Да ти кажам незнам што е поентата со преоблекувањето. Гледаш дека детето ти се препотува црвено станува и место да го раскомотиш, го пресоблекуваш пак во еден тон облека. Не сфаќам како размислувале. Мојата е родена февруари и дојдовме дома, иста песна, капче после бањање обавезно, фротирски чорапчиња и боди на долги, од горе плишани шпихозни. Плус дека женско моево и 4 тетра пелени и една 8ца пелена врз памперсот. Го гледам детево и си викам јас глупа ли сум нешто, ама така било правилно . Цело време беше нервозна. Следниот ден се баталив, само по памучни тенки шпихозни и боди на кратки од доле, со памперс, глас не и чув. Уживаше неможев да ја разбудам. И баш им викав во болница 5 дена сите бебиња беа само по шпихозни памучни без никакво боди и памперс, ги шетаа низ ходницине на гак на промаја од соба до соба и здрави ги донесовме дома. Што е глупирање со облека, не сме на сибир. Мојава е 5 години, нонстоп е боса и сред зимо, мрази џемпери и дебели пижами, шал во зима никако, спиеме зимо лето на 18 степени од 7 дена возраст, на дожд ветер снег 36 степени сонце, на се е шетана со саати и фала на Бога фантастичен имунитет има. Второво мое во август сега треба да се роди пак иста приказна, викам ромпери да купиме повеќе, август и септември се жешки и имаш а капа и чорапчиња обавезно бебе е. Аха важи, ако носиш ти ќе му ставам и нему. А за бајачки и било што друго, еднаш бабата на маж ми ни кажа метличе и ноже да сме му ставеле под перничето за да можела ќерка ми да се брани од лоши духови бебе од 7 8 дена беше кога ја виде. Како ми се смени фацата тогаш, никогаш повеќе не им текна на никој за бајачки да ми зборат.
Лелеее мајка ми исто ме напна со тоа метличе и ноже под креветче да сме стаеле кога ќе се роди, па не смеел без светло да спие до 40 дена.... Викам жено не ми почнувај со бабини деветини уште од сеа пошо не планирам такви работи да праам. Доволно е што голема, мала молитва ќе зееме од црква и тоа е тоа. Не и беше сеедно ама си поќуте хаха. Во 21 век не планирам бабини деветини да праам...
Кога сме веќе како треба да биде облечено бебче за спиење, ова ми излезе на Фб па може ќе ни користи.
Не ми е јасно само кој можел да ги убеди на вакви глупости, сериозно, вакви работи ми се граничи со сектите. Мене ми е страшно што сега имаме информации и знаење за се, а уште се бараат вакви работи. Си ја бараат бељата сами. Дека женеско првото не се замараа толку, нели туѓа стреа биле женските деца . Сега чекаме машко, па верувам дека сите можни глупости ќе им текнат. Среќа мајка ми и свекрва ми се уште млади, па не терале бајачки и глупости, ама од бабите наши, секакви глупости очекувам. Или глупоста не ги пружај алиштата на бебе надвор преку ноќ. Не разбирам зошто, ваљда комшиите им ги краделе па ај да измислиме нешто да сме важни во селото
Остај, многу се нервирам со тие бабини деветини. Свекрва ми е деменциозна, има 72 год. сеа ама и кога не била она никогаш не верувала во бабини деветини. Мајка ми има 55 години и верува во секакви бабини деветини и бајачки. Значи стварно не можам да разберам у 21 век....Што викаш се ни е на дофат на рака со Интернет, а ти и понатака да тераш по тие бабини деветини. Или сеа ми текна што и е актуелно, трудница сум била не сум смеела навечер да искачам под стреа, ако не да цркнам дома на жешкото....
Аии..сегде исто значи..и кај мене е тој муабет со метли и чуда...треви итн ..ќе преживееме здравје само ..игнор на се...на секој стрес
Ако живееш во заедница тешко е да ги избегниш сите тие нервози на почеток. Од дофрлања како да го гледаш детето па до бабини деветини, па од прв ден лигави го, па низ раце кревај го сите ... Коса ми се крева одсега а воглавном не сум лик што знае да им преречи нешто иако си правам се по свое. Единствена утеха ми е дека ќе имам помош на почеток ако сум изнемоштена и дека нема долго да сме тука па ќе се истрпи. Мене многу ме нервира и тоа идење на гости кај новороденче во првите недели Кај нив најблиски спаѓаат и ќерки и тетки ама никој нема во соба да приберам, нека ми се лутат ми е гајле, од старт ќе им кажам дека не сакам никој да ми доаѓа првите недели, ќерка и нека дојди нека го види ако и е ќеф ама да ми прават корзо секој ден со децата нејзини шанса нема.
Абе само не се нервирај, кажи да важи така ќе правам и готово. Ако ептен инсистира, тогаш е друго. Барем тоа го сфатив досега. Добро добро ќе пробам, не сум знаела ќе видам и мирна глава. Бидејќи како растат има полно прњдизвици, а доволно ќе ти биде бебе/па тодлер/ па дете, брак, работа и дом, ич не треба да се губи енергија на коментари. Јас многу се нервирав. Кој идиотизам ми е јас со малата бебе присутна во просторијата, баби ја прашуваат свекрва ми дали малата цицала, дали плачела, да не и студи така облечена итн па совети и кажуваа бабини деветини за клинци и глупости. Јас вриев, а свекрва ми ми вика, што си будалче, нека не те замараат тебе. Сега ја сфаќам, ме спасила од глупи муабети.
