@Mimmi39 баш сподели што ќе ти кажат. Мене во трет тиместар ми варираше ФТ4 беше понизок од референтните вредности за 1/2 единици , во Биотек секогаш ги правам и бев на тројца лекари и сите истото ми го рекоа дека не е страшно и дека е нормално, и секао немаат поделено граници за трудници. Референтна вредност за ФТ4 нема дефинирно ( барем кога сум прашала никој ми нема кажано)него е според методот и границите на лабараторијата во која се прави. Но патофизиологија ги има поделено вредностите за трудници по триместар . Секако не е исто за трудница и за не трудница. Како што ТСХ е 5 нормално а за трудници се бара да биде под 2. Искрено тоа ме смири, иначе бев баш вознемирена. Првите два триместра не контролирав толку но кога и да се направеше беше ок. А третиот триместер ми осцилира.
Дали сте се соочиле до чешање на телото во последмиот месец од бременоста? Мислам дека станува неподносливо, почнува навечер и наутро кога ќе се разбудам. Прво ме чешаа само зглобовите на дланките и стапалата а сега веќе секаде и само се чешам…
Да, и во првата бременост (кога многу се исплашив, па одев по лекари, но се беше во ред), еве и сега. Кај мене почна околу средина на 5ти месец и си трае (7ми месец сум сега).
За време на бременост можеш да користиш хипертоничен раствор за испирање на носот, јас искрено сум презадоволна од Ocean bio hypertonica. За смирување на болката во грло дозволени се пастили пренален, обичен прополис или пантенол. Зголеми внес на течности и земи витамин Ц. Со лесно и со помин нека ти е..
Девојќи јас се разбудив денес со болки во грлото,дали може да се земе од аптека пастили или прополис без рецепт
Без рецепт можеш да земеш прополис без алкохол а од пастили Пантенол. Девојки кога почнавте да купувате работи за бебуш? Јас сум 24та недела уште ништо немам купено и дали некоја од поискусниве мајки има совет за почеток што ќе ми треба најмногу.
Јас некаде 31 недела купив облека за бебе и некој други ситници, а сеуште други работи немам купено, 34 недела сум. Креветче имам, ама немам душек, мебел порачано, уште нема абер да стигне за да почнам да ја средувам собата за бебе, почнува да ме фаќа паника, а сопругот мака си нема, само вика ќе средиме за два дена, не ги форсирај работите и така.
Исто и јас размислувам Ќе се купи сѐ што треба само да сме ок сите Јас сум 32нед имам само торбица една за болница спремна уште од 29 Нед негде, не дај боже да почне порано процесот на пораѓај... Со крпи голема мала, тие влошки и мед гакичќи, крем гел за бебе за мене, неколку боденца за бебе и тетра пелени, влажни марамчиња и обични, и уште нешто ќе доставам како влечки четка за заби и слично и тоа е тоа. А за предмети и повеќе алишта бебешки ќе купуваме при крајот или ќе купуваат мм со помош од другите ако треба ако нешто не можам јас Е сега само не знам ова со цуцли и шишиња и пумпи дали после породувањето мислам дека ми е попаметно да купам или да земам нешто унапред.
Јас исто имам болка во колената особено на десна нога Ама можеби кај мене е и од стара повреда па сега плус тежина многу влијае на колена
Јас почнав после вториот скрининг да купувам, прво покрупните работи како количка, креветче, па после и облека и други ситници. Од утре сум 33 и веќе скоро се ми е купено. Од следната недела планирам да почнам со средување на собата, и веќе од 34-35 со перење на работите. Кај мене има ризик за предвремено породување па сакав навремено се да си средам, а искрено не ни можев да им одолеам на бебешките работи едвај и втор скрининг го дочекав
Јас шише и цуцла купив по една само да имам, а за пумпа и јас мислам после породување да видам како ќе е се па да купувам.
Моето бебе е месец ипол па ќе ти кажам што ми беше најкористено периодов гнездо (имам дрвено креветче ама некако ми е мал за во него уште), тетра пелени, мали крпчиња за кога бљуцка (можеш и тетра да ја исечеш на четири дела ако не најдеш готови burp cloths), цуцли 3-4 ако сакаш да користиш, шишиња барем 3-4, зависи дали ќе доиш или не, јас комбинирам доење со дохрана и имам 3 шишенца во ротација, пелени јас имав 100 за првиот период, кремче за газе (јас ставам павловичева преку ден а гамарде со цинк за навечер), пешкирчиња за бањање 1-2, 2во1 шампон и купка (гамарде и мустела користам), лосион за тело (исто гамарде и мустела користам), бодиња или пижамки исцело со патент или копчиња, ама ако можеш да се откопчуваат цели, не преку глава, тие најкорисни ми беа. Кадичка, мрежа за кадичка. Мислам тоа беше отприлика пумпа и силиконски брадавици не мораш унапред, ќе видиш дали ќе ти требаат откако ќе се породиш
од вчера почнав да имам на бришење светло зелен растеглив исцедок можно ли е да ми е од антибиотикот трицеф што го пиев и го завршив пред 3 дена пробиотик мислам дека од 5 дена може ден два да се имам напиено бев избезумена поради притисокот ни на крај памет не ми текнува за пробиотик дали пиев или не. На контрола сум понеделник кај матичен а на цтг во среда
леукоцитите ми се зголемуваат уште од почеток на бременост затоа ми даде трицеф. Брисеви направив пред 2 недели чисти беа, а исцедокот нема мирзба немам ни чешање . вчера го имам 2-3 пати на бришењр па не еве исто и денес се напив пробиотик за секој случај