Леле луѓе сто степена е надвор уште ракавици и капче му фали, облекувај си го нормално бебето како ние што се облекуваме, може и е топло па се нафрла, расоблечи ја и ќе видиш како ќе ти реагира и бебињата не икаат од што им е ладно .
Мене нерва ме фаќа од тој муабет на свекрва ми, за прво време капче убо било. Абе тешко нив на паметот, ај нека клај таа капа на 40 степени ... Децата од ќерка и така ги гледаа, ги облекуваа и не ги вадеа од дома до не знам колку месеци, децата немаат имунитет, нула. То малото испотено цело, тие капа, кебе, не знам шо ... Гледајте си ги децата како вие што мислите дека треба, од страна суфлери колку да сакаш. Јас сум под тежок притисок деновиве, само се расправам со мм по тел. Дали дека се ближи денот за пороѓај и имам излив на емоции ама не знам како ќе го пребродам ова, среќа како што лесно избувнувам така и брзо ми врви нервата.
Леле како сама да се читам. Со првото ме мрдна така па и јас будала преплашена ја слушав, сеа па мм во неа се претвори. И да имунитет никаков нема големата.
Во тие моменти пробај да се фокусираш на нешто друго, мисли на нешто убаво, смири се самата, викај дека се е во ред, ништо не ти е здрава си ќе помине, се е само психа, знаеш дека се панични напади и дека ќе поминат за неколку минути. Мисли си на бебче, колку ќе те сака, колку ќе се гушкате. Спиј си со отворен прозор или клима, да не ти е склет и спарно. Земи магнезиум бисглицинат, тој е баш за анкциозност мн опушта, по 2 таблетки секоја вечер пијам и можам да кажам дека ми е по океј со него.
Исто со првото само досаѓаа у април го родив палеа парно 28 степени ми беше у соба па уште ми го наоблекуваше со долги боди од доле и шпикозни и капа кога ја видов збеснав секој ден се карав. Кога фати жешко 3 месеци имаше не му облакав ни чорапи го соблакав по кратки боди само друго ништо вриштеа ама многу ми беше галје и фала богу што не ги слушав пупу да не го подречам еднаш се разболе само, ама затоа од ќерка и ги наоблекуваа и температура кога имаат ги облекуваат повеќе да се испотеле цело време се болни и со мрсули. Сеа и за второво не им дозволувам да се мешаат и маж ми стои покрај мене и тогаш и сеа сигурно. Само знам дека ќе се караме за храната зошто големово не јаде ништо и му ставија у глава дека е до тоа што се водев по педијатарот како ќе каже со храната
Исто со првото од ништо не се плашев дури и за пораѓајот ми беше сеедно дали ќе ме боли или не само бебето да биде живо и здраво. Сега на редовна контрола не идам од тој пусти страв, анксиозност ме фаќа... А за пораѓајот да не збориме, мене секој ден и во бременоста ми е у глава дали ќе преживеам до другиот ден од што некако ми е тешка бременоста не пак за пораѓајот да помислам уште кога дознав дека сум трудна цело време мислам
Толку многу ти е висок притисокот што ти дале терапија? Ја пиев на притисок од 170/100 ама под лекарски надзор и не знам колку ми беше дозата пошто лежев во болница и само ми носеа што да испијам
И јас мислам дека сега повеќе се плашам од причина што знам што ме чека, болки огромни, а првиот пат не знаеш ни какви се болките ни што се случува целосно и пост породилно итн итн. Ама па не треба да заборавиме дека телото памти и во многу случаеви вториот пораѓај е полесен, полесно се отвараш и знаеш што правиш. Сама се трудам да си олеснам и да не си правам паники. Само смирено дишење и се ќе биде во ред, докторите околу нас знаат што прават, едно дијазепамче или дијапазамче како што викаше Зоки З. и идемо
И јас еве да се пријавам дека како се наближуваат деновите се плашам како ќе биде пораѓајот, дали ќе ги препознаам вистинските контракции, дали ќе ми биде докторот присутен на пораѓајот и слично....
И јас , а исто второ ми е. Со првото отидов среќна , супер пројде све.. имав преубаво искуство , царски породена сум на ГАК. Ама сега кога ќе помислам ме фаќа паника за све. Како ќе биде, како ќе го прифати ќерка ми бебето.Како ќе се снаоѓам со 2 деца. Дали ќе можам да го сакам како првото. Знам хормоните ми се хаос .. ама мисли 500 во главата .. незнам како да се средам па си поплакувам на моменти... Нека ни е со лесно на сите , не сме сами, ќе си се тешиме една со друга..
Не знам што се случува со мене, не можам да јадам, не повраќам ама како подувана со мачнини сум и не ми е добро од ништо. Јадам за преживување да можам да мрдам, 16 недела сум веќе ме фаќа паника дали е нормално ова, со првото имав премногу апетит. Си викам ај топло е ама еве и на сила сеа се молам да станам бар чаша јогурт со витамините да испијам. Имам и зелен измет со денови и болки во стомак, а што и да каснам одма одам по голема нужда некогаш и 2-3 пати на ден.
Не размислувај многу, само си правиш полошо. Ќе си дојде се природно, ќе си се сакаат. Почетокот тежок ќе ни е, и кај мене е исто, 2 години разлика ама ќе биде се океј. И јас со првото во ГАК презадоволна, сега Чаир ќе се пораѓам. Тука да сме си една за друга да си помагаме и да се тешиме
Едно ќе ти кажам. Они се тие генерации што нѐ повивале со пелени како мумија на сред лето, па што очекуваш да ти каже? Што очекуваш од генерација која ги гледала децата со бајачки и адети?! Без разлика што ќе имаш новороденче во лето, ќе си го облечеш по боди на куси, ромперче, фустанче. Покриено со тетра или тенко памучно ќебенце. Ракавици на син ми не ставив никогаш, ни како новороденче. Капче после бањање па ич. Дома беше доволно топло и нема потреба од такви глупости. Ми попуваа и мене ама си терав како што мислев. Кога ќе се породиш ќе те води мајчински инстинкт, батали свекрва и нервози, дека самиот пораѓај, умор, хормони, грчеви, плачење на бебе ќе ти биде доволно, уште нервирање од свекрва не ти треба. А да знаеш дека ќе ти се меша, сите се такви. Само мора да покажеш заби за да не си секој ден со плачки и нервози.
Хелоу, јас од денес почнав со благи болки во кичма и стомак, повеќе ми личат на лажни контракции бидејќи не се константни и не се со голем интензитет. Не сакам одма на лекар да одам за да не ме враќаат по 100 пати, па подобро да ги чекам оние вистинските контракции.... Башка недела денес нема ни кадар ваљда во Чаир...дежурниве не знам колку ќе се испозамараат.
Нормално е, секоја бременост е различна. И јас со ова немам никаков апетит, по сто пати се премислувам што да јадам, ништо не ми се јаде од старт. Јадам бидејќи морам, па нешто ситно со сила. Бебе си напредува супер, веќе 31ва недела сум, а само 3,6кг сум здебелена. Башка што што и да каснам, ми ствара тешкотии и киселини. За во вц, иста сум. Од завчера до денес имам над 10 пати отидено во вц по голема нужда. За зелениот измет, не знам. Со првото исто немав некој апетит, ама немав ни ваква одбивност спрема храна. Едвај чекам да се породам и да ми се појави желба да си каснам нешто со сласт.