кратки.. т.е има бодиња, порачав нешто ми купија.. ама за од болница сакам нешто убаво, да не го вадам по боди само..
Иста сум и јасмислев дека само мене ми се случува вака и си мислам зошто ми идат такви напади и во некој момент губам контрола.Дали е ова нормално инаку 29 недела терам.
види во некст и во крш, картетс имаат мали бројчиња. денес гледав за машки убавин ромперчиња во некст @nice-girl 21 август ми е термин, уште неам почнато со нишо да се спремам некако спијам на тоа уво дека имам се од првото, и стварно имам, ама треба се да најдам да преперам и плус да докупам нешто на кратки, зашо првото ми е зимско
Јас се изнакупив работи за синко како да ќе ги носи цела година, а не првите три месеци. Има убави работи на женски пазар во една продавница Baby shop мислам се викаше. Имаат убави бодиња со прерамки и кратки. Земав и со долги нешто. Пижамките ми се со долги претежно и шпикозни неколку да имам. Имаше и комплетчиња убави за изнесување од болница, тоа мајка ми купи она ќе донела со што да го изнесеме од болница. Комплетчето имаше летна прекривка, боди со прерамки, шпикозни со долги, поткошулка, капче, ракавички, бандана и уште некои тракатанци.
Во hello baby види кај Веро Jumbo ,имаш и во Стружанка, Ситник такви работи и по интернет страни за детска гардероба
Јас ќе го вадам во кратки, или евентуално шпикозни ама најтенки што можи и да се отворени долу кај стопалата. Капи нараквици такви работи не иди во предвид, иако свекрва ми од сега ми досадва капа да му ставам, а бебе 4 август, нема шанса. Ионака нема да има допир на сонце, од болница директ во кола и дома.
Хаха кажи и на свекрвче она нека стај капа во август. Мојата е родена во сред зима ни еднаш не и ставив капа. Откако научи сама да соблака чорапи (негде околу годинка) цело време е боса, 356 дена. Чорапи облака само кога треба да искочи од дома со патики. Еве ја 4 ипол години и ден денес во сред зима се покрива со чаршафче, си има две омилени и само и ги преперувам да има со што да се покрие, за разлика од мене што и во лето знам со чорапи да спијам
и јас така, затоа тие комплети не ми одговараат, боди па шпикозни одозгора, па капа, ракавици нема шанса