Среќа ја го немав тој проблем. Кога се роди ќере ќе кажев пред свекрвче, онака на шала, демек да не плаче навечер да има мирен сон се ставало нож под душечето, а свекрвче ќе ми речеше снајке ај мани се од тие глупости Со маж ми се договараме кога да ја бањаме дали сабајлето дали навечер дали другиот ден и очекувам реакција од свекрвче а она: не ме глејте мене, ваше дете е тоа како ќе си одлучите вие така. Ја останав запрепастена дека не се смеша. Е за тоа ми фали највише и што не успеа малку повеќе да им се израдува на сите внуци
Види зависи и какви луѓе се. Ние сме одма до моите свекор и свекрва од сам почеток на брак. Нормално има предизвици, ама се се решава ако се разбрани и не се водат по тие стари глупи закоравени обичаи. Седнеш на маса и разговарате и се решава. Негогаш и ние сме прифатиле дека не аме во право некогаш и они. И тоа е сосем океј. Ама тоа се постигнува само кога мажот и жената живеат хармонично, а не моите твоите вака кажале направиле. И они двајца се родители колку и моите. Треба да се цени мислењето на нашите родители, сепак не израснале и некогаш може многу да ни помогне тоа мислење колку и да не ни се свиѓа. АКО и само ако е нормален совет од кој можеш да научиш нешто, а глупи и затуцани муабети, закоравени верувања и иживување врз бракот на своите деца не е добродојдено. Искрено мене неколку пати ми се нашле да си увидам грешка што сум ја правела со ќерка ми, што од моја позиција не сум ја сфаќала баш така. Пак ќе кажам ако е нормален совет со нормален разговор, без обвинувања, саркастичност и лошотилук. Ако не ги бива како луѓе и родители, немора да ти се дома за да ти прават збрки.
Каков ви е ставот за излегување со бебе пред 40 дена? Јас пред некој ден се пошалив со свекрвата као штом падне папочето ќе искачаме со бебето, она се потресе . Ако ни се излегувало таа ќе ја почувала ама излегување никако . Ама затоа и е скроз океј да дојдат сите нс гости одма кога ќе дојдеме од болница.
Јас со ќерка ми во двор излегувавме само, дека на улица сите не знаат и ќе не застануваат, а искрено несакав никој да ја чепка. Дома само моите, неговите, брат ми и баба му ги примивме, друг никој. Деца никако не дававме да дојдат. Сега планирам исто, дури ни ќерка ми нема да оди во градинка, нејќам болести од сам почеток. Си сакам време да се оправам јас и некој ред да направиме. А на бебе му треба воздух, не само дома.
Според мене скроз ми е ок да се искочи пред 40 дена. Јас лично не би шетала бебе првите 2 недели (освен двор/тераса). И ради бебе и ради мене. Да се адаптираме да се опоравиме, да се навинеме како што треба па има време и за шетање и за се. Едвај чекаме да искочат од стомак да си ги земеме, прво да поуживам по дома со маж, прво дете и бебе па после друго. Ама тоа јас лично.
Па јас искрено би била дома со бебе само заради тоа да пркне и да стекне имунитет, таман ние да си се научиме на ред и да се опоравам и јас, да не се мешаме многу со луѓе заради вируси и слично. Ама ќе го носам кај свекрва ми и свекор ми (во идта зграда сме) заради терасата, пошто ние немаме тераса.
Хаха одма наоѓа решение за да не мрда бебето од дома, а ко што викаш, гости ќе прибира. А бе ајде... Инаку, јас сум многу против тие 40 дена, секој треба да си излезе на прошетка кога ќе чуствува дека е способен и дека може, што магично ќе се случи 41-от ден? Син ми прв пат го прошетавме во парк кога имаше една недела, по консултација со ПЕДИЈАТАР, не баби, тетки и сл. Јас сама терав дел од луѓето да дојдат, затоа што полудував од самотија, од плачење на бебе кое не можев да го смирам, маж ми по цел ден на работа, ќе излезе наутро ќе дојде вечер... Од педијатар беше кажано само да избегнуваме молови, а за надвор на воздух колку сакаме (пролетно време беше). Така што, и сега ќе правам исто, само да сме сите добро. Воедно, не планирам да седам дома постојано и да чекам свекрва секој ден да ми доаѓа, веќе еднаш си го имав тој проблем кога си доаѓаше секој ден па дури и ненајавена, ама тоа се жалев во друга тема, а и тоа беше лани, не бев со бебе па полудев, тек сегс кога хормоните ќе ме шекнат Меѓу другото, и поголемково ќе ми тргне во училиште, нема сакам- не сакам, ќе одам да го земам од училиште кога треба, во продавница да испазарам...само го молам Бог овој пат психички многу полесно да поминам, затоа што самотијата и плашливоста претходниот пат ме здробија заедно со постпородилната депресија. Уште да не излегував секој пат кога ќе имав прилика, ќе бев во Бардовци сега... Така што, девојче, прави како што се чуствуваш, а другите што сакаат нека мислат и нека зборат.
Добив една изјава и тоа од свекор ми пред неколку месеца како ќе сум издржела 40 дена на жешково затворена во стан слатко се изнасмеав и искоментирав ќе си седиме во паркчето што е до зграда на сабајле и приквечер
Кога си дојдов од болница под душекот на креветчето му ставиле на син ми чешел и огледалце, а до креветчето метличе мало, за да го чувало ако останел сам во соба. Не ми беше до карање тогаш, ама фино лепо утрето извадив сѐ, дека јас такви адети и глупости не сакам.
Девојки хелоу. Месецов бев на кломифен . На 13 ден од циклус два фоликули беа 23мм. После тоа пиев естрофем бидејки ендометриум ми беше тенок. Денес ми е 29ти ден немам добиено. Обично добивам на 26ти на 27ми. Прашањето ми е , дали е можно од естрофемот да ми доцни ? Два теста беа негативни.