Devojki , za vo bolnica kakva torba nosete? Ranec , kupuvate nekoj tip koj ponatamu se naoga za bebe ili kakva bilo Pregeska se setiv na toa Cestitki! Da se zivi I zdravi
Јас носев мало куферче. Мислам дека ми е со малку помали димензии оние за визер куферчињата. И овој пат истото ќе си го носам
Дали имате испукани капилари? Многу ми имаат испукано на нозете, бутови, листови, еве сега гледам од вчера до денес двојно повеќе...се нервирам затоа што знам дека нема да се повлечат 31ва недела сум, се немам поправено толку многу за тежината да влијае на тоа...
За почеток имавме транспортно креветче на 2 нивоа. Бебе на горното, долу во делот за складирање ставиле и свекрвата метличка, книга да е учена, пенкало и не знам што друго. Ни ги видов, ни нешто ми засмета. Стари или какви и да се верувања имав куп други работи за нервоза, тоа не ми беше на листа за нервоза воопшто. Инаку за излегување на почеток на февруари дете помалку од месец кога имаше сонце си седевме на балкон. Облечена во скафандер, капа зимска, покривката од транспортерот. Кога беше погодно времето си го користевме за надвор. Е ради вируси баш јануари/февруари ние не одев по куќи, не дека некој ми забранил туку баш и корона и се уште беше во шема. @LanaDelR , честитки
Истото се мислев.Кога сум одела на гак имам видено дека жените носат нсјобична торба, како за пазарење на пример. Не знам какви треба се мислев од тему да нарачам. @LanaDelR честитки мама
Моето прематурче, 2250 ја зедов од болница после 3 недели инкубатор, прво бевме на педијатар за 6 дена од тоа во ремедика и Др Јадранка ми вика, јас би ако можеш два месеци дома, сами без гужви. Издржавме до 40 дена бевме на молитва и до кај мајками и свекрвами и дома. Одлично напредувавме и се опуштив после 40 дена шеткавме, испадна и крштевка да направиме кумот ни дојде од Германија ( 10 души само најблиски бевме) . Така да искрено уште не се пикам во гужви 3 месеци сме, дете не и се приближило, дома само мајками и сестрами и свекрвами биле никој друг не влегол. Матичниот ни рече пазење, мала е недоразвиена, може килажа качува ама органи побавно се развиваат него во стомак. Така да ако све е ок, движете само не во деца има доста вируси стомачни, коксаки, инфлуенца итн... не ви треба на мало бебе. А сами прошетки во природа, без луѓе. Комшивкава пред некој ден пушти рака ја фати за рака... иии се напнав викам како луѓево... незнам јас така дали сум растена, мајками е исто, не се пикаме во туѓи деца, или да загледуваме или да коментираме. Може да речам добар ден добри ли сте поздрав толку.. оваа ееиии бебе срцка каква е слатка и уп ја фати. Една баба во тафталиџе веро ооо мн сакам бебиња и ми се наведнува во количка да пикне глава викам супер и да ме нема не застанав и викам извинете брзам и седам на сувомеснато ете ти ја пак... иде накај количка аух викам. па мм вика ее де стара жена. Несакам да ми ја чепкаат рандом луѓе.. боже петра.
Леле луѓево еј, немање осет и култура максимално… нас ни рекоа до 2 месеци да не го мешаме со деца никако, се роди со проблем со дишењето мислам пишував по темиве, и се придржуваме до тоа. Ама некое кругче околу зграда навечер и насабајле правиме од некаде 3 недели, значи десетина дена откако дојдовме дома мислам, по препорака на педијатар. Малку на воздух е добро и за бебе а и за вас, да смените средина. Тие десет дена дома јас како во машина бев, не знаев ни колку е саат, ни кој ден е, буквално робот. Ми беа преубави деновите затоа што конечно можев да си го гушкам бебе после сите стресови ама истовремено ми фалеше воздух и контакт со луѓе. Не ни доаѓаат луѓе уште (освен моите и на мм), до 2 месеци нема да дозволуваме, а и после тоа само некои поблиски на почетокот. Мислам не би издржала 40 дена дома и мислам дека мали прошетки имаат повеќе корист отколку штета, нормално ако се е во ред со мама и бебе