И мене ми го кажа истото претходниот понеделник… бебе 2500-600 ама не морало да значи дека и ако се заврти со главата(уште е нагоре) ќе биде природно, може пак да излезе царски оти јас не сум била многу голема. А дали кажа од кога нема да е присутен на работа?
Ќе правам како што ќе речат, доктори се и си ја знаат работата. Ама ако излези некое глуфче од мене а цело време ми го водат како хулк ќе ги тепам
мене во систина ме водат според мерките на бебето 35 сум моментално а според циклус 36 и ми рекоа наредна недела на прво цтг и на вагинален преглед , а кај матичната сум утре на контрола бидејки бев со притисок и отоци.
Фала ви женски на одговорите, денес ќе одам до кај матичниот последен преглед, среда закажав за плодност, најверојатно ќе ми направат цтг пред да замини докторот па да се договориме што како. Досега во плодност ми немаат ништо спомнато за каков ќе биде пораѓај, Влатко во плодност вика нормално бебе е, мн малце главче поголемко и ноџиња инаку ни царски ни ништо нема спомнато, ќе видиме среса. Матичниов па од 7 месец е убеден дека е најдобро да одам закажан царски и да се поштедам од маките, плус и со терапија клексан сум јас.
И мене ми спомнуваа царски заради големината на бебето и навидум тесна карлица, па се породив природно за половина час од прием во болница со два напони и минимална епизиотомија. Бебе се роди 4150г, а за обем на глава, само ќе кажам дека без капа го извадив од болница оти мала му беше
Леле дај Боже сите вака да си поминиме, нема поубо од природно, ама ми се има врежано некој страв дека ќе искомплицирам нешто ако не излегува, паниката си работи Моето знам дека ќе е тикварче оти татко му и сите во фамилија кај него машала во главите
Не се секирај предвреме, ќе те види докторот Плодност, ќе разговарате ќе си прашаш дали можи природно сепак тој е докторот шо ќе те пораѓа не матичниот, ќе те пратат и на цтг сигурно па после обично по 10 дена ќе ти речат да одиш на друго цтг пак.
Да си го слушаш Влатко, јас бев кај него за пораѓај и докторот е многу професионален. Ако сметал дека си за царски ќе ти кажел одма, ама штом ти рекол нормално бебе, сигурно знае дека имаш шанса и за природно. Не се плаши, ќе биде добро. Само слушај го докторот и соработувај со нив.
Мамички на приватно ги прават ли анализите за брисевите знаете? Колку вкупно беа? Да не се мавам по топлото на клиника
Јас само што завршив со преглед, плодова вода со снегулки, шетаа, вика бела вода, плацента не е зрела сеуште. 37+2 според мерки и 3.100 гр. Среда сум Плодност па ќе видиме што ќе кажат таму дали ќе закажуваме термин за две недели или ќе чекаме природно.
Моја блиска другарка и нејзина пријателка, блиску со термини за породување, кај др. Димчев, другарка ми се породи природно, а пријателката нејзина со царски, големо бебе, а тесна карлица. Докторите си ја знаат работата, а секогаш може да се побара и второ мислење, ако постои сомнеж, иако мое мислење е дека ни во државно, ни во Систина не се преферира царски пред природно, освен ако мора.
И јас така велам, тој што ќе ме пораѓа најдобро знае, искусни доктори се со еден куп стаж зад нив, е сега во Битола лани имаше случај знаете сите да не го споменувам тука, ама таму пак апаратот крив го најдоја шо и не ме чуди, со оглед какво стање е болницата
Под еден разбирам загриженост меѓутоа Боже тоа е дете.... Како второ зошто ја делите од деца? Што ќе ја убие ли мал вирус па како мислите имунитет да развива... На денешницава очигледно ама и сигурно работите па фала Богу тоа дете треба во градинка... Додека да средите документите и да почне на градинка 100%еднаш ќе настине... Трето: неможете дс го држете во стаклено ѕвоно да биде нежно и да се плаши да се социјализира.. Да бега од други деца оти така му било речено... Имам два примери во соседтвото еден каде што од бебе до 21година и правеа блендирана храна и на 22 години не знаеше да џвака возрасна девојка 38кила со се кревет... На факултет заедно одевме и таа секогаш одеше дома да јади бидејќи неблендирано не јадела... Вториот пример другарка моја се породи и замислете никој до 5години да направи детето не дозволуваше да го гибни... На сопствената мајка не и зборуваше бидејќи бебето го пресоблечила (бенкичето му го сменала)... Видете загриженоста е нормална но премногу е многу штетна... Не пишувам со лоша намера и јас се плашам што ме чека ама знам дека детето нема да ми биде нежно и растено во стаклено ѕвоно...
Точно!! Секоја генерација со свои адети... Тргнете ја настрана нервозата МАЈКАТА знае што се му треба на детето.... Адетите, верувањата,митовите и приказните се создадени од генерации кои претходно ги создавале па се пренесувале од генерација на генерација... Сега на Балканот тоа е сеуште активно надвор е многу поразлично.... Странство буквално до 40дена што се вели половина град ќе го види бебето!!! Така да без нервози од едно уше влегува од друго излегува за да не биди навреда распределувајќи адетите како на ваша така и на страна од сопругот и да нема кавги... (Се разбира сето ова во границите на нормала да биди)
Да мора да се пази детето уште нема развиени добро бели дробови, диши забразано и површински со предлог од доктор ја пазам. Била во инкубатор 3 ипол недели. За неа еден вирус и ако се спушти инфекција на бели дробови може да заврши на кислород. Сега кој може тоа да го разбере и го поминал знае. И ако можам да заштедам една година додека почне градинка без настинки, би била среќна. Да имав друго дете, она да беше втора нема бегање сигурно ќе фатеше нешто. Сега не ми треба тоа. Плус е бебе од 4 кг, како ќе си игра со деца? никако. И несакам да ја чепкаат луѓе што не ги знам и тоа мислам е исто мое мислење, тоа е во културата на човекот, неможе туѓи деца да чепкаш. Да не идеме во екстремности, јас сум едуциран човек и знам до каде иде мојата грижа како родител. Ќе дојдат тие денови кога ќе иде во градинка. Сега сакам мирни денови и здраво дете кое треба да се развива и да ги стигне децата од нејзина возраст.
Mi nema spomnato tesna karlica samo golemo bilo bebeto za nedelite kazav prethodno kolkavo e, a vo bolnica vo Veles sekoja 2 e carsko radi toa so zimaat doktori povekje pari i treba da ti bide poznat i da re znae za sa bidw okej
Жени убави, како сте ми Мене денес толку ме чеше стомакот , се шират стриите Пишував на темава кога ми искочија ненадајно сега уште повеќе ги има и стомакот ме чеше ама ваљда не смеам да го чешам па се нервирам. Бебка шутира , за две недели идеме да ми земат последни брисеви ии полека се ближи крајот Лошо се спие , многу се мочка , многу потење и губење на здив ама тоа е @Ladyme како што знам си фармацевт.Еден совет ми треба. Нагло ми падна железото од 17 на 4 буквално во еден месец. Што би било најдобро да го кренам малку..? Си направив коприва и мед , цвекло , какао а од суплементи имам од Солгар gentle iron 20mg. Ич не се разбирам дали е доволно или да сменам нешто појако.