Здраво Ве молам за мислење на резултатот, што значи? 17 недела сум, со генетски мутации, примам клексани, метилирана фолна и метилиран б12 Д димерите и хемостазата се во ред, освен времињата кои се минимално скратени. Да напомена и јас и сопругот сме рх +.
Уште немам закажано царски,во понеделник сум во Систина кај докторот што ке ме пораѓа и ке закажеме најверојатно за следната недела,не верувам да се нафати на природно,постелката ми е ниско всадена.Не е страшно би можело и природно само има поголем ризик. И плус резот од првиот царски мора да го измери па ке видиме што ке се договориме.
Мислам дека нема врска дали си ИВФ или не. Ако е се како треба докторите инсистираат детето да си остане во мајката колку може повеќе за да се доразвие се како треба и да си добие на килажа. И јас сум ИВФ и ова ми е коментар од доктор. И да е во договор царски , докторот пак проценува кога е тоа најповолно да се направи. Кога ти е последен термин?
денес бев на контрола вонредна поради висок притисок и испитување мочна киселина висока во крв други параметри нормални.На ехо др виде почетни калцификати и плази на крварење, ми даде клексани од вечер да се буцам , да испитам ддимери и аптт, направено прво цтг нормално со по некоја контракција треба на контрола за 1 недела иначе сум 35 нед според мерки на бебе. Ве молам некоја што поминала низ ова да сподели искуство оти сум малку така уплашена
Женски втора бременост ми е оваа ама комплетно различна од првата. Дали кога мрдаат бебињата околу 31 недела осеќате остри, болни удари? Не памтам така до толку да ме болеше со син ми.Јас сум 30+2 моментално и денеска особено е мн активна и ептен болни ми се ударите по целиот стомак...
Јас со првата бременост немав вакво нешто ама еве со вторава имам кога стојам и ко ке удри исто ко да ме боцка доле ко струја некоја нешто,боли баш.
И мене ми е втора бременост и ме мава така баш болно. И тоа мава секаде, во ребра , во слабина, во бешика.. и претходната бременост беше доста активно бебево ама не помнам така да ме тепало дали дека ова е машко па посилно е си викам хахаха.. инаку и јас сум толку 32 недела .
Зошто ти испитуваа мочна киселина? Тоа за гихт се испитува, на тоа се сомневаат? Не се секирај, веќе си во безбедна зона.
За тоа треба доктор со став.. еве мене мојата што ми се погоди вечерта , јас отворена, цтг не добро таа неможе да се одлучи што ќе прави.. утре да видиме со началникот и на крај дојде др докторка на визита дежурна да и каже дека не е цтг добро и оваа да се реши да ме породи. Јас сакав природно фала богу.. ама мозоков свесен на све што се случува и плус ете да кажам со медицински познавања реков како одлучат така.. бебе да е здраво и мораше итен царски. Така да природно е ок само ако бебе е супер и ти си супер здравствено. Све друго да се сведе ризик на мин. се прави царски. Треба да му речеш докторе вие треба да ми кажете како сметате дека е правилно ако нема рзиик идеш природно па ако нешто застане раб секогаш царски е опцијата.
Што ќе кажете за резултативе од тироидна жлезда? Ми треба зголемување на еутирокс? Моментално пијам по 25 um секој ден. Следниот четврток имам преглед на ендокринологија.
Мене не ме боли уште. Син ми првиот беше многу активен на крај особено, ама никогаш не ме болело. Овој па 29+ како повеќе да го осеќам ама нежни движења во глобала. Знае да ми го измести стомакот и да клоцне јако ама не ме боли. Знае да ме штрекне доле некогаш во бешика, ама болка не е тоа. Јас сум малце мртов коњ за болки, се чудам кога читам мајки колку ги болат ударите .
ми бараа дополнително да испитам лдх, вк протеини ( албумини, глобулини), мочна к-на, поради притисокот читам дека и овие се испитуваат плус за прееклампсија најверојатно на тоа се сомнева др инаку протеини во урина немам
Фала ти. FT4 е под границата и тоа ме буни. Пред еден месец беше 12, и сега повторно се намалило. А и како да сум нервозна од време на време, ми доаѓа од нигде-никаде нервоза и за кратко поминува, како ништо да не било. Обично сум многу смирена...
Aj bas kazi so ke ri kazat. Mojot ft4 4 e 8. Koj mesec si bremena? Obicno labaratoriite nemaat definirani vrednosti za trudnici. Na patofiziologija imaat definitano vrednosti na trudnici: 1 trimester 7.2 do 16 p/mol L, 2 I 3 trimester 5.6 do 16
30та недела сум, трет триместар. Не ги знаев овие податоци, фала ти. За ft4 8 не ти коригираа терапија? Тсх колку ти е? Како се чувствуваш? Одиш на патофиза за тироидната? И јас сум таму, еднаш годишно имам преглед. Пред трансферот, докторката ми рече дека нема да ми треба корекција на терапија. Не ми беше јасно како знаеше однапред. Немам отидено од тогаш на патофиза. Одам на ендокринологија за шеќерот, а се консултирам и за тироидните хормони.
И мене така ми се чини. Претходниот месец ми беше 12, сега е поднамалено, но сепак не знам. Погоре Dijana пиша вредности во бременост, и според нив се чини дека не треба да се зголеми.