не може резултатите од сите лаборатории да се водат според референтните вредности на патофизиологија, секоја лабораторија си има свои референтни и според твоите, и да не си трудница фт4 ти е надвор од граница, нема логика таа доза да ти е доволна и за тебе и за бебето
исто и мене, втора бременост 34+ сум, пред некој ден толку ме маваше, почна цел стомак да ме боли, за малце ќе отидев и на дежурен, мислев готово искача бебе, за првото не се сеќавам да ме болело
@Mimmi39 и @Dijana DM дали пред да бидете бремени сте имале проблем со тироидна т.е сте примале терапија?
Има некоја со болки во колена при станување и седнување? Дали од тежината ама си боли,вака во мирување не.
Болки не, ама ми пукаат како на стар човек, ми фали движење... Денес едната нога ми е ко укочена, тапа болка во кичма и десно доле стомакот се надевам е од лошо спиење на десна страна, 32 недела сум. На преглед сум дури на 15 ти
Па почекај до следната недела, ако немаш никакви индикации и ако сакаш природно, тогаш следната недела договори си се, или прашај што ти предлага докторот...
04 август, ама сепак спомна за до крај затоа што можно било покасно да развие ембрионот не знам. Ама не ми менувас секако сакам до крај да си поседи иакоо ме отепуваат жештиниве и почнав да си викам доста ти е испаѓај
Најдоброто нешто за трудници од кога стомакот е поголем е перницата.Не можам да се замислам без неа,ми стана најдобар ноќен другар,каде јас таму и таа
Даа, кај мене цела бременосте беше така. Ако мислиш дека со царски ќе те боли секое добиено, се лажеш. Еве јас сум со царски па не ни осеќам кога добивам. Нема тоа никаква врска.
Жени мои да се јавам јас паничарката Бев до тоалет и си легнав , и од еднаш кога се мрднав како да ми истече нешто, гледам гаќите мокри. Си сменив во светол долен веш и свртев некој круг и пак малце капки доле, сменив пак и пак некоја капка измешано со утрогестанот што ми тече по цел ден . Фаќање мажот и ајде на доктор.. Јас зборев дека ми е често вешот мокар ама овој пат дека осетив дека истече.. И така луѓе мои јас сум се... измочкала Блам не блам тоа е Бев во систина , дежурен беше доктор Младен. Ме провери скроз малку вагинално се накашлував рече дека не е плодова и на ехо бебето имаше супер количина плодова вода. Ми олесна му викам ај сега давај 4Д сликички да ја видам Само од профил дека беше напикана во плацентата ама цела е на мм(ова не му го кажувам нормално) Грлото не ми го измери рече океј дека е, ќере расте одлично фала му на господ.. Ми вика докторот не си ни прва ни последна што помислила дека е водењак ама мене пак блам ме фати што знам.. 33+4 според циклус според мерки 33+2...
Цела се имам помочано, од што не успеав да додржам. Среќа пред врата и црни хеланки носев. И патиките ми беа полни. Може немаше толку да биде , ама ме фати смеа и буквално од смеење се помочав.
Ве молам некоја ако има совет. Трет ден сум болна цела затната, со главоболки- температура веќе немам. Ставам риноко и аквамарис алерџи ама бидејќи и генерално имам алергија имам зголемени отоци па при дишење ме боли внатрешно во носот. Не знам како да си помогнам цела уста нос регија ми е воспалена не се издржува. Што зимате вие во случаи на настинки за нос/грло. Да напоменам поради алергијата не смеам инхалации со пареа
Добро бе женски и 1 бременост имав и сега мн рано почнаа...веќе 2 дена имам болка од десна стр на вагината кога вечер гледам вени. Првата бременост кога се породив сами исчезнаа ама сега ептен рано 15 недела сум. Кажете чаре??