Само тој што не го доживеал ова не знае како е. И прво да ти е и второ и трето ќе го пазиш и чуваш најдобро што можеш, не во стаклено ѕвоно, абе ќе забарикадирам се ако треба. Мојава гнојна ангина фати 4 дена во болница бевме па два месеци не ја пуштив во градинка додека не зајакна имунитет. И се тресам на секое закашлување и шмркање со нос
Пеперутче, земи мн е ниско 4, мислам не би можел солгарот да го крене железото брзо, за да не ти паѓа силата. Види јас би пре за тотхма или хеферол барем две три недели, незнам која недела си. И земи чиста форма метил б12 1000ка и вит ц 1000ка со продолжено делување да може да се врзе тоа железо што ќе се внесува. И мислам ќе имаш брзи резултати. Секако консултирај го матичниот, хеферолот може и да го препише, сепак е ниско 4 ка, не троши пари на други додатоци сите имаат стандард 20-25мг железо како тоа што го имаш, што нема да има брз ефект кај тебе.
33 недела. Не знам од еднаш како падна не сум имала проблем никогаш кога ги видов резултатите се шокирав. Ти благодарам многу за одговорот ќе те послушам дај боже барем малку да се крене..
паѓа пеперутче нормално е ....јас цела бременост со низок хемоглобин и покрај терапија со ферозомал 3 пакување мислам дека испив и еднаш тотхема ми беше над граница сега последно кога бев пред 2 недели повторно паднат
@Nuny очигледно не беше во тек тука за целата ситуација што лејди ја помина додека се стабилизира состојбата за да може да си ја земе конечно дома. Да деца се но децата се најголемиот вектор за ширење на вируси дете како дете ќе кивне ко за беља право во бебе , сега па во екот кога има на сите страни вируси стомачни па, и сипаници и јас да сум не би сакала ни бар некое време бебе да има контакт со помали деца и затоа потполно ја разбирам лејди.Има време ќе се окрлават и ќе има време и за игри и дружби со деца ама се знае кој сега е на прво место.
Јас сум понапред една недела, од ден на ден се помачно, јас не можам да испаднам надвор, одма ме фаќа несвестица од топлото. Не можам ни да седам, ни да лежам од тежината на мешето, ме притиска, а болката во половината станува се поинтензивна, не можам да стојам подолго од 5 мин во исто место. Бебе си мрда постојано, ќе издржиме некако, само ми е страв дека нема да стигнам се да средам дома и да спремам се за бебе. Во одност на железото земи тотхема најбрзо ќе ти го крене железото, може и две ампули една недела брзо да го крене, па потоа по една, сепак консултирај се со матичниот најдобро.
Да прочитав и затоа нагласив дека е размислување и дадов пример... Не дека ја обвинувам само не сакам да се обседнува со тоа и да мисли на лошо ... Напротив ниедна мајка барем еве првите месеци од животот на своето чедо не сака да се закашла а камоли да настине или Недај боже нешто да не е во ред... Се потоа со самиот развој и раст се средува полека... Исто како првите три четири месеци од бременоста така и првите три четири месеци после породување се малку посложени... Сите очекуваме што побрзо да поминат тие 9месеци да си го видиме жабчето што ни скока жниз мешето.. Не сакам членката да свати погрешно
Богами се помачно станува поготово кога треба да смениш страни лева-десна мислам дека цревата и сите органи си ги оставам на една страна за да можам да се завртам , па таман се наместиш и те фака дремка беба игра на бешика па трчанката до вц да не направиш бељаајде уште малку остана ќе издржиме храбро
Да ја искористам приликава, и јас сакам да те замолам за совет и мислење Железото ми е 11.8 (од сам почеток ми беше не многу високо 13, 13.6, 12.4, сега 11.8 најниско). Докторот ми вика во ред е, ама сакам да земам нешто да почнам да користам превентивно, да не чекам да падне многу ниско, втор триместар сум. Пред некое време прочитав твое мислење за железо од now 18mg. Па се мислев да земам од него, плус во пренаталните имам 14mg. Доволно би било 18+14? Фала ти многу однапред
Да Ехо јас така цела бременост поминав со тоа од now и се одржуваше, важно не падна и хемоглобинот ми беше добар покрај све што примав и на пин терапии. Така да мислам супер комбинација е.
Дали некоја мамичка користела New Iron? И мене ми е 11 железово, матичнава вика земи од ова, а гледам 18мг има железо
Леле Нуну, значи ти се молам. Оваа порака не е мислење, како што си пишала, особено не со: под еден, меѓутоа Боже, под два... Туку саркастично подбивање. Сите те читавме и те смирувавме во првите недели од бременоста овде, со оглед на минато искуство, и одговаравме на куп (сто пати одговорени) прашања. Оттука барем треба да повлечеш некој заклучок како изгледа загрижена мајка, и да не делиш неосновани филозофии. Бебе од 4 кила, прематурче, не се споредува со 22 год девојка што јадела блендирано. И тука ќе застанам, ти пишале се друго што треба.
За железо зборите, јас првата бременост пиев тотхема, од 2.6 на 4 ми се качи. Толку, џабе го пиев тоа одвратното. Поентата ми е, не е ефикасно кај сите. После пораѓај одма се средив, ама сега да имам пак мака не зимам тотхема за жива глава
Мајкии како поминувате бременост на море некако се наплашив да се бањам дека ми даде за секој случај вагиналети и сега некако ме страв од бактерии
Морам уште ова да се надоврзам, извини што на твоето реплицирам. Мојава еве ја 4.5 год секогаш кога ќе качеше температура не ја пуштав ден два во градинка, додека падне темперстурата, сируп давав ако се качи над 38 темп. Се до пред некој месец кога нагло и скокна температурата па доби благ фрас. Па со брза помош во болница и останавме таму неколку дена. Е после тоа давам сируп и на температура од 37. А качи темп не ја пуштам во градинка по цела недела, што ради неа што ради другите деца. Слушам коментари абе не ја прај така свилена, не давај сируп нека јача имунитет. Да гледам детето како ми се губи во секунда, не фала, тој стрес и загриженост не би пак па нека е и свилена, не би го дозволила. А не па бебе прематурче, плус што било во инкубатор толку време.