И мене така ми беше, на сред улица застанував кога ќе ме штрекнеше. После ми кажа докторката дека притиска со главчето, ај уште малце ќе издржиш.
Здраво девојки. Денес бев на контрола + прво ЦТГ. На 27.06 влегов во 9ти. Докторката провери и рече дека сум отворена 3 прста. Рече контрола за 2 дена. Инаку второ бебче ми е,со првото регулар си пукна водењак,па добив болки и многу лесно и брзо се породив. Исплашена сум и не знам дали да се движам повеќе или да лежам...колку време може да трае ова вака, една недела?? Пишува во извештајот,зрелост на матката втор степен. Истото го пишуваше и пред 2 недели..
А демек можи да си отворена а да не се сеќава Ме замисливте оти деновиве имам долу некое чудно чувство. Пред една недела бев на контрола немав абер, ме прегледа и вагинално, постелка не е целосно зрела, и цервикс 43 мм Ама деновиве кога движам осеќам како да ќе ми падни по пат Задутре сум на контрола кај матичен и тек дури на 23 на цтг ме закажаа во Плодност, таму после 38 недела правеле цтг, освен ако нема некои индикации за порано нормално.
Уф, дури да дојди денот ќе се скренам јас. Јас на 23 ќе се закажам за царски. Според сите фактори земени досега добив две препораки од двајца доктори да одам со закажан. Со терапија сум цела бременост ради тромбофилијата, иако резултатите цело време се уредни од д димери и хемостаза. Бебе е поголемко, посебно главче, јас сум ситна, башка гледам во извештајот сакрилизиран дел кај карлицата, појма немав шо значи ова се дури не го прашав сега другар ми чат џпт Два пати се испуштав рани недели, дакам да ги исклучам сите ризици.
Јас сум 20та недела и стварно се плашам за природно повеќе сум за царски... До сега велат се е ок им верувам гледам да не се стресирам штом немам мака значи е ок... И јас примам терапија Фраксипирин.. И навистина се паничам за природно сакам царски знам потешко ама барем нема болка да трпам, провокации итн.. А некоја членка да објасни како оди со закажан царски (мислам на процедурата) ... И имам страв од она ставање на игла назад во кичма... Не се плашам од игли напротив крводарител сум и сама се боцкам се ама тоа во грб инекција некако ми е страшно... И да прашам некоја членка дали знае кај нас низ аптекиве дали има алкохолни марамчиња... И нешто како гел(облога, газс било што ) за ставање после боцкање кај пржи кај се прават како грутки кај модринки не боли ама убива додека да се најде нареден ден место за боцкање. А пак после ден два чеша леле мајко...
Дали некоја чувствува болка од десна страна под гради, баш кај ребра? Болеше само навечер ама сега почна и преку ден, тапа болка е, најчесто при одење или стоење? Бев на ургентен, не е жолчка рече докторот ама болката е уште присутна, ја издржувам ама не е воопшто пријатна.
Да, бебе е тоа Мене под левата града ми беше, 8 месец таа болка ја имав, тогаш со главата беше таму в ребра напикано и кога ќе се тегне најверојатно тогаш болката е најинтензивна.
Мене најискрено ич не ме болеше спиналната, дали од што бев возбудена не ја осетив нешто посебно не знам. Ни боцкањето не ме болеше ниту после тоа, немав ни модринка ни ништо, еве скоро 2 месеци се пројдени. Кај мене пробавме со провокации, не се отварав и се договоривме за царски, прелесно пројдов, десет да имам така би ги раѓала и после опоравувањето беше доста полесно од што очекував а и доста брзо
Дури те читам ме иди да си ја спакувам торбата и сега да заминам да раѓам Пишувајте вака почесто позитивни коментари не сте свесни колку делуваат на психа
Јас бев упорна за природен пораѓај … иако докторката цел ден ме убедуваше дека имам тесна карлица и нема да може бебето да помине надоле. 9саати ми траеше пороѓајот од пукнат водењак до бебе, ама успеав вагинално. Цимерката во соба со мене беше царски … предтрашни ми се видоа нејзините болки прватс ноќ цело време влагаа доктори сестри плачеше ставаа за смирување инфузија … вториот ден исто со болки цел … тек од третиот некако почна да се придвижува повеќе ама раната ептен ја болеше и бараше за смирување апчиња константно од тоа што го видов јас не би одбрала царски по волја… секако по индикација што се мора, се мора.
Леле греотка еј (( стварно секој организам е различен значи. @Cvetce_ јас само од опоравувањето се плашев, викам да не не можам од кревет да станам ама стварно лесно пројдов фала богу, и резот ми е премал, ставам трака за лузни ама нема ни потреба, баш е дискретен некако многу значи и докторот што ќе те пораѓа, мене ептен ме смири мојот и си отидов лабава, некако и се исплашив од природно во последните моменти и ми олесна што се договоривме за царски кај ќе се пораѓаш ти? Ова што викаш за пржење од боцнато така ме болеше од клексаните што ми ги боцкаа после породување додека да ме пуштат дома, од се тие ми беа најболни
Плодност, се враќа докторот од одмор и ќе видиме што ќе биди, тој ми нема спомнато ништо за царски ама ќе видиме.
Девојки, каде да се најде за излегување од болница по кратки за новороденче, да не е само едноставно, обично. Сите што го гледам за новороденчиња како за излегување од болница се на долги шпикозни или комплети.