Јас првиот царски со целосна анестезија бев. Сега со спинална ке сум. Мене само од спиналната ми е страв А каква трака ставаш на резот?
Јас од ваикики му земав ромперче со бандана за излегување од болница,пекол ке биде може и по пелена само да ги извадиме
Силиконска трака за лузни, од амазон ја нарачав ми ја донесоа. Како silicone scar sheets побарај ги, има различни, еве линк од мојата: https://www.amazon.nl/Silicone-Trea...prefix=silicone+sca,aps,102&sr=8-6&th=1&psc=1
Ај фил ју Предходно имав искуство само со целосна анестезија за операции а царскиот ми беше со спинална. Многу бев исплашена искрено и од страв и стегната. Неколку пати пробуваа да ме боцнат на крај си реков Кала прибери се, мора да помине ова и почнав да дишам длабоко и да издишувам и ме боцнаа некако. Совет од мене знам дека е страшно и дека што и да ти кажеме ќе ти биде страв ама пробај мисли на бебче и опуштено така побрзо ќе те боцнат и ќе заврши тој дел.
Дали ми треба шише за бебето да купам сега? Дај боже да имам да ја дојам ама ете ако немам да не мислам тогаш да трчам да купувам. Од кои шишенца сте задоволни или кои сте ги купиле вие? Ги гледам овие на авент ама луѓе јас ич не се разбирам за мене шише е шише а тука по сто спецификации не знам што како треба... Btw ChatGPT ми е најдобар другар деновиве само ме теши само нешто замарам..
Медела, најдобри. Особено ако се посветиш на доење и си упорна за доење, бидејќи имаат специјална цуцла која наликува/симулира брадавица. Користев 2 вакви шишенца за ќерка ми додека да научи да цица. Презадоволна сум. Ќе ги користам сега и за бебево, ако има потреба. Секако, имав и Авент, Nuk, и уште 2-3 други со гумени цуцли, и за среќа, не ги прифати. По 40 тина дена се префрливме на ексклузивно доење.
Кое од медела? Calma или обично? Во болница му даваа со обично од медела и купив и за дома ама многу силен проток има некако, иако пишува дека е слаб, пребрзо го пиеше моево и обавезно бљуцкаше, кога сменив на авент со проток двојка супер му е. @Peperutce6
Ааа епа може, јас од обичното кога му давав никако не сакаше да цица, ни со силиконска. Откако пие со авент редовно цица, со силиконска додуша ама реално и јас не се трудам нешто посебно да му ја тргнам
Авент со единица проток, послабо тече сма имитира дојка и супер е за новороденчиња што цицаат да не се збунат
Нема, дека сеа редовно сме по аптекиве и не ни текнуваше од каде сме ги земале мм у сите бараше Зегин Еурофарм Анифарм, друга една тука кај нас... се чудеа и на крај у Систина кога бев на преглед викам прашај у аптеката уште тука и од таму ни биле За овие збориме така? Да не не се разбравме