Јас не сум била, не кажувам од искуство ама пред некое време ми излезе видео со совети. Се спомнуваше да не се седи во плиткото, да се избегнуваат делови од плажата каде што има премногу луѓе и да не се седи во влажни купачи. Тоа запамтив. Убав помин
Мене во државна ме праша докторот дали планирам на одмор , викам не . Ми вели и подобро да не фатиш инфекција пред крај . Му спомнав дека сакавме во Охрид на некој ден , вели ако ама у вода до под газ. Не знам која недела си , ама основен совет како : повеќе под сенка , не на сонце подолг период и избегавај бањање иако знам дека е тешко, многуу хидратација и спф. Значи не сум била единствена со прениско железо.. Осеќаше ли замор задишување? Читав дека може да ме од тоа....
Ја живеам на море и гинекологот ми рече слободно бањај се сончај се само гледај тоа да биде или рано наутро до 11 најкасно или попладне после 17 часот
Јас никогаш не се подбивам со никого.. Меѓутоа кога мислите така повеќе е коментирам ќе излезам од темава .... Разговарајте слободно кога само мене ме смирувате по стопати не едно прашање...
Искрено не памтам многу како се осеќав пред скоро 6 години беше . Ама таа бременост општо бев помизерна, мислам дека немав некои екстремни знаци дека толку ми паднало железото, цело време бев како полусвесна.. Ама од тоа ти е, плус поодмината бременост во лето и само по себе е напорно. Пиј нешто, ќе се средиш после пораѓај (со железото де ).
Со едно ќе се средиш, со друго во хаос и така . Ама да мислиш за уште еден внатре во тебе дефинитивно мене ми е најмачно. Кога ќе излезе барем не треба сама толку да се пазиш, ќе го пазиш бебето.
Минатиот месец имав сличен пад, од 20 железо на 8. Јас се сомневав во промената на мултивитамините затоа што баш во тој период ги сменив. По препорака на гинеколог купив ферозомал, пиев две недели по една кесичка, не цел месец. Во меѓу време ги потрошив Провен мултивитамините и си се вратив на старите, Прегнатол. Железото од 8 се качило на 15. Сега малку експериментирам, па по последната крвна слика (каде што беше железото 15ка) престанав со Ферозомал и пијам само Прегнатол, да видам дали ќе ме држат како и претходно, т.е. дали железото ми паднало од тоа што сменив мултивитамини, или сепак ми треба појачување. Инаку, во Прегнатол видов дека содржат 20мг железо, за разлика од Провен кои имаат 14мг. Додади нешто плус од тоа што ти предложи Лејдими, ако си немала како мене промена во мултивитамините.
Дали некој имал болки во почеток на бременост. Јас сум 5н5д и имам болки ниско во јајниците, доле во ... и во половината.
Да Женска ипол сум сега хахах , се фарбав со фарба без амонијак ама како ми влијаеше на самодовербата врв. И јас сменив пренатални од новалак преминав на некои pregnancy forte мм тие ги земал па ај да ги потрошам. Видов пишува дека содржат 20мг железо.. Си купив тотхема и мислам дека ќе ги комбинирам од Солгар , дај боже да се крене малку бебево ме исцица пред време @BubamaraM Стегаме палции и те чекамеее на дружба
@Peperutce6 аа наздравје фризуркаплава си? Со која фарба се фарбаше, јас морам да се исфарбам не знам на коренов како ќе фати без амонијак долго не сум фарбана ...
Здраво мајки Едно малку чудно прашање.. бремена сум 15+4, но често приметувам мокри гаќи… одам често во вц но баш непријатно се чуствувам цел ден само менувам гаќи. Правев брисеви и се чисти, немам некој друг исцедок, дали има некој слично искуство? Кога ја прашав мојата матична кога ми ги зимаше брисевите дали е тоа нормално и немав некој одговор добиено..
Cela bremenost sum so icedok koj na pocetokot kako pomocena. Bez miris. Brisevite dva pati gi povtoruvav I ok bea pa Dr mi rece deka e ok toa.
Да, јас на почеток неколку недели имав во десен јајник, нешто налик менструални болки. На почеток на бременост нормално е (и на форумов многу девојки го имаа истото пишано). Ако не се неиздржливи, јаки болки, и ако немаш други симптоми - нормално е.