Се вртите ли на грб додека спиете? Јас цело време несвесно се вртам на грб во спиење,маж ми ме буди нонстоп за да се свртам на страна,а нели не е добро на грб…
Исто и јас, минатата бременост имав од горе до доле, сеа под папок само. 34+5 сум, уште не ми се верува дека стигнавме до тука, нека не чува господ и со лесно да поминеме сите цел ден лежам, притисок доле осеќам и јас и што викате почести лажни контракции ама денес некако не знам ни да опишам како се осеќам, нешто измеѓу мутаво и омалаксано само ми се лежи.. жешково не потепа баш. Вчера на прво цтг се супер беше, сеа следна недела пак За колку време излегуваше резултатот од гбс брис?
На сестрами и рекоа 99% машко двајца доктори на прв скрининг, и кога стигнаа резултатите од пренаталниот недела после тоа испадна женско
Мене 3ца доктори до сега машко од кои едната рече немој да ме кривите ако испадне друго после хаха Утре сум на втор скрининг кај 4 доктор па да видам што ќе каже она
Истото ми се случува деновиве, се мислев дали да пишам тука. Јас сум 34 нед, исто доле чудно се чувствувам, не знам како да опишам, а да не звучи глупаво, како да се шири доле и при мокрење ме пецка, ама не како инфекција и не е постојано, при седење чуствувам некоја чудна блага болка вагинално.
Исто и јас, втора бременост, 31+4 некоја едвај видлива линија од долу до папок, за разлика од првата бременост кога имав огромна темна линија. Туку, дали ви се случува некогаш да ве запецка/здоболи папокот, како да го тегне некој?
Да, мене. Дали нагло кога ќе станам или кога ќе се свртам. Баш ме запекува а и бебе некогаш таму мава па ме здоболува. Јас сум 29+2
Јас скоро секогаш кога се будам на грб се будам, и не се замарам ич. Никој во спиење не можи да контролира како спие, единствено се пазам да не треснам од спална
Здраво девојки, Денес бев на преглед + земање микробиолошки брисеви и PAP, 14 недела сум. Матичниот кажа дека има бело прање но дека било нормално. Превентивно ми даде 3 вагиналети до резултати да ставам. Има некој искуство со овие? Нема ништо лошо по плодот?