Трудничките сонови се најјако нешто дефинитивно. Луѓе сонувам дека сум со мм во некоја огромна продавница каде што е се преубаво.. Мене се што ќе пробам ми стои многу убаво а мм ми вика се да си купиш .. И ја така се си пробував и се си ставав во корпа и на крај се купив But it was just a dream.... Инаку сабајле пред 6 го сонував со некоја друга и така му бев лута ама сега сонов ме смири што убаво уф.. Му изнапишав викам јас сум трудна мене сонот не ме лаже а тој кутриот на терен со Арм којзнае кога ќе види се што сум пишала јас.. И така јас си ги исплакнав очите во издание кога бев згодна слабо стомаче , првиот не го коментирам го заборавив
И јас редовно си сонувам цели филмови и глупости што на јаве не би ми дошле ни на крај памет,ова само во бременост го има
Мислам декс ме изневерува неколку пати го имам сонувано и цело време лута се будам, ама врв над врвовите ми беше кога го сонував декс ме изневерувс со машко и дека станал педер...
Хахаха лелеее, најјако е што во бременост толку се реални соновите што се будам збунета, како што вика @Peperutce6 не му ни зборам на мм хахаха ни крив ни дужен сирот појма нема што згрешил а јас лута на него Негоо бебево мислам сака да пробие стомак со нога, 33 недела нормално е? Подоле е сместено изгледа па мава на бешика цервикс подрипнувам дури
Буквално , си знае веќе сам кога ќе ме види лута сабајле штом отворам очи.. Иначе да , и те како е нормално , мене стомаков ми се превртува цел понекогаш Веќе се големки посилни Како планина ми се прави стомаков кога ќе се намести бебка така понекогаш , брат ми воодушевен кога ќе мрдне само трча со рачето на стомак
Само јас лоша се сонувам изгледа Се сонував вчера дека јас сум изневерила и тоа со гинекологот кај што сум одела на преглед во бременоста (а што е најјако не ми е тој доктор, ниту сум била некогаш кај него на преглед, ниту го имам видено во живо, ниту па ми е симпатичен па да речам од таму дошле грешните мисли ). Среќа мм не држи многу лутина ама рече ќе почне да доаѓа на секој преглед со мене
Синоќа мене ми го правеше мојава истото. Па сум земала и зборувам, мислиш ме разбира И кажувам, еј, со колено, пета и со лакт не се трие по стомакот, боли Маж ми ме гледа и се смее, викам смеј се, лесно ти е тебе. Дали само мене ми е морничаво кога ќе го направи тоа? Стомакот ми скока како што кажа и Пеперутче, те ваму, те таму ми мрда како бранови, планини, ама кога ќе ме протрие со нешто малечко (пета, лакт, колено што и да е) многу ми е морничаво целата се стегам
Мојата е уште со главче доле (ваљда) барем беше пред една недела . И горе кај реброто буквално осеќам како ноџе не знам дали се трипам или навистина е . Ама баш такво слабичко и како ноџе во движење. Можно е стварно да е тоа. И исто ми се испакнува на еден дел , ја боцкам и се враќа на место Луѓе јас ја научив да ја нишам уште не родена од пуста мака кога ми се спие , се буни ако лежам на страна и ќе се понишам два три пати престанува хахах. Мм ми вика не си нормална ама мене ми делува или само така и е тајмингот на движење.
Мака мачам со нискиов крвен притисок, ми се спојува, ми се слошува... Не знам више кој крај да го фатам.. Многу се плашам да не ми се случи нешто... Со мене ( бебето се е во ред фала богу ).... Бев на кардиолог мислев до срцето да не е нешто, фала богу добро е тоа ама пак нешто ме мачи....