Јас од што сум отечена во лице, добив коментар главата тие поголема од стомакот . Кај го носиш во стомак или во глава , цел ден си пукнав од мака од тој коментар
Лелеле посебно место во пеколот за луѓе што им коментираат такви глупости на трудници! А најчесто се од искомплексирани жени што не се задоволни од себе и го проектираат тоа на други. Јас од една ептен overweight жена на неколку пати добив коментар при крајот ептен си се збуцкала, ќе биде за брзо. Жено трудна сум не сум збуцкана. Исто од една друга кога кажав дека сум трудна - ееее значи ќе се здебелиш сега. Wtf луѓево дури и криво и беше кога виде дека десет дена од породување сум вратена на старо. Ич не ги слушај, нема поубава жена од жена што носи живот во себе
Здраво која е нормалната вредност за PLGF во прв триместар со кое се детектира прееклампсија ? Кај мене резултатот е 36.36 во ранг од 28 до 860. Матичната ми е на одмор па сега немам со кого да се консултирам
Игнорирај и не дозволувај коментари да ти влијаат на расположение. Јас ситно бројам до пораѓај, имам гестациски и многу строго се придржував со исхраната и не се поправив многу, имам само меше со бебе, па често добивам коментари од типот многу ти е мало мешето, колку е тешко бебето, сигурно помало ќе се роди, ич не си поправена, како да не си трудна, но не чувствувам потреба никому да објаснувам ни да се правдам и се трудам да не ми променат расположение коментарите, битно ми е и јас и бебето да сме добро, не коментарите на околината.
Што е потрагично маж во години што е, ми даде таков комплимент. Тука работи каде што сум сместена, прво ми викаше леле колкава си две да не носиш , денес ова . А јас напната утре сум на контрола, мислам дали е се во ред, не сум ја осетила скоро цел ден беба и тоа капак.
Луѓето значи како може бе да немаат осет Што е со коментарите Бог да чува Батали го стави го на игнор и толку Нормално дека во бременост ќе се појави и оток и сѐ Некој повеќе некој помалку дебелеење и тоа е
Значи дојде време за зголемување доза. Само уште паметен распоред на пиење да направам затоа што и вака ми е напорно и заборавам... магнезиум и калциум не се мешале во рок од два часа, а јас редовно нешто млечно внесувам... Ќе земам и од гелот за масирање, и плус дозата ќе ја зголемам па сигурно ќе помине Фала ти
Аууу па од маж па такви коментари, каква амеба бескорисна. Пивни си кока кола, раздвижи се малце и ич не го мисли коментарот, мада знам дека е невозможно
За газе Павловичева крема, оригиналната. Никогаш не и се појави црвенило на ќерка ми. Од козметика, што и да купиш, нема да згрешиш. Ти препорачувам Мустела.
Има и мажи што се изживуваат ете така со некои коментари, мислат егото си го дигаат, а всушност се дното. Самото тоа покажува кој каков човек е. @bokace1 , се гледа дека се труди да те провоцира, дека е искомплексирана будала. Ептен треба да паднеш на негово ниво, инаку би го прашала како му изгледала него жената кога била бремена (сто посто немал па од таму доаѓа ваквото однесување), но не вреди. Само не си ставај при срце, ти си таму за твојата најголема љубов да биде добро и си најдобрата и најубавата мајка <3
Мене па оваа бременост такви спротивни коментари ми даваат луѓе, 7ми месец сум, некој вика ајде изгледаш како за 9ти, пред некој ден ме прашаа дали сум била 3-4 месец? Некој вика таман си само меше на тебе од позади да те види човек нема да рече дека си трудна, мм дома ми вика цела сум била зголемена. Гинекологот минатиот пат вика машала како тапанче си, овој преглед вика ништо немаш само меше на тебе одма ќе се вратиш во нормала. И најди им нзс . Јас не се лутам на коментарите, само смешни ми се, колку секој има различна перцепција..
Девојки со што го смирувате бебето , ме уби од синоќе наваму, клоца многу ниско долу постојано, 21 недела сум, па и боли. Денес скрининг правев дали многу му дојде гледање, мислам бешиката ми ја разнесе
Веројатно се вртело или којзнае што прави. Денес на работа во еден момент почнав да осеќам остри болки и притисок ниско, стомакот ми се стврдна долу и никако 2 часа не ми се намалуваше притисокот. Испаничив и одма на гинеколог за да ми кажат дека господинот е под папок и таму си плива во базенот негов. Во првата бременост бебето ме удираше ама не се размрдуваше нешто, ова ко сврдел сега е горе после е доле, буквално ме мрднува и болки и се уште на пола бременост. Ме маваат паники како до крај со вакво бебе Друго што ме плашат дека ќе го родам поголемо, а првото го родив 4590 природно, па не знаете каков стрес ми е тоа.
Јас откако влегов во 9 кај ципата осеќам болка кога движам, абе кога ќе ме штрекни некогаш како струја да ми врви и ми се укочва ципата. Турка со главата долу изгледа не му се седи поќе
Девојки цервикс 1.8, 35+4 баш се скратил за една недела, минатата ми го измени 3цм некако деновиве осеќам болки и поради тоа и ми измери коа вика се скратил бајаги, да лежам овие 2 недели ми рече др. И друго ништо посебно. Се надевам ќе издржиме бар уште малце, рано и е за излегување а сеа па и паника ме фати ништо не сум спремна, ни испрано ни пеглано кој хаос сум оваа бременост страшна работа.
За лице хидратантната, https://www.zegin.com.mk/mk/uriage-bebe-1st-khidratantna-krema-40-ml Во меѓувреме земав за лице и биодерма емулзијата зошто и се појавија бебешки акни за газе, за пеленска регија ова https://www.zegin.com.mk/mk/uriage-bebe-1st-zashtiten-krem-za-pelenska-regija-100-ml