Исто ми беше и мене отидов и на дерматолог. Кожата пре сува ужас. Мачкај некои природни креми - јас користев путер за тело на Алверде од дм
Може се работи за сува кожа, но може и за холестаза. Треба да го кажеш ова на твојот доктор, да се направат жолчни проби. Холестазата најчесто се јавува во 3 триместар, и главен симптом е чешењето, почнува од дланките и стапалата. Ради претпазливост консултирај се со лекар. Инаку да ти е појасно, холестазата е состојба која се јавува само во бременоста, потоа се повлекува. Накратко, се јавува намалено истекување за жолчниот сок во црниот дроб.
Ние се мислевме дали од енци менци 14цм да земеме или од комодита 19цм и се решивме за комодита. Вака е добро ама ќе видиме колку ќе спие бебе во него
Дали бројте удари? Вчера цел ден го немаше, денес уште не станта од кревет ме растури. До душа уште се слаби ударите не се болни ама добро ги осекам
Не бројам, и кај мене вчера од попладне се намалија движењата и еве дури сега се размрда и мене ме размрда па пак се успа изгледа
Јас во овие 5 месеци што сум трудна 1 направив крвна слика... Сеа дури ми дадоа за 2ра крвна слика упат
Не бројам ама си запазувам хаха. Вчера беше мрзлива цел ден си се растегаше само , а денес од сабајле и мене ме разбуди.
Секој месец правам лаб од матичен гинеколог и секој месец одам на преглед, а д-димери проверив 3 пати до 34 недела.
Не бројам, но запазувам колку е активна, движења во текот на денот, особено сега во 35 недела кога постојано е активна. Пред некој ден некако слабо беше активна само мрзеливо клоцнуваше, се тегнеше, се испаничив одма, среќа следниот ден бев на преглед се си беше во ред.
Здраво девојки, денес правев пак месечна крвна анализа и ги добив следните резултати, споредбено со минатиот месец: - Леукоцити (WBC) биле 9.5, сега 10.8 а нормално 4-9 - Лимфоцити биле 19.2, сега 21.0 а нормално 25-42 - Гранулоцити биле 77, сега 75 а нормално 50-70 - Еритроцити биле 3.64, сега 3.55 а нормално 4.2 - 5.5 - Хемоглобин бил 11.8, сега 11.5 а нормално 12-16 - MHCH се 362, а нормално 300-350 - Железото било 20, сега 21.7 а нормално 10-29 - Глукоза била 4.5, сега 4.0, а нормално 3.5-6.5 - Урина PH била 5, сега 5 без инфекции TORCH исто правев, се е ОК. Брисеви ми земаа претходната недела, чекам резултати. 15 недела сум. Дали ова се нормални резултати? Не примам ништо освен пренатални и mg. Повремено имам бело-прозирен слуз, но без мирис, болки.. Благодарам
Денес правев крвна слика не ми е многу ниско меѓутоа ме збуна прашањето од општата матична Дали крварам? Се слушнав со неа чисто дс видам што ќе кажи... Матичниот гинеколог сеуште ми нема јавено дали да препиши нешто.. А специјалистот вели топ сум незнам кој да го верувам... А и ова со прашањето дали крварам (скраја било уште тоа фали стигнав до 21недела... Помош некоја членка!!
Епа најверојатно ради слаб хемоглобин ама многу глупаво прашање поставила само по себе да те извади од памет... види ги и моите резултати погоре, мене и некои други работи ми се покачени/намалени. До сега не пиеше никаква терапија за хемоглобинот? Јас сум 15та недела, и сега после денешнава крвна слика и резултати ми рече да пијам по едно на ден Sideral Folic, плус да си продолжам со пренатални Novalac и Mg.
Мене цела бременост ХГБ ми е од 11.1 до 11.7 варира амс железото под 16 не е спуштено и ниту еден доктор ми немс речено да примам било што за железо. Леукоцити исто е нормално да бидат благо покачени не прават проблем. И на двете крвните слики за во бременост ви се нормални и немате простор за паника ви кажувам споредбено со моите крвни слики до сега во бременоста