И мене исто мама, 80со 40 повеќето од времето,кога станам ми се врти.. од топлото уште толку полошо ми е , одвај функционирам. Чаре незнам само да се пожалам.. Пијам кока кола ама после киселини ме кинат
исто, не знам више шо да правам само изгледа можеме да се жалиме мене уште 4 месеци ми останаа Се надевам ќе издржиме.... Ми е страв без мајка да не го оставам другово, ако отидам да ме прегледуваат во болница па бетер паника ме фаќа
Женски како сте со апетитот во 9 месец? Јас неможам да прекинам да јадам значи незнам што ке беше ова,јадам и пак на секој саат гладна,мислиш не сум јадела цел ден,па ако не каснам ништо ми се лоши,бог да чува
Мене ми е на најјако вклучен апетитот, цело време нешто ми се јаде,се сум си гестациски и мора да внимавам. Тешко ми иде баш сега пред крај
И јас имам низок притисок ама ја не го приметувам толку пошто цел живот ми е низок. Еве моментално ми е 83 со 54. Маж ми некогаш знае да се нашали да ме погледе онака со ококорени очи да ми каже "ти жива си?" Касни си солено нешто или напи се солена вода, кока кола, кафе. Некогаш ни солено ни кока кола ни кафе помага ама тоа е ќе истрпиме уште малку. Само да не се качи во висок, друго ќе прегураме
Затоа обавезно си носам во ташна нешто благо и вода. Среќа ја не идам на работа па по цел ден, кога е најтопло, сум дома по клима и некако се издржува. Излагање само после 7 вечер.
и ја исто по дома сум под клима и сеа маж ми ми досаѓа за одмор ме фаќа сафра што ќе биде како ќе биде дали да идам или не... Што ако ми се слоши таму во друга држава....
Неее немој така да размислуваш. Ако идеш на одмор опушти се и уживај си. Знам лесно е да се каже ама повторувај си нема ништо да се случи и ќе биде се добро.
@Puffy2019 Исто, веруј се изместувам цела кога ќе пројде со рака, пета, нога... Може да си правиме да пукне, како се гледа А анксиозна да не си? Па те фаќаат паники? Опушти се, уживај си во бременоста ќе помине додека трепнеш. Ако се плашиш да патуваш и да одиш на одмор на жешково, не оди. Не прави ништо со сила ради други, гледај си тебе да ти е ок.А ако ти се оди, оди. Ќе си внимаваш да не си на сонце мн. Јас како тебе, паника за се.Ама не е убаво, ни за нас ни за бебето
Ме фаќа паника само од лекари и болници друго не... Кога ќе ми се слоши сакам дома да сум да се оправам побргу, со кока кола до сеа ми поминувало ама ако ми се слоши еднаш цел ден ми е тмурен... Сакам да идам на одмор мислам дека ќе ми годи ради опуштање од стрес ама од друга страна ми е страв заради слошување...
Никако . Да може уста да не отварам најубаво. На сила јадам се. Овошје може само, друго на сила бутам. За две недели сум 9ти месец.
Леле немој да мислиш така.. јас сум више 8ми месец ама цела бременост ми е низок.. одмарај повише.. ќе издржиме некако...
Мене притисокот не ми се качува повеќе од 90/60 а најчесто ми е 85/58 така нешто Времето сега попладне уште повеќе ми влијае Матно ми е некако во глава и не можам да се фокусирам на ништо
Да, како пијана кокошка од сабалје до вечер се осеќам, живеам али не живеам хаха. жими ако дувне навечер тогаш поседувам надвор малку да подишам кислород зошто цел ден се борам за него И под клима да си цел ден пак нема воздух само ладно ти е плус
До денов е ваљда , мене цел ден ме боли глава не можам да се присоберам како цела тежина во главата да ми е . Мене притисокот океј ми е ама главата ќе ми пукне . Аналгин мислам не смеам така да ќе мора парацетамол да ми купи некој не се издржува веќе.. Знаев дека моите методи функционираат
Јас функционирам со 60 со 90 цел живот ама сега многу нагло ми паѓа од нигде никаде не можам да се контролирам. Кога сум дома заспивам толку цврсто што не ме буди ништо. Почнав да јадам чипс и која кола и за сега ми делува. Здраво не здраво тоа е не знам како поинаку да си помогнам. Посебно кога сум на работа ми иде на земја да си легнам кога ќе ми падне нагло.