Во план сум на купам и перница за трудници. Вака со пернициве само се бркаме во текот на ноќта Се потешко и потешко е, па уште беба кога ќе се собере ниско доле
Јас купив лала и ни ден не ја користев. Ставам обично перниче меѓу нозе 40на40, новогодишно ама ми се најде
Зошто?? Мене трудничката перница ми е најискористено нешто, да не е перницава не знам како ќе спиев досега, ја имам од 6ти месец, како почна да расте меше. Без нејзе нема шанси да се наместам во некоја погодна позиција за спиење, особено сега во 8ми кога е се потешко спиењето и вртењето.
Истоо , без перницата ништо како без раце сум . Колку пати сум го фатила мм ако легнал порано заспал на перницата Од страните ми е многу битно да имам потпора зашто иначе двајца ќе ме влечат да излезам од кревет BTW Прва ноќ без да се будам испотена Барем уште две ноќи нека биде вака свежо навечер
Јас имам перница за трудници прошлата бременост неможев без неа стварно спас ми беше,и сега ја користев до пред да фати пеколов,сега кога е врукина вака неможам не трпам ништо само мало перниче мегу нозе едвај и тоа
Ееее конечно и јас наспана ко што треба Вака да биде што подолго Сега се спремам одам на последно ехо и цтг кај матичната па ке пишам како сум прошла,ова мерак да ти е и пешки да си поодиш надвор,а вчера излегов со малиот по фустан,абе смрзнав значи готово и се вративме дома да се облечеме у долги
Која недела си тии? Ептен се ближи крајот хаха Мојата изгледа не прави цтг , следен петок сум на последни брисеви ама ќе и кажам да ме стави и на ехо да ја видам бебка
Јас денес 36+2, во понеделник во Систина сум кај докторов што ке ме пораѓа рече резот ке го мерел од прошлиот царски за да видиме да се договориме дали има простор за природно или ке закажеме царски за таа недела после тоа. А денес кај матичнава ем породилно да отворам ем последен пат да видиме дали конечно ке се покаже бебево,немам ниедна слика асална неможеме да го видиме секогаш се крие или со раце и нозе е пред фаца,што инат ке беше Ти до кај си?
Имате онлајн попуст во Зегин на цела линија Уриаж,Еуцерин,Биодерма,Веледа,Мустела,за тие што сакате да купувате козметика за бебе а и за вас
Јас сум 33+3 Само со лесно нека е , сум немала ни царски ни природен така да не знам како е што е.. Ајдее овој пат нека попушти бебче да го видиш убаво
Со лесно нека ни е на сите. Желба ми е природно да си се породам ама сега ми е страв зошто веке имам еден рез ама како каже докторот така. Прв пат влегов во 9 месец,прошли пат се породив 34+. Ке пишам после како сум прошла денес
Дали некоја од вас одела на закажан царски рез и ако одела во која недела бил? И настрана од ова, имав читано тука, но не се сеќавам точно, пример ако си 32+1 недела се рачуна дека си 33 така?
Јас бев со закажан царски 34+ недела. Иначе да, 32+1 си полна 32 недела,ја ситниш 33,кога ке си 33+ си полна 33 и почнува 34…и така натаму
Добро сум , имам денови што уште и не верувам дека до пола сме. Затоа мешко овие денови рипна повеќе да ме потсети дека се е во најдобар ред , сабајле дури се виде стомакот како се помести кога малово мрдна Пред два дена ја измерија околу 250 грама има. Серклажот убаво држи одам често на контроли и се радувам на секој нов ден Ти како си ?
Јас бев со закажан царски 36+1 , кај мене имаше индикации за порано но вообичаено покасно закажуваат.
Супер сум и јас. Наредна недела сум на конторла уствари оној втор скриниг и едвај чекам да идам. За две недели пак морам хормони за тироидна да проверувам се надевам дека ќе бидат во ред. Притисок под контрола, низок се држи. Ја почнав да го осекам веќе недела дена ама многу слаби удари, ваљда е уште мало па затоа благо го осекам ама битно тука е удира. Погорово навечер кога ќе легнам на лева страна шутира ме господа