Ве читам за бабините деветини и не ви ја разбирам нервозата. Па се тоа што ви кажуваат да направите е настанато од очај затоа што кога раѓале нашите баби и прабаби многу од децата им умирале. За да некако тоа престане иако причините биле нечистотија несоодветни услови и слично (се пораѓале во штали, немале вода струја, немало доктор ги пораѓала бабица) си измислиле работи за кои што мислеле дека ќе им помогнат да си ги задржат децата. Колку од вас имаат дедо прадето што се вика Стојан, Трпе,Трајче. Им ги давале имињата за да стои, трпи и трае бебето да не умре до 40 дена. Јас адетите со нож и метла не ги знам никој не ми ги кажал го знам оној за да не се пружаат алишта ноќе надвор затоа што може некое бубаче да влезе да не го видите и да се нафрла бебето ништо не не кошта да пружате внатре мада сега сите имаме сушари. Дури и да ви ставиле нож метла едноставно извадете ги и не се нервирајте непотребно. Ниту една мајка без разлика дали е вашата или на сопругот не ви мисли лошо. Јас сум релативно млада ама се измачив да останам бремена. Покрај сите медицински работи што ги направивме правев и многу работи бабини деветини. Не знаете очајот до каде може да ве однесе. И искрено верувам дека нешто од тоа што правевме имаше врска со нашиот успех.
Провери ддимери и хемостаза. Јас забележав исто како мене испукани капилари по нозете и при проверка испаднаа ддимери високи и сега примам клексан. Од кога почнав да се боцкам веќе немам нови
Одма штом се почувствував подобро со раната излегував. Мислам беше 3 недели ќерка ми. И тоа зима, јануари. Секој ден шетав 2-3 саати по 5-6 километри пешки, на кафе седнував кај што имаше маси надвор, таа си спиеше во корпата.
Природно се породи ? Кога ќе имаш време можиш да пишиш како се одвиваше пораѓајот, ме интересира стрикно за анестезијата. И јас сум со клексани и малце како наближува денот ми е страв оти треба да се орекинат 12 часа мин поради ризик од крварење и хематом од анестезијата. Мене за царски ми спомнува матичниот оти бебе е малку големко поготово обемот на главчето, а наместено си е во положба за природен пороѓај
И мене тоа во Систина ми спомнува Димчев. Бев во петокот на преглед 35+4 бев бебе 2700 се супер ми вика само од каде ќе испаднело тоа дете него тоа мисла му било. Он е повреден и нема да може он да ме пораѓа и сега треба да сменам оти неделава треба со ЦТГ да почнам. И во приватните и во државните се научија секоја втора царски само повеќе пари да се земат. Мене бебе ми е од 6 месец со главче надоле и се нема свртено, ако си тргне природно не гледам причина за царски.
За Систина не би рекла дека инсистираат на царски. Напротив колку и да инсистирав никој не се согласи, четири смени на доктори се сменија во тие триесет и кусур саати, но сепак, ова е само мое искуство.
Ни мене ми немаат директно на царски насочено да речат мора да биде, само муабетот натаму го тера као демек големо е уште дега цел месец имаш уште колку ќе порасне дали ќе може природно. Јас сум си за природно и ќе си стојам на тоа освен ако не бива или не дај боже да дојде до некој проблем.
Па тоа е здрава тежина како од кај ќе испаднело…? Ццц како така ти збори… жени со 4кг бебиња раѓаат природно зошто ти не би можела? Дури и кило да качи последниот месец пак е океј. И јас не гледам причина за царски само заради килажата.
Мала карлица, појма немам искрено. Со цтг кога почнавте, според цоклус сум 36+0 ама според мерки на бебе оред една недела 37 ми рече матичниот. Во плодност докторот ми се враќа дури на 19 од одмор ми рече дури тогаш цтг, да не ми е касно ? И дали матичен можи цтг да направи ?
Ти благодарам многу. Обавезно ќе испитам, 31ва недела сум, а се уште немам испитано (по мислење на гинекологот). Не губам ништо напротив, можам само да добијам.
Женски, до колку саат примаат брисеви на Институт за микробиологија? Имам општ упат без термин, на Мое здравје гледам дека е валиден 1година, дали е тоа во ред?
Затоа викам ако е само тежината на бебето не е индикација за царски а ако има други причини па така рекол, не знам. Уште немаш почнато со цтг? Јас почнав од 24та недела и мене матичната ми правеше цтг ама во Германија тоа така да не сум јас мерило не знам како е во Мк.
Како што знам на Гак на пример цтг прават од 37 недела. Нека кажат сигурно поискусните мамички. Мене ми правеле цтг ама дека имав болки во 32 недела. Кај матичната ќе одам последен пат во 35 за две недели да ми направи брисеви после како што иде не знам. Ме фаќа тремаа