Имам едно будалесто прашање Дали е можно да се осеќа и гледа главчето (или може газето?) на бебето во одреден дел од стомакот или си правам филмови ? Вчера при лежење едната страна од стомакот малку се испакна во топчеста форма и се стврдна. Си помислив може се наместило да 'турка' со главчето. По 4-5 минути како да се поднамали испакнатото, ама пак се познаваше, 10-15 минути (дур не станав ). 21 недела сум.
Исто сум приметила и кај мене дека е така. Дали лево или десно доле ќе се згрчи и испакне , и баш под рака се осеќа.
Вчера бев на ЦТГ и на преглед во Чаир пак. Три пати ме враќаа на ЦТГ пошто првите две не беа добри. Пулсот му беше 170 и од памет излегов искрено. Отидов у 8 сабајле, дома во 3 ипол се вратив, окапав цел ден со плачење таму..... Уште капак на тоа беше што до среда треба да донесам одлука дали сакам природен пораѓај или сакам царски и да му ја соопштам одлуката на докторот. Бидејќи и едното и другото било безбедно за бебето. И не ми е јасно еве и денес како може јас да носам одлука што сакам? Не ли е докторот тој кој треба да каже што треба да се прави? Или ова е некое модерно време кое јас не го разбирам?
Сеуште се мали 20 недела за да се почувствува вртење, па и некој јаки удари, дури тогаш почнуваат некој нежни движења, сеуште има околу бебето слободен простор, од 30 недела па натаму може да се каже дека баш се гледаат и движењата и со ножињата како бутка и со рачиња, со се.
Ме потсети на мојата прва бременост, само што во мојот случај беше друго (проблем во тоновите, како прекини имаше, т.е. ја стискало папочната врвка). Докторката исто како сега со тебе, остави на мене да одлучам како ќе се породувам. За жал бев решена природно, па бев породена со провокации за кои и ден-денес се каам. Ме зачуди што тебе ти дале таква опција на државно. Како и да е, остани што посмирена. Немој да се плашиш што и да одлучиш. Да, и јас се согласувам дека доктор треба да прецрта како треба, но тоа е што е. Најважно од се е дека се ќе помине во најдобар ред, и дека многу наскоро ќе се гушкате со бебето
Јас завршив денес со цтг и ехо супер беше се,бебе 3100грама си ужива,само пак не се покажа,никако да го видиме цело време со рачињата пред лице,ама ај за две недели во живо ке го видиме
Стравот е поголем кај мене во однос да не се искомплицира нешто што е базирано на моја лична одлука, па цел живот да го носам на совест детево. Инаку јас би сакала природно од една страна заради тоа да ги прими бебево добрите бактерии, а и јас да се прочистам и да немам после болки при секое добивање. А од друга страна пак знам дека со царски па за бебето ќе биде полесно и нема да се мачи толку многу за да излезе..... Не знам, на два ума сум уште....
Кај секого е различно. Јас сум ситна го осеќам уште од 17 недела баш клоцање (а и претходно кога се поместуваше) и ми се познава на стомакот веќе кога клоца и првото и ова сега се гледа кога ќе се испакнат со газот
Даа, и јас од тогаш ја осеќам а јас не сум баш ситна и прво бебче ми е сега веќе ме раскости 29 недела..
Има ли некој друг на bed rest моментално? 34+2 сум , бев пред два дена на контрола, и ми правеја прво ctg, покажа слаби контракции. Последнава недела имав така како менструални болки и болка како во срамната коска долу, незнам да објаснам . И не излегов еден ден од тоалет, како стомачен вирус имав.Мислев дека е нормално ,дека бебе најмногу расти сега, али ми кажаа до 36 недела само одмор, пазарење, шетање никако Цервикс затворен и должина 27мм. Пијам магнезиум 2×400мг и утрогест 100мг ставам вагинално, скоро цела бременост. Баш си мислев да не залежувам и да правам почести прошетки , сега строго мирување . Се ме боли, едвај станувам од кревет , како скапана сум
Еве јас , сега бев на лекар јас сум 32 недела на лежење од 21ва. Цервикс ми е 2цм плус фанелинг. Мене ми рекоа да лежам уште 2 недели после можам да се движам умерено. Ама да бидам искрена се опуштив последната недела и не лежам баш цело време. Грлото не мрднало више еден месец. Според мене грло не ти е кратко за неделата. Очекувано е да почне да се крати више.. ама штом имаш болки незнам, сепак може да е подобро да се припазуваш уште 2 недели , сепак докторот проценил најдобро, ама нема простор за паника мислам.. Магнезиум цитрат смееш 3х 400 и би ти препорачала но спа штом си со болки. Мене тоа ми помогна многу мислам... Јас имав болки во 24та ама среќа се смирија.
Има Од 16та сум во кревет , бев 10 дена во болница ми направија серклаж. Сега сум 19 ипол недела . Уште малку имаш ти , брзо поминува времето
Не , тоа е внатрешни отварање на грлото. Имав фанелинг и слаџ (тоа е некаква инфекција која не ја дава на брисеви а прави беља) се гледа во плодовата вода долу кај грлото како парталчиња да пливаат, тоа и го прави уствари фанелингот и го крсти грлото. Со антибиотик и соодветна терапија, и секако лежење се средува. Втора бременост истото ми се дешава..
Побарај мислење овие денови од матичен гинеколог, или некој друг гинеколог за да те посоветува. Но штом ти кажале дека и двата начини се безбедни, верувам дека нема зошто да се плашиш дали ќе се каеш за нешто во врска со бебето во иднина. Се ќе биде во ред што и да одлучиш
Царски ти е договорен или? Јас денес бев на прво цтг и преглед кај Панчевски. Рече оти сум ивф до максимум да си доседи и дека е рано да каже дали ќе сум природен или царски имало време на крај тоа